СОЛАРИС на Андреј Тарковски (13.6)

13 јуни (недела), 20:00
Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
онлајн воведно излагање на проф. Кирил Трајчев
СОЛАРИС (Solaris /Солярис, 1972)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 166’

 

15 јуни (вторник), 16.00
„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
воведно излагање на проф. Кирил Трајчев
СОЛАРИС (Solaris /Солярис, 1972)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 166’

 

Мисијата Соларис е утврдена база на планетата која пречекува еден вид агенти, но деталите се многу мистични. Научниците се обидуваат да ја разберат тајната на загадочната планета Соларис, но набргу стануваат жртви на своите имагинации и скриени желби.
Психологот Крис Келвин (Донатас Банионис) е испратен во вселенската станица по мистериозното исчезнување на еден од трите научници во базата. Келвин има задача да ја испита загадочната смрт на докторот, како и проблемите што ги мачат космонаутите во станицата. Тој го пронаоѓа и останатиот дел од екипата, кои се однесуваат чудно, а останува вчудоневиден кога во станицата ја сретнува и својата сопруга Кари, која е почината пред седум години. Веднаш станува видливо дека Соларис поседува нешто што ги носи потиснатите сеќавања и опсесии на космонаутите од вселенската станица. Келвин се прашува за неговата перцепција на стварноста.
СОЛАРИС е победник на филмскиот фестивал во Кан од 1972 година, а филмот имаше римејк во режија на Стивен Содерберг во 2002 година.

 

 

Кирил Трајчев е професор на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“. Неколку години предавал и на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учесник е на повеќе алтернативни и непрофесионални филмски и театарски фестивали. Учествувал и во реализацијата на кратки филмови и театарски проекти. Има објавувано текстови во повеќе списанија и зборници. Земал учество и на повеќе научни собири и конференции. Реализирал повеќе работилници за филозофија и филм.

 

 

 

ТРЕЈЛЕР:

Related Post