Официјална селекција на краткометражни филмови 2022
И КОНЕЧНО!!! Ја објавуваме Официјалната Селекција на Краткометражни филмови на 12. Филозофски Филмски Фестивал кој ќе се одржи од 1 до 9 јуни во Скопје, Македонија.
Од мноштвото филмови кои ни пристигнаа, ги објавуваме 16-те филмови во компетитивната програма! Филмовите ќе се борат за наградата „Златен Був”, награда за најдобар краткометражен филм според жирито и публиката, како и Специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ од жирито. Ни пристигнаа филмови од целиот свет, а истите ќе ви отворат многу инспиративни филозофски прашања и перспективи и ќе ви понудат вистинско и уживачко филмско искуство.
Честитки до сите режисери и тимови кои работеа на филмовите. Следете нè!
WILD WILD VESLØS by Esben Persson, 15′
JONI (25, MALE), 3KM AWAY, LIKES TO SWIM by Luis Schubert, 12’
NACHTBESUCH by Joana Vogdt, 14’
BRANKA by Ákos K. Kovács, 20’
SIDERAL by Carlos Segundo, 15′
TRUMPETS IN THE SKY by Rakan Mayasi, 15’
NORTH POLE by Marija Apchevska, 15’
I DON’T LIKE 5 PM by Francisco Dias, 9’
THROUGH THE HAZE by Diogo Salgado, 14’
THE LAST DAY OF PATRIARCHY by Olmo Omerzu, 16’
WITNESS by Ali Asgari, 15’
L’HOMME SILENCIEUX (A quiet man) by Nyima Cartier, 14’
WARSHA by Dania Bdeir, 16’
DUMMY by Laurynas Bareisa, 12’
TRAMWAY by Bartosz Reetz, 22’
HADRIEN ET NATHALIE by Philibert Gau, 20’