Доделени наградите на 14. ФФФ: Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на иранскиот режисерски двоец Али Асгари и Алиреза Катами

Доделени наградите на 14. ФФФ: Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на иранскиот режисерски двоец Али Асгари и Алиреза Катами

На синоќешното Затворање на 14. Филозофски филмски фестивал беа прогласени добитниците на наградите „Зладен був“ за најдобар долгометражен и краткометражен филм според жири-комисијата, специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ за краткометражен филм и плакетите „Златен був“ за најдобар долгометражен и краткометражен филм според гласовите на публиката. Жири комисијата на 14. Филозофски филмски фестивал беше во состав на проф. д-р Славица Србиновска, професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“; филозофот…

Read More

Статуетката „Златен був“ за јапонскиот филм „План 75“ на Чие Хајакава

Статуетката „Златен був“ за јапонскиот филм „План 75“ на Чие Хајакава

Во овие изминати осум дена, Кинотеката беше свртилиште на вистинските филмољупци, а фестивалот зад себе остави возбудлива енергија и поттик за филозофско естетички размислувања, и нови филмски соништа. Со соопштување на наградите од интернационалното жири и последната проекција од програмата, синоќа во Кинотеката на С. Македонија, во одлична атмосфера, беше затворен годинешниот Филозофски филмски фестивал. Сцена од наградениот „План 75“ Јапонскиот филм „План 75“ (2022) во режија на Чие Хајакава ја доби наградата „Златен був“…

Read More

Режисерот и сценаристот на „Сè за луѓето“ во Скопје

Режисерот и сценаристот на „Сè за луѓето“ во Скопје

Во понеделникот (5-ти јуни 2017) се одржа Специјалната проекција на двојниот победник на 7. Филозофски Филмски Фестивал, германско-грузиската копродукција Сè за луѓето  (All About People) на режисерот Гиорги Абашишвили. На проекцијата во Скопје беа присутни режисерот и сценаристот на филмот, Гиорги Абашишвили (Giorgi Abashishvili) и Миријам Штен (Miriam Steen) кои допатуваа од Германија специјално за настанот. Гостите имаа шанса да го посетат Скопје, се запознаа со вработените во Кинотеката на Македонија и добија подароци од…

Read More

Специјална проекција на „Сè за луѓето“

Специјална проекција на „Сè за луѓето“

Специјална проекција на Најдобриот долгометражен филм на ФФФ 2017 СЀ ЗА ЛУЃЕТО (ALL ABOUT PEOPLE) на грузискиот режисер Гиорги Абашишвили (Giorgi Abashishvili). Оваа грузиско-германска копродукција ги освои срцата и на публиката и на жирито на 7. Филозофски Филмски Фестивал и режисерот Абашишвили и сценаристката Миријам Штен (Miriam Steen) ќе бидат наши гости во Скопје на 5 јуни (понеделник) во Кинотеката на Македонија со почеток од 20.00 чaсот. Настанот е поддржан од програмата Цивика мобилитас, Германската амбасада…

Read More

Свечено затворање на Фестивалот / Official Closing of the Festival

Свечено затворање на Фестивалот / Official Closing of the Festival

Годинешното затворање на Филозофскиот Филмски Фестивал се одржа на 7-ми април (петок) и оваа година со воведувањето на компетитивната програма на Фестивалот, преку Селекцијата на долгометражни филмови и Селекцијата на краткометражни филмови, го вклучи и свеченото доделување на наградите. Вечерта започна со обраќањето на директорката на Фестивалот Ана Дишлиеска-Митова којашто се заблагодари на сите соработници, спонзори и медиумски покровители коишто помогнаа во реализацијата на 7. Филозофски Филмски Фестивал, и особено на Агенцијата за филм на…

Read More

Наградените филмови на ФФФ 2017 објавени!

Наградените филмови на ФФФ 2017 објавени!

Наградите за Најдобар долгометражен и Најдобар краткометражен филм според публиката и жирито беа објавени вчера на Севченото затворање на 7. Филозофски Филмски Фестивал. Наградата за најдобар краткометражен филм според жирито оди во рацете на режисерот Максим-Клод Лекуе (Maxime-Claude L’Écuyer) и филмот Софија (Zsofika), додека Лимбо (Limbo) на Константина Коѕамани) Konstantina Kotzamani од Грција доби Специјално признание од жирито. За Најдобар краткометражен филм според публиката беше прогласен Пролетна поплава (Spring Flood) на Џенис Андиансен (Jeannice Adriaansens) од Белгија….

Read More