РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИ „ФИЛОЗОФИЈА И ФИЛМ“

Стручен соработник: проф. д-р Стефан Сидовски

 

19-26 април 2019, НВО центар – Скопје

Филмот како „огледало“, филозофијата како „огледало“ низ кои можеме да се видиме себеси и да
го видиме светот подобро. И ако е потребна светлина да се излезе од Платоновата пештера, да ја
пронајдеме токму низ филозофијата и филмот!

Филозофскиот Филмски Фестивал по втор пат организираше Работилница за филозофија и филм
со култниот професор Стефан Сидовски, македонскиот „мајстор на аматерскиот филм“ (со снимени
преку 100 независни филмови), но и омилен професор на бројни генерации Корчагинци и студенти
на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА. Работилницата е насочена кон сите кои се
заинтересирани за истражување на синергијата помеѓу филозофијата и филмот, оние кои сакаат
да размислуваат во слики или пак сакаат да се обидат да ја создадат својата прва филмска етида
со помош на професорот Сидовски.

 

19/04, 17.30-19.00
ФИЛОЗОФИЈА НА ФИЛМСКАТА УМЕТНОСТ

20/04, 17.30-19.00
КЛАСИЧНА ТЕОРИЈА НА ФИЛМОТ

22/04, 17.30-19.00
СТРУКТУРА НА ФИЛМОТ

26/04, 17.30-19.00
Прегледување на изработените филмски етиди и креативен фидбек од проф. Сидовски