Жири и селектори
СЕЛЕКТОРИ НА ФЕСТИВАЛОТ

Кирил Трајчев - селектор на долгометражна селекција

Дејан Здравков - селектор на краткометражна селекција
-
Кирил Трајчев - селектор на долгометражна селекција
КИРИЛ ТРАЈЧЕВ е професор на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“. Неколку години предавал и на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учесник е на повеќе алтернативни и непрофесионални филмски и театарски фестивали. Учествувал и во реализацијата на кратки филмови и театарски проекти. Има објавувано текстови во повеќе списанија и зборници. Земал учество и на повеќе научни собири и конференции. Реализирал повеќе работилници за филозофија и филм. -
Дејан Здравков - селектор на краткометражна селекција
ДЕЈАН ЗДРАВКОВ, роден во Велес, дипломира и магистрира на Институтот за филозофија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и докторира филозофски науки во 2015 год. одбранувајќи ја дисертацијата под наслов: „Егзистенција и интуиција - Бергсоновото и Хајдегеровото поимање на човекот и времето“ под менторство на проф. д-р Ферид Мухиќ (во 2019 објавена како книга во издание на „Аз-Буки“). Се занимава со истражувања во областа на филозофската антропологија и естетиката. Во слободно време се занимава со сликарство. КИРИЛ ТРАЈЧЕВ е професор на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“. Неколку години предавал и на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учесник е на повеќе алтернативни и непрофесионални филмски и театарски фестивали. Учествувал и во реализацијата на кратки филмови и театарски проекти. Има објавувано текстови во повеќе списанија и зборници. Земал учество и на повеќе научни собири и конференции. Реализирал повеќе работилници за филозофија и филм.
ЖИРИ НА ДОЛГОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ

Елизабета Шелева

Луис Мартин Ариас

Нил Кенеди
-
Елизабета Шелева
ЕЛИЗАБЕТА ШЕЛЕВА е редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет во Скопје. Авторка е на 12 книги и преку 270 авторски прилози. Објавила дузина критички есеи од областа на филмот: „Македонскиот филм и балканскиот културен контекст“; „Релацијата филм - книжевност“; „Филмот во балканскиот интертекст“; „Филмот како Lustprinzip („Опасни врски“)“; „Историја, ритуал, филмска поетика („Солунските атентатори“); „Фросина - фигура на отсутноста“; „Поетиката на маниризмот во филмот Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник од Питер Гринавеј“; „Зар секојпат Догвил?“, и др. Во моментов е потпретседателка на македонскиот ПЕН центар. -
Луис Мартин Ариас
ЛУИС МАРТИН АРИАС (Luis Martin Arias) е редовен професор на Универзитетот во Ваљадолид (UVa). Од 1987 до 2017, предавал Историја на филмот на летните курсеви на UVа, а моментално е професор на магистерските студии по филм, комуникација и аудиовизуелна индустрија во соработка со Меѓународната филмска недела на Ваљадолид (Seminci). Основач е на Здружението “Trama y Fondo” и негов потпретседател од 1997 до 2018. Има објавено неколку книги посветени на филмската уметност: „Филмот како естетско искуство“ (1997), „Кон почетоците на кинаматографијата“ (2009) и „Филмското дело на Клинт Иствуд. Текстуална анализа“ (2011). Во моментот развива канал за филмска анализа на YouTube (Análisis del cine) каде што, со детална анализа на филмови преку филозофски методи, подготвува видеа за настава и истражување. -
Нил Кенеди
НИЛ КЕНЕДИ (Niall Kennedy) е професор на Катедрата за француски јазик на Тринити колеџот во Даблин. Работел и како гостин-предавач на Ројал колеџот за уметност во Лондон. Во летото 2023 година, тој ќе биде визитинг-научник на Катедрата за филмски и телевизиски студии на Универзитетот Хаџи Бајрам Вели во Анкара, Турција. Неговите неодамнешни публикации се посветени на философскиот однос меѓу Делез и Фернандо Песоа, објавено од Универзитетот Лувен и есеј за фантастичното во филмовите на Насер Кемир, објавено од Филозофското друштво на Македонија. Тој, исто така, е преведувач на научниот труд за Пјер Булез објавено за Cambridge University Press. Моментално работи на книга посветена на Делез и авторот. Води кампања против академската несигурност во Ирска и е основач на Ирската мрежа за несигурност.
ЖИРИ НА КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ

Ивана Мирчевска

Ана Јакимска

Том Докал
-
Ивана Мирчевска
Ивана Мирчевска (1992, Скопје) е интердисциплинарна уметница и истражувачка. Работејќи преку слики во движење, звук и инсталација, таа се обидува да понуди критички ангажман со антропоцентричните и патријархалните визуелни наративи. Од 2014 г. Ивана Мирчевска е активен учесник во локалната, независна и експериментална уметничка сцена. Таа е соосновач и куратор на фестивалот „Под земја полесно се дише“ - платформа за ефемерни и експериментални уметнички практики. Нејзините мултимедијални инсталации и видео есеи биле прикажувани и изложувани во различни локални и интернационални контексти. Ивана има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности на отсек сликарство (2015) и магистрирано на Академијата за ликовни уметности Брера во Милано, Италија (2018/19). -
Ана Јакимска
Ана Јакимска е македонска филмска режисерка и сценаристка. Нејзиниот дебитантски краток филм „Ќе дојдат децата“ ја претставуваше Македонија во трката за Златен Пехар на филмскиот фестивал во Шангај, Кина, во 2017 година, и беше прикажан на повеќе од 50 фестивали ширум светот. Други кратки филмови во нејзината филмографија се „Гајда“ (2023) и „Синиот час“ (2022). Јакимска е дипломка на катедрата за Филмска и ТВ режија на ФДУ-Скопје и катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Живее и работи во Лондон. -
Том Докал
Том Докал е работник во уметноста, роден и одгледан во малиот Луксембург. Неговата љубов кон киното, театарот и музиката отсекогаш оделе рака под рака. Пуштањето музика и водење радио емисии, режија на претстави – од адаптација на L'écume des jours на Борис Виан за сцената и неодамна корежисер на Mendy – Das Wusical, апсурден мјузикл и љубовна приказна помеѓу млада девојка и нејзиниот коњ, домашен миленик - се чини дека ниедна дисциплина не му е непозната. Самоукиот Луксембуржанец ја храни својата долга синефилија од целосно фронтално-пубертетско доба и набргу потоа почна да рецензира филмови. Денес тој е соработник за неколку новински куќи во Луксембург и генерално поминува премногу време гледајќи филмови – во кино, дома или на фестивали – кога не вози велосипед низ Европа.