Повик за Работилница за естетика (ФФФ 2022)

По двогодишна пауза, со радост Ве покануваме на нашата 🎬Работилница за млади во Скопје, овој пат со д-р Атанас Чупоски во рамките на 12. ФФФ, а наменета за младите на возраст од 17 до 19 години заинтересирани за естетиката на филмскиот јазик. Професорот Чупоски ќе ве очекува со интересни предавања и вежби во Кинотека на Северна Македонија.

🟢 На работилницата ќе можат да учествуваат 12 учесници. За да се пријавите, ве молиме пополнeте ја кусата електронска регистрација најдоцна до 29-ти април (петок). Повратен меил за учество и подетални информации за Работилницата ќе добиете на 3-ти мај (вторник).

Линк за пријавување 👉
https://tinyurl.com/rm-pff22

Related Post