ФОКУС ГОДАР: (И)стории на филмот – ФФФ 2023

5/6 (понеделник)
18.15
Кинотекa 
(И)СТОРИИ НА ФИЛМОТ
(Histoire(s) du cinéma, 1988-1998)
1-4 епизода

Жан-Лик Годар / Jean-Luc Godard, FR, 147′
Фокус Годар

 

7/6 (среда)
18.15

Кинотека 
(И)СТОРИИ НА ФИЛМОТ (Histoire(s) du cinéma, 1988-1998)
5-8 епизода
Жан-Лик Годар / Jean-Luc Godard, FR, 119′
Фокус Годар

 

Својствено на „човекот-филм“, Жан-Лик Годар секако не предлага хронолошка историја на кинематографијата, туку двојно истражување, патување низ историјата на дваесеттиот век, низ земјата на сликите, но и истражување на творештвото на самиот Годар, автопортрет на режисерот.

Иако добро ги познаваме „До последен здив“, „Живеј го својот живот”, „Машки, женски“, а можеби и „Презир“, „Необична банда“, „Алфавил“ или „Лудиот Пјеро“, серијалот (И)сториите на филмот на Годар (игра со францускиот збор ‘histoire(s)’ којашто има четири значења: историја/истории и приказна/приказни) е ретко синефилско уживање коешто, за жал, уште поретко имаме можност да го видиме на големото платно. Но, иако експерименталниот карактер на овој уникатен филмски подвиг во историјата (или, можеби, приказната) на филмот е нешто што го прави ова дело херметичко за пошироката филмска публика а неретко и запоставено во огромниот филмски опус на Годар, истовремено, истото ги прави Годаровите (И)стории  култно дело и едно исклучително ретко филмско задоволство кое ни нуди неколкучасона рефлексија околу седмата уметност пред големото платно. Што е филмот? А, зошто да не и, Што е филозофијата? (веројатно би не прашал Годар). „Истории на филмот, во множина“. Или, Сé e филм, во множина.  

„(И)стории на филмот“ е приказна за емоциите создадени од филмската уметност и приказна за осаменоста на творецот. Со извадоци од познати филмови, Годар ни покажува како филмот мора да се бори против фотографијата, телевизијата и литературата за да го репродуцира реалното. Приказните секогаш недовршени, а сепак страсни за, како што вели Годар, „да ги запалиме филмовите, да ги запалиме со внатрешен оган“.

 

Related Post