Storyhacking Masterclass со Кристин Син
Оваа година, покрај проекциите на филмови проследени со излагања на теми и дикусии со публиката, 7. Филозофски Филмски Фестивал ќе понуди и два мастеркласа за сите љубители на филозофијата и филмот заинтересирани за подлабоко проникнување во филмската уметност. Покрај мастеркласот со Иван и Моња Јовиќ непосредно по проекцијата на филмот Исцеление на 31 март, во рамките на Фестивалот мастерклас ќе одржи и нашата специјалнна гостинка од Норвешка, Кристин Син. Македонската премиера на Со вперени камери (Shooting Ourselves) ќе се одржи на 1 април (сабота) со почеток во 20.00 часот, додека претходниот ден, 31 март (петок) со почеток од 13.00 часот во Кинотеката на Македонија Кристин Син ќе одржи мастерклас отворен за сите заинтересирани.
31-ви март (петок), 13.00-15.00 часот во Кинотеката на Македонија.
Storyhacking Masterclass
Кристин Син (Christine Cynn), уметник и режисер, веќе 20 години си игра со начините на креирање, раскажување и аплицирање приказни. Син ја разбира имагинацијата како автентична виртуелна стварност, структурирана главно од наратив. Мастеркласот ќе има форма на хакатон за правење приказни (storyhacking game). Понесете пенкало и нешто од вашата кујна (овошје, шолја, кујнски прибор, сардини). Смартфон е пожелен, но не е нужен.
Storyhacking Masterclass
Влезот за мастеркласот е слободен. За учество, пожелно е познавање на англискиот јазик.
Comments are closed.