2010/11
Почетоците на Фестивалот во 2010 година беа како мала студентска инцијатива на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје каде група студенти се среќаваше секој четврток во времетраење од една година во библиотеката за филозофија и заеднички се гледаа филмови на филмските великани Тарковски, Бергман или Куросава, филмови со филозофски релевантна содржина, документарни филмови на различни теми од филозофијата, а се одржа и ноќ на кратки филмови.
Овој едногодишен филмски маратон заврши со незаборавното предавање на професорот Стефан Сидовски кој говорејќи на тема „ФИЛОЗОФИЈАТА И ФИЛМОТ“ на 28 април 2011 година го исполни Големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет со својата публика.
Проектираните филмови во рамките на едногодишниот фил(м)ософски маратон на Фестивалот:
- Waking Life на Richard Linklater
- Wittgenstein на Derek Jarman
- Pi на Darren Aronofsky
- Man from Earth на Richard Schenkman
- Agora на Alejandro Amenabar
- Ghost in the Shell на Mamoru Oshii
- Остров на Pavel Lungin
- The Drummer на Kenneth Bi
- Dreams на Akira Kurosawa
- The Seventh Seal на Ingmar Bergman
- Ashes & Snow на Gregori Colbert
- Der Himmel uber Berlin на Wim Wenders
- Persona на Ingmar Bergman
- Ноќ на кратки филмчиња подготвена од Тијана Петковска
- Mar Adentro на Alejandro Amenabar
- Little Ashes на Paul Morrison
- Spring, Sumer, Fall, Winter… and Spring на Ki-duk Kim со презентација на тема „Празнината како естетска категорија во Зен будизмот“ – Владимир Крстевски
- Creation на Jon Amiel
- Western Philosophy, документарен филм
- The Sacrifice на Andrei Tarkovsky
- Avalon на Mamoru Oshii
- Examined Life – Philosophy in the Strees, документарен филм на Astra Taylor
- Derrida, документарен филм на Kirby Dick / Amy Ziering
- „Филозофијата и филмот“ – предавање на професорот Стефан Сидовски
- Home, документарен филм на Yann Arthus-Bertrand
Дизајн на постер: Златко Најденовски
Comments are closed.