Работилница за млади: „ЕСТЕТИКА НА ФИЛМСКИОТ ЈАЗИК“ 14. ФФФ

И оваа година, во рамките на 14. Филозофски филмски фестивал, се одржа Работилницата за млади во Скопје со д-р Атанас Чупоски. Работилницата е наменета за младите на возраст од 17 до 19 години заинтересирани за естетиката на филмскиот јазик. 

Цел на работилницата е запознавање на младите филмофили со основите на филмскиот јазик и начините на интерпретација на филмската приказна. Како и другите уметности, и филмската уметност поседува специфичен јазик, но и специфични интерпретативни алатки со чијашто помош може да се толкува филмската приказна. 

Работилницата се одржа на 18-ти и 19-ти мај, а на неа учествуваа средношколци и студенти кои имаа можност да разговараат за филмската естетика, да напишат есеј за филм и да стекнат нови знаења за теоријата на филмот и филмскиот јазик.

 

18.5 (сабота) 12:00-15:00 Кинотекa
Средба со филмска приказна

 

19.5 (недела) 12:00-14:00 Кинотека
Читање на филмска приказна: критички есеи

 

Related Post