2-9 Јуни 2023, Скопје
македонски јазик English
  • Дома
  • За нас
  • Програма
  • Вести
  • Архива
  • Повици
  • ЕСЕИ
  • Соработници
  • Галерија
  • Видеа
  • Инфо
  • Контакт

2022-05-16 01:47:04

4010

4010

Работилница „Естетика на филмскиот јазик“

Работилница „Естетика на филмскиот јазик“

2022-05-16 01:34:55

4005

4005

Работилници за млади

Работилници за млади

  • <
    >
    Работилница „Естетика на филмскиот јазик“

    Работилница „Естетика на филмскиот јазик“

    Работилницатата за млади со д-р Атанас Чупоски во рамките на 12. ФФФ е наменета за младите заинтересирани за естетиката на филмскиот јазик на возраст од 17 до 19 години (до 12 учесници). Работилницата ќе се одвива во Кинотеката на С. Македонија. 7 мај (сабота) Средба со филмска приказна Естетика на филмска приказна 14 мај (сабота) Читање на филмска приказна
  • <
    >
    Работилници за млади

    Работилници за млади

    СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, проф. м-р Кирил Трајчев, селектор на Официјалната селекција на долгометражни филмови на ФФФ и професор на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе (6 април - „Смислата на животот и бесмисленоста на војната – обид за филозофско промислување“) ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје - Владимир Ѓуровиќ, професор по филозофија во „Јахја Кемал“ и координатор на Едукативната програма на ФФФ (26 април - „Воајеризам и симулиран идентитет - филозофско читање на Шоуто на Труман“) Американска гимназија НОВА – Скопје - вонр. проф. д-р Вангел Ноневски, Филозофски факултет, Скопје; научен истражувач во областа на естетиката и филозофијата на културата (29 април - „Технологијата и еволуцијата низ ракурсот на филмот After Yang“) СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес, д-р Бошко Караџов, професор по филозофија и научен истражувач во областа на графичката литература и интермедијалните жанрови (5 мај - „Филмските светови и суперхеројската етика“) Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ – Скопје, м-р Мариглен Демири, професор по филозофија и истражувач во Центарот за европски стратегии „Еurothink“, Скопје (6 мај - „Филозофијата, филмот и стварноста“) СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, м-р Љатиф Мустафа, професор по филозофија (10 мај - „Социјалната филозофија во филмот Farmer’s Blue“)
Филозофскиот Филмски Фестивал е единствениот филмски фестивал во Македонија и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм-философијата. Од една страна, Фестивалот се обидува да ја промовира идејата за филмот како медиум којшто може да испровоцира филозофска размисла и/или да илустрира филозофски концепти и идеи, на овој начин обраќајќи ѝ се на генералната публика, но и на младите во Македонија поттикнувајќи го развивањето на креативната и критичка мисла. Од друга страна, се обидува да поттикне естетички анализи и истражувања на филмскиот јазик како форма sui generis и да ги охрабри младите режисери и филмски работници во Македонија на рефлексија врз клучните филозофски прашања и концепти со цел градење, развивање и негување на своите автентични филмски светогледи.

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

www.philosophicalfilmfestival.mk
e-mail: contact@philosophicalfilmfestival.mk
fb: Филозофски филмски фестивал
ig: philosophical.film.festival
t: pff_mk

ФИЛОЗОФСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА

Бул. Гоце Делчев бр.9А Центар, 1000 Скопје
e-mail: macedonian.philosophy@gmail.com
fb: Philosophical Society of Macedonia

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Copyright 2022. All rights reserved