ОГЛЕДАЛО на Тарковски (14.06)

14 јуни (понеделник), 20.00
Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
воведно излагање на проф. д-р Славица Србиновска
ОГЛЕДАЛО (Miror / Зеркало, 1975)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 106’

 

16 јуни (среда), 18.00
„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
ОГЛЕДАЛО (Miror / Зеркало, 1975)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 106’

 

На прашањето „Реализам на сонот, исто како во Огледало?“, од интервју во 1980-тата година за Носталгија кој во тоа време е во подготовка, Тарковски на новинарот ќе му одговори: Не постои „реализам“ од едната страна, а од другата (во контраст, контрадикција) „сонот“. Ние поминуваме третина од нашите животи спиејќи (што значи, сонувајќи): постои ли таму некаде нешто кое е пореално од сонот?
Човек на умирање во неговите четириесетти години, се сеќава на минатото. Неговото детство, неговата мајка, војната, личните доживувања и спомени. Полуавтобиографско дело, кое нè води низ соништата и коридорите на сеќавањата и времето на мистериозен и хипонитички начин, ОГЛЕДАЛО на Тарковски е филмска поема за амалгамот од соништа и сеќавања од којшто сме сочинети ние, луѓето, и за нашата човечка состојба, вкотвена во флуидната субјективност на времето. Со неконвенционална структура и нелинеарен наратив, кинематографија која неосетно преминува од боја, во црно-бело и сепија, поезијата на таткото на режисерот – Арсениј Тарковски, како и инцидентната музика и звучни ефекти на Едуард Артемиев во филмот, Тарковски прави мистична синестезија на „текот на свеста“, опиплива како никогаш порано на големиот екран.
ОГЛЕДАЛО чијашто магија, барем еднаш во животот, мора да се искуси на големото платно, се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња.

 

 

Славица Србиновска е редовен професор по теорија и методологија на книжевноста и компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Таа објавува и преведува студии од областа на теоријата на литературата и компаративната книжевност (М. Бал, Џ. Принс и др.). Главни студии: Феминизам и род (2010) Книжевност, филм, популарна култура (2011), Книжевност и филозофија (2012) Филозофијата на гледната точка (2020) итн. Професор Србиновска соработувала на проекти од областа на теоријата на фикцијата (вклучувајќи ја областа посветена на адаптацијата на романот/книжевноста во филм, на драмата во театарот) и културолошките студии со Универзитетот во Амстердам, Европскиот институт за родови студии во Фиренца, Универзитетот Нова Сорбона (Париз III) и други универзитети.

 

 

 

Related Post