Organization

ФИЛОЗОФСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА

 

Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) е здружение на граѓани посветено на промоцијата на филозофијата и нејзиното изучување во Република С. Македонија. Здружението е формирано во 1956 година, а во својот сегашен облик постои од 2003 година. ФДМ има реализирано голем број проекти и остварено бројни соработки со институции и здруженија на проекти од областа на филозофијата, како и проекти од интердисциплинарен карактер. Организирани се голем број на филозофски средби, трибини, научни собири, симпозиуми и културни манифестации од кои посебно ги издвојуваме дводневниот симпозиум посветен на Имануел Кант (Битола, јуни 2004), Регионалната конференција на асоцијацијата на филозофите на Југоисточна Европа во 2007 чиј домаќин беше ФДМ, традиционалниот Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“, (Скопје – Св.Николе/Битола – Охрид) во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Меѓународниот славјански универзитет „Свети Николај“, Свети Николе/Битола и Филозофскиот факултет, Скопје.

Здружението од 2006 година е член на меѓународната организација на филозофски друштва – FISP (Fédération Internationale des Sociétés de Philosophie), а се јавува и како издавач на специјализирано филозофско списание на македонски јазик „Филозофска трибина“ коешто долги години е финансиски подржувано од Министерството за култура.

Друштвото веќе седум години организира акредитирани натпревари по Филозофија за учениците од IV година средношколско образование. Исто така, ФДМ четири години е и организатор на македонскиот натпревар за филозофската олимпијада.

Во периодот 2022-2024 Друштвото успешно го реализира (како носител) Еразмус+ проектот „Филозофија со деца за поширока социјална инклузија“, заедно со партнери од Грција, Словенија и нашата земја.

Една од главните активности на Друштвото од 2004 година е и организацијата на научни собири и симпозиуми по повод Светскиот ден на филозофијата кој беше востановен од УНЕСКО во 2002 година и кој се прославува насекаде низ светот. Годинава (20 ноември) ќе се одвива неговото 22. чествување кај нас. Во рамките на Светскиот ден на филозофијата во Македонија се организирани симпозиуми и научни собири посветени на мислители како Џорџ Беркли, Георг Вилхелм Фридрих Хегел, Огист Конт, Артур Шопенхауер, Дејвид Хјум, Чарлс Дарвин, Џанбатиста Вико, Адам Смит, Имануел Кант итн, но и научни конференции со проблемски определена тема: „Филозофијата и македонскиот јазик“, „Филозофијата денес“, „Филозофијата и образованието“, „Филозофија и политика“, „Филозофијата и современоста“, „Филозофијата и мирот“, „Промислување на пандемиите“, „Филозофската мисла во Македонија“ (ФДМ секоја година објавува број на „Филозофска трибина“ со темат од симпозиумите). Покрај ова, Друштвото организира и бројни промоции на книги, разни предавања од областа на филозофијата и е континуирано посветено на промовирањето на филозофските вредности и култура во Македонија.

Од бројните институции и организации со кои Друштвото има соработувано ќе ги споменеме: Македонската академија на науките и уметностите, Францускиот институт во Скопје (Месец на француската филозофија и редовна соработка преку Филозофскиот филмски фестивал), Гете институтот Скопје (Месец на германската филозофија и Ретроспективата Вендерс како дел од ФФФ и Средношколската видеолектира), Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (Месец на источната филозофија), Британската амбасада (Месец на британската филозофија), Шпанската, Италијанската, Полската, Шведската амбасада во Скопје (главно сорботка со Фестивалот), мм Здружението на класични филолози „Антика“ (три интердисциплинарни и меѓународни симпозиуми, мноштво работилници и трибини), ЕУ Инфо Центар во Скопје, Факултетот за музички уметности, Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, МСУ „Свети Николе“ – Свети Николе/Битола, како и долгогодишната плодна соработка на Друштвото со Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје.

Во 2014 година, по веќе докажаниот успех од претходните изданија на Филозофскиот филмски фестивал, Филозофското друштво на Македонија го зема Фестивалот под своја закрила и тој оттогаш се организира во негови рамки како културна манифестација на Друштвото. Во рамките на Друштвото функционира Комисија за филозофија и филм (прв координатор: Ана Дишлиеска-Митова, сегашен: Ѓорѓи Пулевски), чиј тим го претставува Организацискиот одбор на Фестивалот задолжен за негова успешна реализација.

За дополнителни информации или доколку сакате да станете член на Филозофското друштво на Македонија обратете се на: macedonian.philosophy@gmail.com

СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА 2019,
симпозиум на тема: Човекот како мера: 2500 од раѓањето на Протагора
21.11 (четврток), 9:30 ч.

Read more

Трибина на тема „Философијата и книжевните жанрови“ и Работилница „Зборови, сенки, идеи...“

Read more

Промоција на Зборникот „CHRONOS и KAIROS: Античките концепти за времето“

Read more

Проф. д-р Џулијано ди Бернардо на тема: „Етичката криза на човештвото и на цивилизациите“

Read more

Трет интернационален филозофски дијалог „Исток-Запад“

Read more

Светски ден на филозофијата 2017, симпозиум „Филозофијата и мирот“

Read more

Предавање „За основите на етиката на Св. Климент Охридски“ со д-р Дејан Донев

Read more