Кантовата недруштвена друштвеност (ungesellige Geselligkeit)
ПП: Предавање 14. ФФФ
10.6 понеделник 12:00, Филозофски факултет (Слушална 8)
Кантовата недруштвена друштвеност (ungesellige Geselligkeit)
д-р Иван Миленковиќ
Кант спаѓа во групата на антрополошки песимисти: за него луѓето се себични, саможиви, љубоморни суштества коишто копнеат по сопственост и по господар. Затоа, по природа, постои антагонизам меѓу луѓето. Секој сака да има најмногу, секој сака да биде господар. Во исто време, луѓето сфаќаат дека не можат да преживеат сами, па затоа е неопходно да се обединат, односно да се откажат од екстремната себичност. Сепак, антагонизмот сè уште постои и се заканува да го уништи општеството. Кант го поставува прашањето: Како е можно да се формира заедница која ќе опстане и покрај постојаните конфликти? Како да се формира заедница и покрај отпорот што луѓето го негуваат против заедницата?
Кант овие две меѓусебно спротивставени аспирации ги нарекува недруштвена друштвеност (ungesellige Geselligkeit). Таа претставува средство со кое природата се користи за да се реализираат човечките потенцијали. Кант пишува: „Да ѝ бидеме благодарни на природата за нетрпеливоста, за натпреварувачката суета, за ненаситната желба за поседување, дури и за доминацијата! Без нив, сите одлични природни потенцијали (таленти) во човештвото засекогаш би останале неразвиени и заспани“. Без тие, вели Кант, „не многу љубезни особини од кои произлегува отпорот на кој секој човек мора да наиде поради своите себични желби, во идиличниот пасторален живот, во совршена хармонија, задоволство и заемна љубов, сите таленти би останале вечно скриени во нивните зачетоци; безопасни како овците кои пасат, тешко дека луѓето би стекнале поголема вредност за својот живот од тие нивни домашни животни“.
Еден начин општеството да опстане е преку господар кој би ја обединил заедницата под услов на неслобода. Друг начин е преку републиката.
во соработка со: