ФФФ@МСУ – Generación: Buñuel, Lorca, Dalí (14/5, 12.00)
ФФФ@МСУ во рамките на Придружната програма на 12. Филозофски филмски фестивал
PFF@MCA within the Programme of the 12th Philosophical Film Festival
14 мај (сабота/Saturday), 12.00
Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje
ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ (Generación: Buñuel, Lorca, Dalí, 2018)
реж. Хавиер Еспада / Javier Espada и Алберт Монтон / Albert Montón (ES/MX), 75’
вовед со проф. д-р Иван Џепароски / introduction by Prof. Ivan Dzeparoski
бесплатна проекција, ограничен капацитет / free screening, subject to availability
Во соработка со Музеј на современата уметност Скопје, Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и Кинотеката на С. Македонија
In collaboration with the Museum of Contemporary Art Skopje, Embassy of the Kingdom of Spain in Skopje and the Cinematheque of N. Macedonia
Луис Буњуел, Салвадор Дали и Федерико Гарсија Лорка – млади и бистри, интелигентни и весели. Имаа проект за модернизација на земјата, визија за промена којашто секогаш беше придружена со насмевка, шега и генијалност. Но, тие ја претрпеа и трагедијата на војната којашто ги обележа и нив и целата нивна генерација. Некои беа убиени, како Лорка. Други беа принудени да отидат во егзил, како Буњуел. А некои, како Дали, мораа повторно да се реосмислат преку карикатура, понекогаш брилијантна, понекогаш срамна, за да преживеат.
Во 1967 година, издавачката куќа Агилар побара од Макс Ауб (Max Aub) да ја напише биографијата на колегата од мексиканската генерација и егзил: филмскиот режисер Луис Буњуел. Кога Ауб умира на 22 јули 1972, на своето биро остава 5.000 страници напишани на машина, резултат на незавршен проект кој ја надмина типичната биографија и ја одразуваше синтезата на цела генерација шпански уметници чиишто животи беа обележани од три војни и прогонство кое траеше повеќе од 30 години. Овој хетероген сет на материјали ја одразуваше модерната концепција на Ауб за наративниот жанр: лик конструиран од мозаик од различни визии и разнородни материјали.
Документарниот филм на Алберт Монтон и Хавиер Еспада токму ја раскажува приказната за незавршената биографија на Ауб, посветена не само на Буњуел, туку и на целата Генерација ‘27 со златната тројка Буњуел-Лорка-Дали како стожер на шпанската култура од 20-тиот век.
—————————————————
Luis Buñuel, Salvador Dali, and Federico Garcia Lorca — young and bright, intelligent and cheerful. They had a project to modernize the country—a vision for change that was always accompanied by smiles, jokes, and ingenuity. But they also suffered the tragedy of the war that marked them and their entire generation. Some were killed, such as Lorca. Others were forced into exile, such as Buñuel. And some, like Dali, had to reinvent through a caricature, sometimes brilliant, sometimes shameful, in order to survive.
In 1967, Aguilar Publishing asked Max Aub to write a biography of a colleague of the Mexican generation and exile: film director Luis Buñuel. When Aub died on July 22, 1972, he left 5,000 typed pages on his desk, the result of an unfinished project that surpassed the typical biography and reflected the synthesis of a generation of Spanish artists whose lives were marked by three wars and more than 30 years of persecution. This heterogeneous set of materials reflected Aub’s modern conception of the narrative genre: a character constructed from a mosaic of different visions and diverse materials.
The documentary by Albert Montón and Javier Espada tells the story of Aub’s unfinished biography, dedicated not only to Buñuel, but to the entire ’27 Generation, with the golden trio Buñuel-Lorca-Dalí as a pillar of the 20th century Spanish culture.