Преокција на „Чудо во Милано“ – Средношколска видео лектира

Најновото, 9-то издание на ФФФ го отворивме со Едукативната програма (ЕП) на ФФФ – проекцијата на т.н. Средношколска видео лектира, сегмент од ЕП наменет за средношколците од Република Македонија. Годинава главни соработници се Агенцијата за филм, Министерство за култура, Град СкопјеИталијанска aмбасада – Скопје, Филозофскиот факултет при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Младинскиот културен центар во Скопје, Факултет за Аудиовизуелни уметности, Кинотеката на Македонија и издавачката куќа „Аз-Буки“. Во рамките на нашата едукативна програма на овогодишното издание на ФФФ, ученици од вкупно 24 македонски гимназии (од Скопје, Гевгелија, Битола, Велес, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Охрид, Богданци, Куманово и Штип) имаа можност да уживаат во култниот „Чудо во Милано“ (1951) од режисерот Виторио де Сика, a потоа да пишуваат на филозофска тема со наслов HOMO HOMINI LUPUS EST: КОЛКУ ЧИНИ ЕДНА НАСМЕВКА? Авторите на најдобрите три есеи ќе бидат наградени со стипендии, филозофска и филмска литература, финансиски награди и ДВД изданија од македонски филмови.

Огромна благодарност изразуваме до ФЗФ при УКИМ, Кинотеката на Македонија, ЕФТА, МКЦ, Град Скопје и „Аз-Буки“, кои несебично и срдечно ја продолужуваат поддршката во организирањето на овој програмски дел од едукативната програма на ФФФ.

Фото-импресии од Средношколската видео лектира во МКЦ (07.03.2019)

 

 

                   

 

 

 

 

 

 

Related Post