СТАЛКЕР дел од Ретроспектива Такрковски (15.06)
15 јуни (вторник), 20.00
Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
воведно излагање на м-р Стефан Палитов
СТАЛКЕР (Stalker / Сталкер, 1979)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 161’
18 јуни (петок), 17.00
„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
СТАЛКЕР (Stalker / Сталкер, 1979)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 161’
Научнофантастичниот филм СТАЛКЕР е снимен според новелата „Пикник покрај патот“ на браќата Борис и Аркадиј Стругацки. Филмот ги следи тројцата мажи, Научникот (Николај Гринко), Писателот (Анатолиј Солоницин) и Сталкер (Александар Кајдановски) и нивното патување низ мистериозната и заборавената територија во руската пустина наречена Зона. Во Зоната ништо не е така како што изгледа: таа е налик на вонземско место опкружено со војници и бодликава жица. И покрај убедувањата од жена му да не оди, Сталкер ги води луѓето во Зоната каде што тајните желби стануваат реалност, и покрај тоа што ризикува казна затвор. Таа ноќ тој носи двајца во Зоната: популарниот писател, кој е циничен, но и се прашува за својата генијалност; и тивкиот научник, кој е позагрижен за својот ранец отколку за патувањето. Пристапот во Зоната мора да биде индиректен. Како се наближуваат поблиску до целта, правилата се чини дека се променети, а Сталкер се соочува со криза.