Отворање на 15. ФФФ со „Евангелиe според Матеј“

Отворање на 15. ФФФ со „Евангелиe според Матеј“

Вечерва започнува 15. јубилеен Филозофскиот филмски фестивал со проекцијата на филмот „Евангелие според Матеј“ (1964) од истакнатиот италијански режисер Пјер Паоло Пазолини (1922-1975).  Со почеток од 20:30 часот во кино-салата на Кинотеката на С. Македонија, посетителите ќе можат да го проследат филмот чија мотивација за снимање биле поетските врвови на Евангелието и преку кој Пазолини, со неговите контроверзни ставови за религијата, успеал да создаде импресивен библиски филм. Претходно, во свечениот дел (почеток во 20:00 ч.)…

Read More

Едиторијал: Гостинот, по 15. пат

Едиторијал: Гостинот, по 15. пат

…и ете го, една телеграма подоцна, ете го и Гостинот, онострано синоок, со вилица вајана во вар и време, ете го Еремија Хелкиин, старозаветниот демон што лелека во пустината, одроден Емануил што може да ги разѕида храмовите со крик на нежност, што иде како срцева претеча, што иде како црна ноќ, што иде одмаглен од песокта и развенчаните сништа… Ете го, неумоливо тука, вципен меѓу четирите ѕида на твојот најневин сон додека злокобно ти зјапа…

Read More

СВЛ: Во длабокотo

СВЛ: Во длабокотo

Сегментот Средношколска видеолектира (СВЛ) од Едукативната програма и годинава се одржа во предоминантниот формат, односно со организирање на една средишна проекција (овојпат во Културно информативниот центар – Скопје) за учениците од Скопје, додека учениците од другите градови имаа можност да гледаат проекции на селектираниот филм во нивните училишта. Годинава, во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, за видеолектира беше избран филмот   „Во длабокото“ (Mar Adentro / The Sea Inside, 2004), реж. Алехандро…

Read More

Работилница за експериментални видеоформи

Работилница за експериментални видеоформи

OFF Програма 27.3 (четврток) 14:30 КСП – Центар Јадро   Меријам Тафакори и експериментални видеоформи Работилница за експериментални видеоформи инспирирана од творештвото на Меријам Тафакори Госитн излагач: Артан Садику (филозоф и куратор) Moderators: Ѓорѓи Пулевски (културен работник), Ивана Мирчевска (уметница)   ОФФ работилницата за експериментални видеоформи се одржа на 27 март 2025 година, ден пред проекцијата на четирите кратки филма на иранско-британската режисерка Меријам Тафакори, кои пак беа проследени со видеораговор со уметницата. Работилницата се фокусираше…

Read More

Изданија: Филозофија-Филм

Изданија: Филозофија-Филм

      Филозофска трибина, бр. 21 Темат: Филозофија и филм (пролет 2017): 3–253 „Филозофска трибина“, национално списание за филозофија на Филозофското друштво на Македонија, е најстарото македонско стручно списание за општествени науки (1978). Нуди јавен израз за значајни теоретичари и покрива широк спектар филозофски дисциплини. Во соработка со Фестивалот, бр. 21/2017 беше целосно посветен на темата со наслов „Филозофија и филм“. Слободен пристап до текстовите од овој број се достапни тука.     Филозофска…

Read More

Работилница за млади: „Естетиката на филмскиот јазик“

Работилница за млади: „Естетиката на филмскиот јазик“

Работилницата за млади е еден од пионерските сегменти на фестивалската програма. Долги години неа ја реализираше нашиот професор, колега и соработник, клучен дел од почетниот фестивалски тим, Стефан Сидовски – Сидо. Во последните четири години, во малку изменета форма, работилницата ја спроведува проф. д-р Атанас Чупоски. Како што е веќе општо познато, работилницата е наменета за младите на возраст од 17 до 19 години заинтересирани за запознавање со естетиката на филмскиот јазик. Цел на работилницата…

Read More

Фил(м)ософија со деца

Фил(м)ософија со деца

„Фил(м)ософијата со деца“ е редовен сегмент на ФФФ. Оваа година, Фестивалот ќе ги пресели фил(м)ософските доживувања наменети за најмладата публика од Кинотеката во училиштата претворајќи ги во миникиносали. Наши домаќини ќе бидат ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Владо Тасевски“ од Скопје каде што со ученици од петто и шесто одделение ќе се одржат работилници на тема: „Што е тоа добрина?“. Со прикажување на кратки филозофски провокативни видеа, децата ќе бидат поттикнати да ги споделат своите…

Read More

Во најава

Во најава

  Philosophy And Film 2 Conference proceedings from the 2. International “Filosophy & Film” Conference held at the 13. PFF На 25 и 26 мај 2023 година, како преднајава на 13. Филозофски филмски фестивал, се одржа второто издание на меѓународната конференција „Филозофија и филм“. И побогато од инаугуралното, истото вклучуваше 22 говорници од 15 различни земји, распоредени во шест разновидни сесии, пригодно насловени според шест од осумте дела на „(И)стории на филмот“ на Жан-Лик Годар,…

Read More

Издаваштво „Фил(м)ософија“ 2024

Издаваштво „Фил(м)ософија“ 2024

    Замислување на мирот: дијалог за перцепцијата Вим Вендерс и Мери Зурнази Скопје: Филозофско друштво на Македонија, 2019 „Замислување на мирот“ е книга напишана во два гласа, филмски режисер и професор по филозофија, кои преку нивниот дијалог за мирот го канат читателот на замислување и [ре]осмислување на мирот, давајќи му слика и глас, во свет преполн со насилни и дехуманизирачки слики во и вон екраните. Низ овој дијалог помеѓу филозофијата и филмот, меѓу двајца…

Read More

14. ФФФ Едиторијал: НЕРЕД меѓу редови посветено на Маја Дерен

14. ФФФ Едиторијал: НЕРЕД меѓу редови посветено на Маја Дерен

Во 1946-та – годината кога го снима „Ритуал во преобразено време“, последниот филм во кој се појавува и самата како актер – Маја Дерен објавува и два текста во кои најподробно го изложува својот естетско-философски светоглед: „Анаграм од идеи за уметноста, формата и филмот“ [An Anagram of Ideas on Art, Form, and Film] и „Филмот како уметничка форма“ [Cinema as an Art Form]. Вториов, покус но попознат, почнува со следнава посвета за Соломон Давид Деренковски,…

Read More
1 2 3 5