Селектори

Кирил Трајчев - долгометражна селекција

Дејан Здравков - краткометражна селекција
-
Кирил Трајчев - долгометражна селекција
КИРИЛ ТРАЈЧЕВ е професор на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“. Неколку години предавал и на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учесник е на повеќе алтернативни и непрофесионални филмски и театарски фестивали. Учествувал и во реализацијата на кратки филмови и театарски проекти. Има објавувано текстови во повеќе списанија и зборници. Земал учество и на повеќе научни собири и конференции. Реализирал повеќе работилници за филозофија и филм. -
Дејан Здравков - краткометражна селекција
ДЕЈАН ЗДРАВКОВ, роден во Велес, дипломира и магистрира на Институтот за филозофија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и докторира филозофски науки во 2015 год. одбранувајќи ја дисертацијата под наслов: „Егзистенција и интуиција - Бергсоновото и Хајдегеровото поимање на човекот и времето“ под менторство на проф. д-р Ферид Мухиќ (во 2019 објавена како книга во издание на „Аз-Буки“). Се занимава со истражувања во областа на филозофската антропологија и естетиката. Во слободно време се занимава со сликарство.
Жири – Официјална селекција на долгометражни филмови

Сердар Озтурк

Кица Колбе

Тони Гламчевски
-
Сердар Озтурк
СЕРДАР ОЗТУРК (Serdar Öztürk) е професор на Катедрата за радио, телевизија и филм на Факултетот за комуникации при Универзитетот Анкара Хаџи Бајрам Вели (АХБВ) во Анкара, Турција. Тој е издавач на The Journal of SineFilozofi, академско списание со рецензија објавувано од 2016 година. Тој исто така е претседател на Здружението за филм и филозофија во Турција. Фокусот на истражувањето на Озтурк е главно интердисциплинарен. Има објавено повеќе статии и дела за културната историја на Турција и за социологијата и филозофијата на филмот, објавени во национални и во меѓународни списанија. Дел од неговите публикации коишто ја истражуваат врската меѓу филозофијата и филмот се: Кинофилозофија: Патувањето кон соништата на Куросава (Ankara: Heretic 2016), Вовед кон Кино Филозофија (Ankara: Ütopya, 2018), и неодамна ја уредува книгата Археологија на борбата во филмовите на Кен Лоуч (Ankara: Utopya, 2021). -
Кица Колбе
КИЦА КОЛБЕ е филозофина и писателка. Студирала филозофија на универзитетот во Скопје (1970-1974). Магистрирала во 1982 во Белград на естетиката на Т. В. Адорно, а докторирала во 1985 во Скопје на германската естетика од XVIII-от век, објавена како „Принципот копнеж” (1989). Академскаta дејност ја започнува на Филозофскиот факултет од 1976-1986 како асистентка, односно доцентка по естетика во Естетичката лабораторија. Објавувала филмска, ликовна, литературна критика и филозофски есеи во „Разгледи”, „Стремеж” „Кинотечки месечник”, „Утрински весник”, „Филозофија”, “Lettre...” и др. Ги објавила романите „Егејци” (1999), „Снегот во Казабланка” (2006, „Роман на годината”), „Жените Гаврилови” (2008, македонска номинација за Балканика), „Земја на бегалци” (2016), „Витезот и Византијката“ (2020). -
Тони Гламчевски
ТОНИ ГЛАМЧЕВСКИ e новинар, преведувач-толкувач и претседател на МФФ Нанси. Од 1990 година живее во Франција и работи како дописник од Франција за МРТ, МИА и Фокус, a долги години бил дописник и на Дојче Веле и Утрински весник. Во рамките на неговите новинарски активности, тој редовно известува од европските институции специјализирајќи се за европските прашања и човековите права. Предавал и на катедрата на Македонски јазик во Националниот институт за ориентални јазици и култури (ИНАЛКО) во Париз и одржува практични вежби со студентите на Европскиот аудиовизуелен нститут во Нанси (ИЕЦА). Пасијата за филмот и чувствителноста за човековите права го водат во 2008 да стане програмски советник и програматор на Меѓународниот Филмски Фестивал од Нанси Франција. Од 2013 година тој е претседател на и генерален делегат на фестивалот.
Жири – Официјална селекција на краткометражни филмови

Васко Маглешов

Тамара Тасевска

Ѓорѓи Јаневски
-
Васко Маглешов
ВАСКО МАГЛЕШОВ дипломирал светска книжевност, а магистрирал на Институтот за социологија во Скопје. 14 години работи како новинар во повеќе медиуми. Во 2014 година добил награда за филмска критика на Фестивалот за европски филм „Синедејс 2014“, како и награда на Меѓународниот ПЕН за најдобар есеј. Бил член на жири-комисија во програмата на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ 2012 и на жирито за филмска критика на „Синедејс 2015“. Од 2016 година објавува филмски рецензии за специјализираното филмско списание „Филм плус“ и во неделникот „Филмски печат“. Известувал од повеќе домашни филмски фестивали: „Браќа Манаки“, „Синедејс“, „Македокс“... Одржувал работилници за пишување филмска критика во Младинскиот културен центар и преку програма на Europe House. Член е на Здружението за филм и филмска едукација „Крацери“. -
Тамара Тасевска
ТАМАРА ТАСЕВСКА истражува, пишува и предава филм-филозофија, постколонијална и феминистичка кинематографија, интермедијалност и еко-критика во филмот. Има докторирано на француски и франкофонски студии и критичка теорија на Универзитетот Нортвестерн во САД (2021 година) и има објавувано во рецензирани списанија за режисери како Жан-Лук Годар, Клер Дени и Франсоа Озон, и филозофот Жил Делез. Таа во моментот работи на колеџот Барух, CUNY и е активен поддржувач на авангардната видео уметност преку архивата на Френклин Фурнас во Њујорк. -
Ѓорѓи Јаневски
ЃОРЃИ ЈАНЕВСКИ е слободен медиумски и културен работник од Скопје. По завршувањето на филмските студии во Италија станува постојан дел од тимот на независното радио Канал 103, каде што од 2005 година продуцира концертни сесии во живо со македонски и странски артисти. Делува на полето на аудио-визуелната и радио документаристиката, работи како филмски критичар, музички промотер, куратор, издавач и културен менаџер на локалната независна сцена. Тој е ко-основач на Задруга 5060 и на Уметничката резиденција во Папрадиште. Во моментот работи на основањето на Кино клубот „Сидовски“.