Фил(м)ософија со деца – ФФФ 2023

Овој сегмент од ЕП е наменет за најмалите философи и филмофили, учениците од 7-12 години, и е поврзан со гледање на филм на децата и потоа одржување на фил(м)ософска работилница (физички, во Скопје и онлајн, за децата низ Македонија). Годинава, деца од 9 до 11 годишна возраст ќе го гледаат јапонскиот анимиран филм „Мираи“ (Mirai, 2018) и ќе дискутираат на избрана тема.

 

МИРАИ (Mirai no Mirai, 2018)
анимиран филм за деца (8+)
* Превод на македонски јазик
Мамору Хосода / Mаmory Hosoda (JP), 98

Едно мало момче открива дека градината во неговата куќа е магична. Таа му овозможува да патува низ времето и да се сретне со неговите роднини од различни периоди во времето, воден од неговата помала сестра од иднината.


16–23/05
Cinesquare VoD платформа (cinesquare.net)

Онлајн проекција за деца и родители, достапна од сите краеви на Македонија, со можност за учество и на фил(м)ософска работилница со д-р Мартин Поповски на 23-ти мај. Види кус опис на работилницата подолу*.

ПОВИК: https://docs.google.com/forms/d/1Hde9SB1Z8IA9jmcrjB1-eIHkyisAKsi4cRT8hd6o9DU/edit?ts=645a0125

 

23/05 13:00
Кинотекa 
МИРАИ (Mirai no Mirai, 2018)
анимиран филм за деца (8+), * Превод на македонски јазик
Кинотечна проекција и фил(м)ософски разговор со дискусија
Кинотекa на С. Македонија, затворена проекција

Кинотечна проекција за деца од 10 до 11 години (петто одделение, два класа од основни училишта во Скопје) и фил(м)ософски разговор со д-р Мартин Поповски инспириран од филмот.

 

*23/5 18:00
Zoom платформа
45 мин. (max. 10 учесници)

Онлајн работилница „Фил(м)ософија со деца“ (9-11 год.)Услов за учество на работилницата е претходно гледање на анимираниот филм МИРАИ, достапен бесплатно онлајн од 16-23 мај преку VoD платформата на Cinesquare низ цела Македонија.

Детската имагинација не е само волшебно патување во замислен свет. Таа честопати своето извориште и инспирација ги има во зачуденоста од реалниот свет и од опкружувањето во кое детето расте и се развива. Затоа имагинацијата не претставува само изблик на креативност, туку во голем број случаи е резултат на изворната детска вчудовиденост пред големите прашања за светот, за себеси и за другите луѓе. 

Оваа работилница за деца од 9 до 11 годишна возраст, наречена „Фил(м)ософија со деца“, инспирирана од проекцијата на анимираниот филм МИРАИ, ја користи токму имагинацијата како импулс за детското автентично размислување (без наметнување на туѓи ставови и гледишта) за важни прашања за семејството, љубовта, љубомората, разбирањето, емпатијата… прашања кои го отвораат патот кон „Другиот“ и кон сопственото растење и созревање. Покрај тоа, случувањата во филмот можат да инспирираат и дискусија за други мошне интересни теми, како на пример: патувањето низ времето, идентитетот на личноста низ промените во текот на животот, или, пак, односот на човекот кон животните.

 

МАРТИН ПОПОВСКИ е доктор на науки од областа на филозофијата на науката, магистер од областа на методиката на наставата по филозофија и реализатор на часови по филозофија со деца во „Училница“ (платформа за едукација на деца и млади). Тој е пионер во областа на филозофијата со деца во Македонија промовирајќи, разработувајќи и реализирајќи ја оваа идеја од 2013 година наваму. Под капата на Филозофското друштво на Македонија организира, учествува во, и самостојно реализира голем број предавања, работилници и практични реализации на часови по филозофија со деца, во соработка со истакнати стручњаци од областа од: САД, Данска, Франција, Бугарија. Автор е на неколку научни трудови од оваа област во домашни и меѓународни списанија.

Related Post