Турски краткометражни филмови
Госитн-излагач: Сердар Озтурк / Serdar Öztürk
Воведно излагање: „Филозофија преку кратки филмови“ / Philosophy Through Short Films (ENG)
Селектор: Сердар Озтурк
Проф. д-р Сердар Озтурк е професор на Универзитетот „Хаџи Бајрам Вели“ во Анкара, специјализиран за филмска историја, социологија и филозофија. Автор е на седум книги (меѓу кои и CinePhilosophy: The Journey into Kurosawa’s Dreams) и бројни трудови, со главен фокус на филмска филозофија. Основач е на списанието „СинеФилософија“, Здружението за филм и филозофија и Меѓународниот фестивал на филозофски филмови во Турција. Својата стручност ја споделува преку различни класични и модерни медиуми.
Од излагањето: Филозофијата започнува со прашања: „Што можам да знам?“ „Што треба да правам?“ „Како треба да живеам?“ Ова не се само академски – тие се проживеани прашања. Кратките филмови, во својата дестилирана форма, ја фокусираат мислата. Тие го отстрануваат наративниот неред и нурнуваат длабоко во човечкото искуство. Ова не се само приказни; тие се средби.
во соработка со:

(25.5 / 18:00) ОБИЧАЈ

(25.5 / 18:00) МИ СВЕТНА

(25.5 / 18:00) И МЕНЕ ТАКА...
-
(25.5 / 18:00) ОБИЧАЈ
25.5 (недела) 18:00
Кинотека
ОБИЧАЈ (Teamül / Tradition, 2023)
реж. Али Риза Бајазит / Ali Riza Bayazit. TR, 15’
Салим, трговец на старо, тргнува на пат да ја најде изгубената мачка на кројачот Адем, кого штотуку го запознал; за да го одржи жив неговиот спомен, ќе мора да го крене својот глас против традицијата. Буквално.
Од излагањето
„Филмот поставува судир меѓу моралноста (ригидна, заснована на правила, моларна) и етиката (ситуациска, флуидна, молекуларна). Кога умира сакан христијански дуќанџија, жителите сакаат да го одбележат тоа преку звучникот на џамијата. Имаат се спротивставува – не е таков обичајот. Но, луѓето дејствуваат врз основа на искуството, не на закон. Тие живееле со овој човек. Нивната врска е вистинска, човечка и етичка.“ -
(25.5 / 18:00) МИ СВЕТНА
25.5 (недела) 18:00
Кинотека
МИ СВЕТНА (Dank / Dang, 2023)
реж. Тувана Симин Ѓуна / Tuvana Simin Günay, TR, 16’
Нергис е млада жена што живее сама. Купува половна машина за перење од продавница за стари работи и ја носи дома со помош на носачот Сулејман. Кога носачот ќе се замори од носењето на машината, Нергис се сочувствува на неговите маки и почнува да се однесува топло кон него. Ова отвора простор за неочекувани емоции, сомнежи и дилеми.
Од излагањето
„Филмскиот филозоф Зигфрид Кракауер пишува дека секојдневниот живот го прикрива светот. Но, филмот, како форма на алетеја, го открива. И вистина, во ‘Ми светна’, камерата го разоткрива она што социјалната учтивост го крие: страв, ранливост и дистанца.“ -
(25.5 / 18:00) И МЕНЕ ТАКА...
25.5 (недела) 18:00
Кинотека
И МЕНЕ ТАКА... (Benim de / I Have Just, 2023)
реж. Еџе Акалан Алагоз / Ece Akalın Alagöz, TR, 14’
Еден таксист, кој неодамна го изгубил синот, сака да ја сподели својата тага. Но никој не сака да го слушне. Модерна адаптација на расказот „Тага“ на Антон Павлович Чехов.
Од излагањето
„Болката од смртта на синот го нурнува таткото во меланхолична состојба, која Фројд ја спротивставува на жалењето. Жалењето ја прифаќа загубата и продолжува понатаму. Меланхолијата се прилепува за објектот, свртувајќи ја болката навнатре. Таткото не плаче; не може. Неговата тага го преобразува неговото лице во она што Делеуз го нарекува афективна слика – лице што открива емоција надвор од дејство или наратив.“