Фил(м)ософија со деца / Phil(m)osophy with Children

ЕП / EP

ФИЛ(М)ОСОФИЈА СО ДЕЦА / PHIL(M)OSOPHY WITH CHILDREN

 

20-27 мај

ДЕТЕТО ФАНТОМ (Phantom Boy, 2015)

Анимиран филм за деца (8+), Франција, 84’

Жан-Луп Фелисиоли, Алан Гањол (Jean-Loup Felicioli, Alain Gagnol)

Линк за пристап до филмот во периодот 20-27 мај 2022: https://cinesquare.net/#/movie/1454
(по регистрацијата на Cinesquare, внесете го овој код при купувањето на филмот за да го погледнете бесплатно преку ФФФ, ограничен број на прегледи: MGR79). 

*синхронизиран на македонски јазик

Онлајн проекција за деца и родители, достапна од сите краеви на Македонија, со можност за учество и на фил(м)ософска работилница со д-р Мартин Поповски на 27- ми мај. Види опис на работилницата подолу. Пријавување: tinyurl.com/Filmosofija

Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, може да стане невидлив и да поминува низ ѕидови. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф.

 

25 мај (среда)

12.00, Кинотекa, настан од затворен тип

ДЕТЕТО ФАНТОМ (Phantom Boy, 2015)

Анимиран филм за деца (10+), Франција, 84’

Жан-Луп Фелисиоли, Алан Гањол (Jean-Loup Felicioli, Alain Gagnol)

*синхронизиран на македонски јазик 

Кинотечна проекција за деца од 10 до 12 години (6-то одделение, три класови) и фил(м)ософски разговор со д-р Мартин Поповски инспириран од филмот.

Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, може да стане невидлив и да поминува низ ѕидови. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф.

 

27 мај (петок)

18.00

ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА СО Д-Р МАРТИН ПОПОВСКИ (10-12 год.)

Zoom платформа, 45 мин. (max. 10 учесници)

Пријавување: tinyurl.com/Filmosofija

Услов за учество на работилницата е претходно гледање на анимираниот филм ДЕТЕТО ФАНТОМ, достапен бесплатно онлајн од 20-27 мај преку VoD платформата на Cinesquare 

Линк за пристап до филмот во периодот 20-27 мај 2022: https://cinesquare.net/#/movie/1454
(по регистрацијата на Cinesquare, внесете го овој код при купувањето на филмот за да го погледнете бесплатно преку ФФФ, ограничен број на прегледи: MGR79). 

Кога гледањето на еден филм нѐ остава зачудени, кога прашањата кои тој ни ги отвора нè тераат да бараме длабоки одговори од кои потоа произлегуваат уште повеќе прашања, и кога чувствуваме незадржлив порив сето тоа да го споделиме со некој друг, тогаш се раѓа философијата. Но, тоа не се случува само кај возрасните. Поривот за филозофска рефлексија по гледањето на одредени филмови е уште поизразен кај децата. Оттука, во оваа работилница за деца од 10 до 12 годишна возраст наречена „Фил(м)ософија со деца“, инспирирани од анимираниот филм ДЕТЕТО ФАНТОМ, низ мисловни експерименти и заедничко филозофско истражување децата ќе се обидат да дадат одговори на некои од најголемите филозофски прашања за суштината на добрината и смислата на поимот „душа“.

МАРТИН ПОПОВСКИ е доктор на науки од областа на филозофијата на науката, магистер од областа на методиката на наставата по филозофија и реализатор на часови по филозофија со деца во „Училница“ (платформа за едукација на деца и млади. Тој е пионер во областа на филозофијата со деца во Македонија промовирајќи, разработувајќи и реализирајќи ја оваа идеја од 2013 година наваму. Под капата на Филозофското друштво на Македонија организира, учествува во, и самостојно реализира поголем број предавања, работилници и практични реализации на часови по филозофија со деца, во соработка со истакнати европски стручњаци од областа (Данска, Франција, Бугарија). Автор е на неколку научни трудови од оваа област во домашни и меѓународни списанија.

 

ПРОГРАМА СО СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН, ЕСКПЕРТ ОД ОБЛАСТА НА ФИЛОСОФИЈАTA СО ДЕЦА

ПРОФ. Д-Р ТОМАС ВАРТЕНБЕРГ (САД)

26 мај (четврток)  18.00-19.00

ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФ. Д-Р ТОМАС ВАРТНБЕРГ (САД)

Zoom платформа 

Отворено предавање од областа на философијата со деца, со фокус на методологијата на проф. д-р Вартенберг, еден од пионерите во светот во оваа област, како и неговата работа на философијата со деца преку филмот (http://whatsthebigideaprogram.com).

https://us06web.zoom.us/j/87890108336?pwd=a01LQWNubzJzb0Y3aG5NZkw2NFBLdz09

Meeting ID: 878 9010 8336
Passcode: pff22

 

26 мај (четврток) 20.00-21.00

ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА СО ПРОФ. Д-Р ТОМАС ВАРТНБЕРГ (САД)

Zoom платформа

Работилницата е наменета за наставници и друг образовен кадар, студенти, но и родители заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата уште од најрана возраст, на линија на препораките на УНЕСКО. На Работилницата ќе можат да присуствуваат најмногу 15 учесници. 

Работилницата ќе се одвива на англиски јазик.

Пријавување: tinyurl.com/pwc-pff22 

 

27 мај (петок)

13.30-14.30

ОНЛАЈН ПРАКТИЧНА ДЕМОНСТРАЦИЈА СО ПРОФ. Д-Р ТОМАС ВАРТНБЕРГ (САД)

Zoom платформа (настан од затворен тип)

Настан со деца  на 7-8 годишна возраст од Американското училиште НОВА  за демонстрација на методот.

Философирањето може да биде забавно! По кратка дискусија за тоа што е филозофијата, проф. Вартенберг ќе им ја прочита на учениците прекрасната приказна „Змејови и џинови“ (Dragons and Giants) на Арнолд Ловел (Arnold Lovel), во која се прикажани двата лика – ликот на Обичната и на Краставата жаба.. Потоа, ќе биде дискутирана природата на храброста со фокус на тврдењето на Краставата жаба дека храбрите луѓе никогаш не се плашат. 

 

ТОМАС Е. ВАРТЕНБЕРГ (САД) е професор емеритус по филозофија на колеџот Маунт Холиоки во САД. Неговите главни области на интерес се естетика, филозофија на филм и филозофија за деца. Негови позначајни публикации се „Големи идеи за мали деца: предавање филозофија преку детска литература“, „A Sneetch is a Sneetch и други филозофски откритија: наоѓање мудрост во литературата за деца“, „Размислување на екранот: Филмот како филозофија“ и, од неодамна, „Размислување преку приказни: деца, филозофија и сликовници“. Тој е добитник на наградата APA/PDC за извонредност и иновации во филозофските програми за 2011 година и ја доби Мерит наградата (Merritt Prize) за 2013 година за неговиот придонес во филозофијата на образованието. Има креирано веб-страници за предавање филозофија преку сликовници: teachingchildrenphilosophy.org, уметнички дела: Philosophy@The Virtual Art Museum и филмови: What’s the Big Idea?

 

Related Post