Storyhacking Masterclass со Кристин Син

masterclass-logoОваа година, покрај проекциите на филмови проследени со излагања на теми и дикусии со публиката, 7. Филозофски Филмски Фестивал ќе понуди и два мастеркласа за сите љубители на филозофијата и филмот заинтересирани за подлабоко проникнување во филмската уметност. Покрај мастеркласот со Иван и Моња Јовиќ непосредно по проекцијата на филмот Исцеление на 31 март, во рамките на Фестивалот мастерклас ќе одржи и нашата специјалнна гостинка од Норвешка, Кристин Син. Македонската премиера на Со вперени камери (Shooting Ourselves) ќе се одржи на 1 април (сабота) со почеток во 20.00 часот, додека претходниот ден, 31 март (петок) со почеток од 13.00 часот во Кинотеката на Македонија Кристин Син ќе одржи мастерклас отворен за сите заинтересирани.

31-ви март (петок), 13.00-15.00 часот во Кинотеката на Македонија.

Storyhacking Masterclass

christine-300x187

Кристин Син (Christine Cynn), уметник и режисер, веќе 20 години си игра со начините на креирање, раскажување и аплицирање приказни. Син ја разбира имагинацијата како автентична виртуелна стварност, структурирана главно од наратив. Мастеркласот ќе има форма на хакатон за правење приказни (storyhacking game). Понесете пенкало и нешто од вашата кујна (овошје, шолја, кујнски прибор, сардини). Смартфон е пожелен, но не е нужен.


Storyhacking Masterclass

Artist and filmmaker Christine Cynn has been re-purposing storymaking/storytelling/storyapplication for 20 years. She sees imagination as the original virtual reality, structured largely by narrative. Please come ready to participate in a storyhacking game. Bring a pen and something from your kitchen (fruit, cup, utensil, sardines). A smartphone is helpful but not necessary.

Влезот за мастеркласот е слободен. За учество, пожелно е познавање на англискиот јазик.

Related Post

COMMENTS

Leave a Comment