ФФФ@МСУ: Годар: човекот-филм
ФФФ Doc. : Годар: човекот-филм (Godard Cinema / Godard seul le cinéma, 2022)
реж. Сирил Лоти/Cyril Lаuthy (FR), 101’
📆19.5. (петок) / 20:00 / МСУ
🎟️ Бесплатна проекција
*Соработка со Музеј на современата уметност Скопје
Жан Лик Годар е човек-филм. Тој е квинтесенцијата на филмот со повеќе од 140 снимени филмови во текот на 60 години. Од каде доаѓа неговата аура? Се разбира, од легендарните филмови, но и од самиот Годар. Тој е јавна личност, но истовремено и човек опкружен со мистерија. Тој е сè, неговата спротивност, и ги има поминато сите можни патишта.
Не е лесно да се фати такво свето, загадочно чудовиште. Маршрутата на Годар следи само една насока: постојано обновување на својата уметност. Креативниот чин го гледа како неопходен чин на критика и деконструкција. Годар во една прилика ќе рече: „Секогаш поаѓам од негативното. Јас сум позитивен човек кој тргнува од негативното.“ Уметник кој неуморно се преосмислува и кој неизбежно се уништува.
Овој видео портрет нè носи подалеку од клишеата на митот којшто некогаш станува и карикатура, за да сретнеме човек посентиментален отколку што изгледа, човек опседнат, а понекогаш и надминат од својатауметност. Бидејќи, да, Годар е човек. Не само машина која размислува и создава слики. Тој е месо, крв, емоции.
Истражувајќи ја вербата на Годар во филмската уметност, режисерот на овој документарен филм ќе рече: „Она што најмногу привлекува и мотивира кај Годар е тоа што тој допушта сè: ги ослободува режисерите да бидат смели, да експериментираат, да ги предизвикуваат навиките“.
„Годар: човекот-филм“ беше премиерно прикажан во програмата Филмски класици (Venice Classics) на Венецискиот филмски фестивал во 2022 година.