2010/11

2010/11

Почетоците на Фестивалот во 2010 година беа како мала студентска инцијатива на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје  каде група студенти се среќаваше секој четврток во времетраење од една година во библиотеката за филозофија и заеднички се гледаа филмови на филмските великани Тарковски, Бергман или Куросава, филмови со филозофски релевантна содржина, документарни филмови на различни теми од филозофијата, а се одржа и ноќ на кратки филмови. Овој едногодишен филмски маратон заврши со незаборавното предавање…

Read More

2011/12

2011/12

На крајот на 2011 год. се случи второто, овој пат видоизменето издание на Фестивалот, односно три или четири фестивалски вечер, заокружени со предавањето на м-р Данијела Петрушева-Андова од областа на индиската филозофија. Програмата на ова издание броеше три настани: (Untitled) на Jonathan Parker и Manfred Baumann и дискусија на тема “Што е постмодерна уметност?” „Љубов – филозофија на животот“ – предавање на м-р Данијела Петрушева-Андонова The Soul of Flies на Jonathan Cenzual Burley заедно со краткометражниот филм…

Read More

2013

2013

Третото издание на Фестивалот во пролетта 2013 година се случи по едногодишна пауза поради која симболично беше именувано: The Return Of The Owl. Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје стана епицентар на креативната и критичка мисла инспирирана од теми за биоетиката, дистинкцијата сон/јаве, филозофијата за деца, и егзистенцијализмот и феминизмот – свечено предавање одржано од Раководителот на Институтот за филозофија проф. д-р Иван Џепароски по прикажувањето на филмот Les Amants du Flore за животот и делото на Симон де Бовоар и Жан-Пол…

Read More

2014

2014

Четвртото издание на Фестивалот насловено Букет мисли (2014) беше ориентирано кон филозофијата на филмот обработувајќи дела на филмски великани како Тарковски, Ханеке и Линч, овој пат подготвено од страна на младите филозофи и пасионирани љубители на филмот, сите сегашни или поранешни студенти на Институтот за филозофија. Програмата се состоеше од три настани кои се одржаа на 25-ти и 26-ти април 2014 година на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје: Предавање на Перица Јовчевски „Тарковски како повод – кон една херменевтика…

Read More

2015

2015

ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА   Отворање на ФИЛОЗОФСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ 1. МИРНО ЛЕТО  (A Quiet Summer) Кинотека на Македонија, 2. април  2015 (четврток), 19:00.   игран филм, СФР Југославија, 1961, 99 мин., црно-бел, 35 мм. режија: Димитрие Османли сценарио: Фрида Филиповиќ улоги: Љупка Џундева, Слободан Перовиќ Познат како првата македонска филмска комедија, филмот Мирно лето се вбројува во еден од класиците на македонската кинематографија. Преку една доста едноставна приказна публиката се запознава не само со ликовите на филмот, туку и со…

Read More

2016

2016

Главна програма 07-09.04.2016 Кинотека на Македонија ЕДЕН МАЖ И ЕДНА ЖЕНА (Un homme et une femme) Свечено отворање на Фестивалот 7 април (четврток) 19:00 ч. – Кинотека на Македонија   Игран филм, Франција 1966 г., 102 мин., колор, Blu-Ray Режија: Клод Лелуш (Claude Lelouch) Сценарио: Клод Лелуш, Пјер Утерховен (Claude Lelouch, Pierre Uytterhoeven) Улоги: Анук Еме, Жан-Луј Трентињан, Пјер Бару (Anouk Aimée, Jean-Louis Trintignant, Pierre Barouh) „Еден маж и една жена“ е француски романтичен филм од 1966…

Read More

2017

2017

Ретроспектива на 7. Филозофски Филмски Фестивал може да се најде тука. Дизајн на постер: Елена и Мартин Ковачки

Read More