Наградените филмови на ФФФ 2017 објавени!
Наградите за Најдобар долгометражен и Најдобар краткометражен филм според публиката и жирито беа објавени вчера на Севченото затворање на 7. Филозофски Филмски Фестивал. Наградата за најдобар краткометражен филм според жирито оди во рацете на режисерот Максим-Клод Лекуе (Maxime-Claude L’Écuyer) и филмот Софија (Zsofika), додека Лимбо (Limbo) на Константина Коѕамани) Konstantina Kotzamani од Грција доби Специјално признание од жирито. За Најдобар краткометражен филм според публиката беше прогласен Пролетна поплава (Spring Flood) на Џенис Андиансен (Jeannice Adriaansens) од Белгија. Во Селекцијата на долгометражни филмови, еден филм ги освои срцата и на жирито и на публиката – грузискиот филм Сè за луѓето (All About People) на режисерот Гиорги Абашишвили (Giorgi Abashishvili). Честитики до сите режисери и нивните тимови и многу успех во понатамошната работа! На крајот, огромна благодарност до скулпторот Перо Кованцалиев и до РЖ Институт за спонзорството на наградите „Златен був“ на ФФФ 2017.
Zsofika trailer:
Limbo trailer:
Spring Flood trailer:
All About People trailer:
Comments are closed.