Доделени наградите на 15. ФФФ

На Затворањето на 15. Филозофски филмски фестивал беа прогласенидобитниците на наградите „Зладен був“ за најдобар долгометражен и краткометражен филм според жири-комисијата, специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ за краткометражен филм и плакетите „Златен був“ за најдобар долгометражен и краткометражен филм според гласовите на публиката.

Жирито беше во состав на: Хасан Сердар Гергерлиоглу, соработник на списанието „Синефилософи“ од Турција; Кумјана Новакова, македонска филмска авторка, кураторка и предавчака; и д-р Мартин Ередеро Кампо од Универзитетот Ваљадолид во Шпанија.

🦉🏆ЗЛАТЕН БУВ за најдобар долгометражен филм според жири-комисија на 15. Филозофски филмски фестивал: ШАМБАЛА на Мин Бахадур Бхам

🦉🏆ЗЛАТЕН БУВ за најдобар краткометражен филм според жири-комисија на 15. Филозофски филмски фестивал: ГОРЧЛИВА ТРПЕЗА на Хорхе Тиелен Арманд

🦉🏆Специјално признание СТЕФАН СИДОВСКИ – СИДО за краткометражен филм: ВОЗВИШЕНИ ВРВОВИ на Диего Салгадо

🦉🏆Плакета ЗЛАТЕН БУВ за најдобар долгометражен филм според публиката на 15. Филозофски филмски фестивал: УНИВЕРЗАЛЕН ЈАЗИК на Метју Ренкин

🦉🏆Плакета ЗЛАТЕН БУВ за најдобар краткометражен филм според публиката на 15. Филозофски филмски фестивал: БАРАЈЌИ РЕЧЕ ЗАБОРАВИВ на Наоми Пасифик

Во продолжение можете да ги прочитате одлуките:
OСД • ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА – ДОЛГОМЕТРАЖНИ: ШАМБАЛА

„Шамбала“ претставува контемплативно истражување на човечката состојба, инспирирано од будистичката филозофија и егзистенцијалната мисла. Патувањето прикажано во филмот не е само географско, туку длабоко духовно. Филмот размислува за страдањето не како нешто од кое треба да се избега, туку како трансформативен пат кон разбирање и мир. Преку тишина, ритуал и пејзаж, „Шамбала“ нè повикува да се соочиме со непостојаноста, одговорноста и природата на откупот. Филмот ткае длабоко човечка нарација со впечатлива визуелна композиција, транспортирајќи нè во едно оддалечено подрачје, а истовремено втемелувајќи ја приказната во универзално препознатливи теми како тагата, искупувањето и внатрешниот мир. Заради својата уметничка интегритет, емоционална длабочина и кохерентна визија, „Шамбала“ е достоен добитник на наградата за Најдобар филм.

OСК • ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА – КРАТОКМЕТРАЖНИ: ГОРЧЛИВА ТРПЕЗА

„Горчлива трпеза“ на Арманд е потресно интимен портрет на иселувањето, што едноставното пакетче тестенини го претвора во длабок симбол на преживување и жртва. Она што „Горчлива трпеза“ го прави навистина извонреден филм е неговата способност да го надмине конкретниот контекст (колапсот на Венецуела) и да проговори за глобалните кризи на миграција и недостиг.

СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ „СТЕФАН СИДОВСКИ-СИДО“: ВОЗВИШЕНИ ВРВОВИ

„Возвишени врвови“ (2024) е медитативен краткометражен филм што се занимава со темите на изолација, непостојаност и тивката доминација на природата врз човечката свест.

Филмот на посебен начин ја обработува младоста – дали експлицитно или алегориски – продлабочувајќи ги егзистенцијалните прашања. Ако младоста е присутна како фигура на надеж, нејзината кревк ост е трагична; ако е отсутна, нејзиното отсуство е уште повознемирувачко. Сенката на планината или ја проголтува младоста, или полека се еродира токму од неа.

Related Post