Изданија: Филозофија-Филм

 

 

 

Филозофска трибина, бр. 21
Темат:
Филозофија и филм (пролет 2017): 3–253

„Филозофска трибина“, национално списание за филозофија на Филозофското друштво на Македонија, е најстарото македонско стручно списание за општествени науки (1978). Нуди јавен израз за значајни теоретичари и покрива широк спектар филозофски дисциплини. Во соработка со Фестивалот, бр. 21/2017 беше целосно посветен на темата со наслов „Филозофија и филм“.

Слободен пристап до текстовите од овој број се достапни тука.

 

 


Филозофска трибина
, бр. 26

Темат:
Филозофија и филм (есен 2019): 3–265

Дваесет и шестиот број на „Филозофска трибина“, вториот со централeн темат „Филозофија и филм“, беше посветен на филозофот и филмофил Стефан Сидовски – Сидо (1946–2019). Бројот вклучува пригодна статија за Сидовски од Олга Пешевска Заревска, негов преобјавен текст, интервју на проф. Џепароски со режисерот Манчевски, како и девет други авторски трудови.

Слободен пристап до текстовите од овој број се достапни тука.

 

 

ФИЛ(М)ОСОФИЈА
Замислување на мирот: дијалог за перцепцијата

Вим Вендерс и Мери Зурнази
Скопје: Филозофско друштво на Македонија, 2019

 

Инаугурално дело во едицијата „Филмософија“ на Фестивалот и ФДМ, „Замислување на мирот“ е дијалог меѓу еден голем филмски режисер и професорка по филозофија, низ кој се (пре)осмислува мирот наспроти насилните и дехуманизирачки слики во и на екраните. Книгата ја нагласува улогата на филмот во обликување на стварноста и потребата од филмови со ваква свест.

 

 

ФИЛ(М)ОСОФИЈА
Манчевски: Пет есеи / Manchevski: Five essay

Милчо Манчевски / Milcho Manchevski
Скопје: Филозофско друштво на Македонија, 2023

Двoјазична публикација „Манчевски: Пет есеи“ од Милчо Манчевски е трето издание во едицијата „Филмософија“. Книгата содржи пет есеи (1994–2022) со англиски преводи, кои ги истражуваат релациите меѓу филмот, уметноста, насилството, општеството и вистината во филмската приказна.
Претговор од проф. д-р Иван Џепароски.

Линк до бесплатната англиска верзија од книгата тука.

 

ФИЛ(М)ОСОФИЈА
Philosophy and Film

Conference proceedings from the 1. International “Filosophy & Film” Conference held at the 11. PFF
Varia (Скопје: ПДМ, 2022)

Меѓународниот зборник „Philosophy and Film“ ги претставува истражувањата од истоимената меѓународна конференција (11. ФФФ, 2021), прва од таков тип во Македонија и регионот. Како второ издание во едицијата „Филмософија“, зборникот има цел да овозможи интеркултурен дијалог и вмрежување автори во областа на филм-философијата. Содржи 12 текстови.

 

 

Related Post