Селектори и Жири
Селектори
![Kирил Трајчев [ОСД]](https://philosophicalfilmfestival.mk/wp-content/uploads/2023/05/kiril-trajchev.jpg)
Kирил Трајчев [ОСД]
![Дејан Здравков [ОСК]](https://philosophicalfilmfestival.mk/wp-content/uploads/2021/05/Dejan-Zdravkov_crop-2.jpg)
Дејан Здравков [ОСК]
![Ивана Мирчевска [ВЕ]](https://philosophicalfilmfestival.mk/wp-content/uploads/2024/06/VE_Ziri_Ivana_Mircevska__14_FFF_1716476066984-1024x1024.jpg)
Ивана Мирчевска [ВЕ]
-
Kирил Трајчев [ОСД]
Kирил Трајчев е професор на Меѓународниот славјански универзитет - Свети Николе. Неколку години предавал и на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Подолго време се занимавал со театар и филм. Објавувал авторски текстови во повеќе списанија и зборници. Земал учество и на повеќе научни собири и конференции. Член е на поширокиот состав на Извршниот одбор на ФДМ, а во 2017 година станува селектор на долгометражни филмови на Филозофскиот филмски фестивал и дел од неговиот програмски тим. -
Дејан Здравков [ОСК]
Дејан Здравков, роден во Велес, дипломира, магистрира и докторира на Институтот за филозофија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Се занимава со истражувања во областа на филозофската антропологија и естетиката. Во слободно време се занимава и со пишување на раскази, сценарија за краткометражни играни филмови и со сликарство. Од 2020 год. е член на редакцискиот одбор на „Филозофска трибина“. Од 2017 год. Здравков станува селектор на краткометражни филмови на Филозофскиот филмски фестивал и дел од неговиот програмски тим. -
Ивана Мирчевска [ВЕ]
Ивана Мирчевска е интердисциплинарна уметница, истражувачка и културна работничка. Работејќи преку слики во движење, текст, звук и инсталација, го истражува спојот меѓу технологиите на визуализација и просторната конфигурација на погледот и телото. Мирчевска има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности на отсек сликарство и магистрирано на Академијата за ликовни уметности Брера во Милано, Италија. Таа е авторка на повеќе изложби, инсталации и уметнички проекти, а нејзините проекти се прикажувани во различни локални и меѓународни контексти. Од 2024 година е дел од Филозофскиот филмски фестивал како селектор на видеоесеи.
Жири

Мартин Eредеро Кампо

Кумјана Новакова

Хасан Сердар Гергерлиоглу
-
Мартин Eредеро Кампо
Мартин Ередеро Кампо има докторирано филозофија, со почести, на Универзитетот во Ваљадолид, каде што моментно е активно вклучен во настава и истражувачка работа. Паралелно со неговиот ангажман на универзитетот, предава филозофија и во средното училиште „Сан Агустин“ во Ваљадолид, Шпанија. Негов научен фокус се филозофијата на технологијата, проблемот на нихилизмот, метафизиката, прашањето за смислата и филозофијата на религијата. -
Кумјана Новакова
Кумјана Новакова e филмска авторка со истражувачки приод и паралелни ангажмани како филмска кураторка и предавачка. Нејзините дела – кои ги обработуваат темите на моќта, војната, сеќавањето и отпорот – се прикажани на бројни фестивали и во значајни институции како Tejt Модерн, MoMA, Museum of the Moving Image, IDFA, Cinéma du Réel, Punto de Vista, HotDocs и МГ+МСУМ. Родена во Југославија, Новакова моментно живее и работи на релација Сараево – Скопје. -
Хасан Сердар Гергерлиоглу
Хасан Сердар Гергерлиоглу е доктор по медицина и доктор на науки, професор е по физиологија на Факултетот за инженерство и природни науки при Универзитетот во Истанбул. Експертиза во невронауката, невропсихологијата и медицинската едукација, со специјалност во ендокринологијата и низа интердисциплинарни интереси (невросинематика и ВИ). Добитник на бројни научни награди. Посветен на филмот, активно придонесува кон фестивали за филм и филозофија, како учесник и како директор.