Фил(м)ософија за деца со Jоана Хокен од Франција

 

 

 

Филозофското друштво на Македонија
ве поканува на 9. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

 

 

 

3 мај 2019 (петок)
ФИЛ(М)ОСОФИЈА ЗА ДЕЦА
со д-р Јоана Хокен (Johanna Howken)
Романвил, Франција

 

Jоана Хокен (Johanna Hawken) од Франција е доктор по филозофија и практичар чија страст за филозофијата и за светот на детството се поврзани во цврстото убедување за можноста од создавање филозофско образование за деца (од 5-16 годишна возраст). Водена од ова убедување, таа организира филозофски работилници низ цела Франција од 2009 год., а особено во Романвил (источен Париз) каде што ја создава Куќата на филозофијата (Maison de la Philosophie) – експериментална структура посветена на филозофските практики со различни групи граѓани. Хокен има објавено повеќе книги од областа на филозофијата за деца, а во сите нив се огледува нејзиното верување дека филозофијата може да биде од корист за сите деца, овозможувајќи им вистински да ги пресретнат промените, низ заедничка рефлексија и во дијалог за нашето заедничко постоење.

 

03.05 (петок)

Програмата е организирана со поддршка на УНЕСКО катедрата: практикување филозофија за деца:
основа за интеркултурен дијалог и општествени промени и нејзиниот носител
проф. др Едвиж Ширутер (Edwige Chirouter) од Франција
    

 

09:00 – 10:00
Филозофска работилница за деца:
Дали имагинацијата е моќна?
Настан со деца од француска паралелка за демонстрација на методот (затворен настан)


12:30 – 14:30

Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Предавање: „Филозофијата за деца и истражувањето на светови“
Воведно предавање за филозофијата за деца, како и споделување на искуството од
воведувањето на оваа филозофска практика во Франција (фокус: Куќа на филозофијата).

 

Предавањето и доаѓањето во Македонија на д-р Хокен е организирано со поддршка на Агенцијата за филм, Град Скопје,
Францускиот институт во Скопје и Филозофскиот факултет при УКИМ          

 

16:30 – 19:30
Француски институт, Скопје
Работилница “Фиктивни светови, реални светови: филозофијата за деца преку филмот”

Работилница за наставници и друг образовен кадар, студенти, но и родителите заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата уште од најрана возраст, на линија на препораките на УНЕСКО. 

 *пријавување на contact@philosophicalfilmfestival.mk (максимум 20 учесници)

 

ФИКТИВНИ СВЕТОВИ, РЕАЛНИ СВЕТОВИ: ФИЛОЗОФИЈАТА ЗА ДЕЦА ПРЕКУ ФИЛМОТ

Честопати си мислиме дека филозофијата е една рационална, сериозна и херметичка дисциплина која размислува во еден апстрактен и крут свет. Но, во реалноста, филозофирањето, а особено со децата, претставува истражување на прашањата кои сите ние си ги поставуваме – прашања за животот, за светот, за луѓето. Покрај филозофијата, и филмот, исто така, се запрашува за егзистенцијата, но преку фикција. Преку неговата фиктивна, лудичка и истражувачка форма тој претставува една скапоцена основа за иницирање на филозофската пракса со децата.

 

19:30-21:00
Француски институт, Скопје
Проекција на францускиот документарен филм за филозофската пракса со деца
„Ова е само почеток“ (Ce n’est qu’un debut, 2010) / слободен влез

 

8 мај (среда)
Џебно кино, МКЦ (12-14:00)
Фил(м)ософија за деца
Средба со филозофијата преку филмот за најмалите. Модераторот, д-р Мартин Поповски, ќе аплицира дел од техниките во експериментален филм-философија час со децата, по гледањето на кус анимиран филм за деца (затворен настан).