2014
Четвртото издание на Фестивалот насловено Букет мисли (2014) беше ориентирано кон филозофијата на филмот обработувајќи дела на филмски великани како Тарковски, Ханеке и Линч, овој пат подготвено од страна на младите филозофи и пасионирани љубители на филмот, сите сегашни или поранешни студенти на Институтот за филозофија. Програмата се состоеше од три настани кои се одржаа на 25-ти и 26-ти април 2014 година на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје:
- Предавање на Перица Јовчевски „Тарковски како повод – кон една херменевтика на огледувањето“
-
Проекција на филмот Benny’s Video на Михаел Ханеке и модерирана дискусија на тема
„Михаел Ханеке – стрепење и тишина“ со Мариглен Демири -
Проекција на филмот Lost Highway на David Lynch и модерирана дискусија на тема
„Lynch’s Lost Highway и градењето симулакрум“ со Стефан Палитов
Дизајн на постер: Викторија Бачварова
Comments are closed.