Фил(м)ософија за деца – прв пат во Македонија
ФФФ 2018: Едукативна програма – ФИЛ(М)ОСОФИЈА ЗА ДЕЦА
11-15 април 2018
Прв дел: ФИЛОЗОФИЈА ЗА ДЕЦА
Програма: “WHAT IF THE WORLD WAS TRANSPARENT?
– A SIMPLE GUIDE FOR SPREADING PHILOSOPHICAL WONDER IN THE CLASSROOM”
11 април (среда), 13.00 ч.
Свечена сала, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Вовед: Филозофијата за деца и искуството од нејзиното воведување во Данска
Теоретско, воведно предавање во дисциплината филозофија за деца, нејзиното значење во светски рамки и споделување на искуството од нејзиното воведување во Данска со специјалниот гостин во Едукативната програма на Фестивалот – Дејвид М. Ларсон.
Предавањето и гостувањето на Дејвид М. Ларсон е реализирано со поддршка на Филозофскиот факултет во Скопје
Специјален гостин во Едукативната програма:
Дејвид М. Ларсон (David M. Larsson)
Rum for Undren, специјалист за филозофија за деца од Данска
Дејвид М. Ларсон е филозофски советник и практичар кој живее и работи во Данска. Магистрирал филозофија и јапонски јазик во Центарот за истражувања на субјективитетот (Center for Subjectivity Research) на Универзитетот во Копенхаген, каде специјализирал во областа на феноменологијата, филозофијата на умот и филозофијата на Зен будизмот. Тој води филозофско советувалиште каде работи со групи и поединци. Исто така, држи и часови за деца во рамките на непрофитната организација Rum for Undren („Соба за мечтаење“) која го промовира Сократовиот метод и критичкото мислење во градинките и училиштата ширум Данска.
ВИДЕО од воведното предавање на Дејвид М. Ларсон може да се најде тука.
11 април (среда), 17.00 – 20.00 ч.
Работилница за наставници, студенти и млади истражувачи
Воведна работилница за филозофија за деца со наставници, студенти и млади истражувачи заинтересирани за развивањето на критичката рефлексија кај децата од најмала возраст со употребата на детска литература, игри и аудиовизуелни материјали или кратки анимирани филмови за деца. Филозофијата за деца како дисциплина е широко промовирана во светски рамки од страна на УНЕСКО, а работилницата на која ќе имаат можност да учествуваат 20 учесници е првата работилница за филозофија за деца организирана кај нас.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на работилницата, можете да се пријавите тука или контактирајте нè на filozofskifilmskifestival@gmail.com за дополнителни информации.
12 април (четврток)
Меѓународно училиште НОВА, Скопје (настан од затворен тип)
Практична демонстрација со деца (6-7 год.)
Четири часови со ученици од второ и трето одделение за демонстрација на методите на практикување на филозофијата за деца.
Настанот е организиран во соработка со Меѓународното училиште НОВА во Скопје
Втор дел: ФИЛ(М)ОСОФИЈА ЗА ДЕЦА
13 април (петок)
Џебно кино / Mладински културен центар – Скопје (проекција од затворен тип)
Фил(м)ософија за деца (8-9 години)
Средба со филозофијата преку филмот за најмладите, прва од ваков тип во Македонија. Модераторот д-р Мартин Поповски ќе аплицира дел од техниките во експериментален филм-философија час со деца од локално училиште, по заедничко гледање на краток анимиран филм кој ќе инспирира креативна и критичка рефлексија на некои од темите во филмот.
Настанот е организиран со поддршка на Македонско-амерканската алумни асоцијација (МААА)
15 април (недела), 16:00 ч.
Кинотека на Македонија (бесплатно, за деца со родители)
Проекција на филм за деца (+10)
Проекција на иранскиот филм БЕЗ ГРАНИЦИ (Borderless / Bedone Marz, 2014) чии главни протагонисти се две деца кои се среќаваат на „ничија земја“, меѓу две безимени завојувани страни, и кои учат да живеат и да си помагаат заедно среде војната и хаосот кои владеат околу нивното малечко за’рѓано засолниште.