Повик за волонтери 11. ФФФ

Пролетта е тука и во нејзиниот пик, што значи време е за нашиот и ваш Филозофски филмски фестивал. Доколку си љубител на културата, филмот или, пак, си во потрага по малку филозофска инспирација и рефлексија поттикната од седмата уметност, ова е прилика токму како за тебе. Годините не се битни, битни се ентузијазмот и твојата посветеност.

И оваа година, Филозофскиот филмски фестивал има потреба од 10 волонтери коишто ќе му се приклучат на тимот и, заедно со публиката и гостите на Фестивалот, ќе креираат уште едно незаборавно фестивалско доживување, следејќи ги сите безбедносни протоколи и мерки! Сè што е потребно е достапност попладне или навечер од 27-ми мај до 3-ти јуни 2021 година за време на Главната програма на Фестивалот – на отворено (летното кино „Мирно лето“) и кинотечната сала во Кинотека на Северна Македонија.

Побрзај и пријави се на Google линкот подолу најдоцна до 🔸16-ти мај🔸 и наскоро ќе добиеш одговор од Фестивалот за твоето потенцијално учество. ℹ️ За дополнителни информации, слободно контактирај нè на contact@philosophicalfilmfestival.mk

Формулар за волонтери

Related Post