Работилници за млади – ФФФ 2023

РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИ „ЕСТЕТИКА НА ФИЛМСКИОТ ЈАЗИК“ (Скопје)

Работилницатата за млади со д-р Атанас Чупоски во рамките на 13. ФФФ е наменета за младите заинтересирани за естетиката на филмскиот јазик на возраст од 17 до 19 години (до 12 учесници).

Цел на работилницата е да ги запознае младите филмофили со основите на филмскиот јазик и начините на интерпретација на филмската приказна. Како и другите уметности, и филмската уметност поседува специфичен јазик, но, исто така, и интерпретативни алатки со чија што помош може да се толкува филмската приказна. Оттаму, работилницата е поделена на две сесии во кои младите филмофили се среќаваат со филмската приказна и нејзината специфична естетика, се запознаваат со основните поими/термини на филмската теорија и ја интерпретираат/читаат специфичната филмска приказна со која оствариле средба на филмското платно. 

Работилницата ќе се одвива во Кинотеката на С. Македонија. 20 мај (сабота): Средба со филмска приказна и Естетика на филмска приказна, и на 27 мај (сабота) Читање на филмска приказна.

 

20 мај (сабота)
13:00-15.00
Кинотекa
Работилница за млади со Атанас Чупоски
Средба со филмска приказна: проекција на филм

 

15:15-17.00
Кинотекa
Работилница за млади со Атанас Чупоски
Естетика на филмска приказна: анализа на филмот

 

27 мај (сабота)
15:30-17.30
Кинотекa
Работилница за млади со Атанас Чупоски
Читање на филмска приказна: критички есеи

 

АТАНАС ЧУПОСКИ е писател и режисер, доктор на филолошки науки и магистер на аудиовизуелни уметности. Вработен е како филмолог-советник во Кинотека на С. Македонија, сценарист и режисер е на седум документарни и еден краткометражен игран филм. Автор е на дваесетина ТВ-емисии во продукција на МРТ и стотина радиоемисии во продукција на Канал 103 и Радио Равел. Автор е на пет книги и над стотина книжевни и филмолошки студии, есеи, песни, раскази и публицистички текстови. Професор е по Историја на филм и Теорија на филм на Универзитетот Еуропа Прима. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и Друштвото за компаративна книжевност на Македонија.

 

 

 

 

РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЛАДИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

Во втората половина на април и почетокот на мај, во рамките на фестивалот, се одржани и 7 работилници за млади,  на актуeлни општествени теми со филмска подлошка: 

(19 април)
ОСУ „
Св. Климент Охридски Охрид, Јане Богоески, дипломиран професор по филозофија 

(20 април)
Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ – Скопје, м-р Мариглен Демири, професор по филозофија и научен истражувач во Центарот за европски стратегии „Еurothink“, Скопје

(24 април) 
СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“
Битола, д-р Марија Тодороска, професор по филозофија 

(25 април)
СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе
, м-р Кирил Трајчев, професор на МСУ „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и селектор на Официјалната селекција на долгометражни филмови на ФФФ 

(28 април)
СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес, д-р Бошко Караџов, професор по филозофија и научен истражувач во областа на графичката литература и интермедијалните жанрови 

(5 мај)
Американска гимназија НОВА – Скопје
, вонр. проф. д-р Вангел Ноневски,  Филозофски факултет, Скопје; научен истражувач во областа на естетиката и филозофијата на културата 

(9 мај)
СОУ Гимназија Орце Николов“ – Скопје
, Владимир Ѓуровиќ, професор по филозофија во „Орце Николов“ и координатор на ФФФ Едукативната програма 

 

Related Post