Официјална селекција на краткометражни филмови
Ден 1: 126′

(23.5 / 18:00) ЗОРА СЕКОЈ ДЕН

(23.5 / 18:00) НОВО

(23.5 / 18:00) ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ

(23.5 / 18:00) БРОДОЛОМЦИ

(23.5 / 18:00) ЛОШО ЗА МОМЕНТ

(23.5 / 18:00) СВЕНАТИ ЦУТОВИ

(23.5 / 18:00) УСЛУГИ

(23.5 / 18:00) НАШАТА СЕНКА
-
(23.5 / 18:00) ЗОРА СЕКОЈ ДЕН
23.5 (петок) 18:00
Кинотека
ЗОРА СЕКОЈ ДЕН (فجر كل يوم / Dawn Every Day, 2024)
реж. Амир Јусеф / Amir Youssef, EG, 20’
По национализацијата на Суецкиот канал во 1956, додека возрасните се обземени од национална еуфорија, осумгодишниот Набил е со скршено срце. Космополитскиот дух на Каиро се распаѓа и многу семејства со странско потекло си одат, вклучувајќи го и она на неговата најдобра другарка Миреи. Топла, хумана приказна за пријателството и сеќавањето, за една невина детска перспектива исправена пред суровите историски околности на свет кој не е по мерка на децата. -
(23.5 / 18:00) НОВО
23.5 (петок) 18:00
Кинотека
НОВО (New, 2024)
реж. Жења Казанкина / Zhenia Kazankina, RU, IT, 20’
Рано наутро, во едно московско предградие, Дарја пристигнува во еден стан да чува големо бело куче на три дена. Набргу, почнува да се сомнева дека сопственикот на станот не е само отсутен, туку можеби и исчезнат, доколку воопшто и постои. Оваа мистериозна празнина ѝ ја менува нејзината перцепција; фигурините и фотографиите во станот како да кријат поголема загатка за светот во кој таа постепено се губи, борејќи се со сопствените стравови и растечкото чувство на нереалност. -
(23.5 / 18:00) ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ
23.5 (петок) 18:00
Кинотека
ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ
(Čovjek koji nije mogao šutjeti / The Man Who Could Not Remain Silent, 2024)
реж. Небојша Слијепчевиќ / Nebojša Slijepčević, HR, BG, 14’
Февруари 1993. Босна. Во воз кај Штрпци, паравоени формации вршат етничка чистка. Само еден од 500 патници, Томо Бузов, се осмелува да се спротивстави. Базиран на вистински настан, филмот ги истражува границите на моралот во екстремни, клаустрофобични услови, онаму каде тишината станува погласна од совеста. Златна палма во Кан 2024 и номинација за Оскар. -
(23.5 / 18:00) БРОДОЛОМЦИ
23.5 (петок) 18:00
Кинотека
БРОДОЛОМЦИ (Náufragos / Castaways, 2024)
реж. Андреа Сааведра де ла Теха / Andrea Saavedra de la Teja, MX, 13’
13-годишната Миријам се грижи за четиримесечниот брат Ное и мајка си која страда од постпородилна депресија. Кога најдобрата другарка ја кани на забава кај момчето што ѝ се допаѓа, таа прави сè за да го заспие братчето. Но, следното утро, Ное не се буди. Трогателна социјална драма што ги осветлува темните одаи на дисфункционалните семејства, во кои младите адолесценти – соочени со напуштеност, горчина и очај – се принудени брзо и предвреме да созреат. Златно јајце на Кустендорф. -
(23.5 / 18:00) ЛОШО ЗА МОМЕНТ
23.5 (петок) 18:00
Кинотека
ЛОШО ЗА МОМЕНТ (Mau por um momento / Bad for a Moment, 2024)
реж. Даниел Соариш / Daniel Soares, PT, 15’
Архитектонското студио на Адријао гради луксузни апартмани во сиромашните квартови на Лисабон. Еден ден, додека се опушта со колегите на „Car Smash“ – тим-билдинг настан со терапевтска функција – гневни тинејџери му ја уништуваат новата „Тесла“. Овој судир на двата света го соочува Адријао со последиците од неговата работа и со една лична и безизлезна морална криза. Темна саркастична фарса за социјалната неправда од гентрификацијата. Специјално признание на Кан. -
(23.5 / 18:00) СВЕНАТИ ЦУТОВИ
23.5 (петок) 18:00
Кинотека (бесплатна проекција)
СВЕНАТИ ЦУТОВИ (Withered Blossoms, 2024)
реж. Лајонел Сиа / Lionel Seah, AU, 14’
По дводневни обиди да ја прикрие разделбата со својот долгогодишен партнер, една млада девојка конечно ја посетува својата баба, заморно исправена пред последните предизвици на староста. Заедничките мигови на нежност, прошетките во паркот и трпеливите сеанси на нега во скромниот дом ја соочуваат девојката со неизбежната дистанца, и сето тоа додека топлиот глас на бабата ѝ одекнува како заумно ехо на некакви подзаборавени, универзални човечки вистини, расплетувајќи се како тивка, безвремена медитација за минливата убавина на животот. -
(23.5 / 18:00) УСЛУГИ
23.5 (петок) 18:00
Кинотека
УСЛУГИ (Favours, 2024)
реж. Агнес Сконаре / Agnes Skonare, SE, 11’
На преполна железничка станица во Шведска, вознемирената Соња со бебе в раце бара помош. Тврди дека ѝ било оставено на кратко чување, но мајката исчезнала, а нејзиниот воз треба да пристигне во секој момент. Но, колку е таа популарна во обидот да се ослободи од бебето за кое тврди дека не е нејзино, толку околината станува подозрива, создавајќи тензија и несигурност околу вистината. Интензивна социопсихолошка драма која ги предизвикува стереотипните поимања за мајчинството и родовите очекувања. Специјално признание на Палм Спрингс. -
(23.5 / 18:00) НАШАТА СЕНКА
23.5 (петок) 18:00
Кинотека
НАШАТА СЕНКА (Nuestra sombra / Our Own Shadow, 2024)
реж. Агустина Санчес Гавиер / Agustina Sánchez Gavier, AR, DE, 19’
Затемнувањето на сонцето носи лоши предзнаци во рурална Аргентина. Додека темнината ја обвива џунглата, а воздухот добива мрачно претчувство, Марија размислува за скриените сили, Лукас си ја бара исчезнатата сестра, а Камила венеe од треска. Нивниот заеднички свет се распаѓа пред немилосрдната сцена на шумите. Длабоко поетична и визуелно впечатлива реакција за вознемирувачките промени кај луѓето среде немилосрдна експлоатација на природата.
Ден 2: 127′

(26.5 / 18:00) ЦРНА ДУПКА КАЈ ОКРУГОТ КЕНТ

(26.5 / 18:00) ВОЗВИШЕНИ ВРВОВИ

(26.5 / 18:00) БАРАЈЌИ РЕЧЕ ЗАБОРАВИВ

(26.5 / 18:00) ЏЕЈМС

(26.5 / 18:00) РЕЧИСИ СИГУРНО ПОГРЕШНО

(26.5 / 18:00) ГОРЧЛИВА ТРПЕЗА

(26.5 / 18:00) ХИМНА НА ЧУМАТА
-
(26.5 / 18:00) ЦРНА ДУПКА КАЈ ОКРУГОТ КЕНТ
26.5 (понеделник) 18:00
Кинотека
ЦРНА ДУПКА КАЈ ОКРУГОТ КЕНТ (A Black Hole Near Kent, 2024)
реж. Хана Скирбик / Hannah Schierbeek, US, 15’
Џули, возач-доставувач во американскиот среден запад, одлучува да разоткрие една страшна вистина што долго ја измачува. Води една новинарка до тајна депонија – „црната дупка“ каде нејзината фабрика со години фрла токсичен отпад, контаминирајќи ги водите во целата област. Длабоко интимна социоеколошка драма која се фокусира на последиците од индустриското уништување на природата и кревкоста на човечкото здравје, откривајќи ги „лузните што водата не може да ги измие“. -
(26.5 / 18:00) ВОЗВИШЕНИ ВРВОВИ
26.5 (понеделник) 18:00
Кинотека
ВОЗВИШЕНИ ВРВОВИ
(Vultosos cumes / Under the Mountains' Shadow, 2025)
реж. Диого Салгадо / Diogo Salgado, PT, FR, BE, 20’
Групи португалски работници редовно заминуваат на мачна, повеќемесечна работа во фабрики во источна Франција. 23-годишниот Педро е на своето прво такво искуство. Додека за поискусните колеги ова е само уште едно патување, за него ноќното возење низ бура е хипнотичко сновидение. Рамнодушен кон монотоната фабричка работа среде прашината и емоционално исклучен, Педро има душа што копнее и се возбудува единствено од размугрениот поглед на колосалните Алпи во далечината... -
(26.5 / 18:00) БАРАЈЌИ РЕЧЕ ЗАБОРАВИВ
26.5 (понеделник) 18:00
Кинотека
БАРАЈЌИ РЕЧЕ ЗАБОРАВИВ (looking she said I forget, 2024)
реж. Наоми Пасифик / Naomi Pacifique, CH, NL, 25’
Штотуку преселена во Амстердам и соочена со комплексноста на својата полиаморична врска на дистанца до Цоел, Лу се препушта на тивки меандрирања низ колоритната топографија на новиот град. И додека нејзиниот емотивен свет се шири и „посивува“, таа сè понемоќна да се центрира себеси во него... Меланхоличен, контемплативен филм кој ги преиспитува социјалните норми на интимните врски, како и прашањата за изолацијата, болката, ранливоста и емпатијата во современите човечки односи. -
(26.5 / 18:00) ЏЕЈМС
26.5 (понеделник) 18:00
Кинотека
ЏЕЈМС (James, 2024)
реж. Андрес Родригес / Andrés Rodríguez, GT, MX, 20’
Младиот домороден Гватемалец Џејмс продава футроли за мобилни на улиците на Гватемала Сити. Со децата од своето опкружување живее во затворен свет, незашитен од возрасните. Секојдневно борејќи се за место во „хиерархијата на машкоста“, соочен е со беспомошност, гнев и постојан страв од напуштање сред огромниот град. Притисокот на крајот станува неподнослив. Трогателна социјална драма за суровите светови на децата кои се принудени да пораснат на улица, за нивната ранливост и кревкост, но и за нивната виталност, храброст и издржливост. -
(26.5 / 18:00) РЕЧИСИ СИГУРНО ПОГРЕШНО
26.5 (понеделник) 18:00
Кинотека
РЕЧИСИ СИГУРНО ПОГРЕШНО
(Neredeyse kesinlikle yanlış / Almost Certainly False, 2024) реж. Џансу Бајдар / Cansu Baydar, TR, 20’
21-годишната Хана и брат ѝ Надер, бегалци од Сирија, живеат во сиромашно предградие на Истанбул. Хана затвора очи, ги стиснува ноктите, сонува за Европа и копнее по „место без страв под облаците“. Трогателен портрет на издржливоста, тивката сила и новите надежи на животот отконрад од конфликт, сочен со кревки почетоци и невидливи трауми, но и со нови надежи и сништа. -
(26.5 / 18:00) ГОРЧЛИВА ТРПЕЗА
26.5 (понеделник) 18:00
Кинотека
ГОРЧЛИВА ТРПЕЗА (Pasta Negra, 2025)
реж. Хорхе Тиелен Арманд / Jorge Thielen Armand, VE, CA, 15’
Рано пред зори, Герминија, Коралија и Милагрос тргнуваат на ризично патување низ планински патчиња до дивиот граничен премин со Колумбија. Таму, со други жени од Венецуела, трпеливо чекаат во ред да ја продадаат својата коса за неколку пакетчиња тестенини. Адаптација на расказот „Ножици“ (Tijeras) на венецуелската писателка Карина Саини Борго, „Горчлива трпеза“ е потресен, поетски наратив што ја содржи сета емотивна густина на ужасот од дехумационизацијата и разорните последици на актуелната венецуелска социоекономска и хуманитарна криза. -
(26.5 / 18:00) ХИМНА НА ЧУМАТА
26.5 (понеделник) 18:00
Кинотека
ХИМНА НА ЧУМАТА (Гимн чуме / Hymn of the Plague, 2024) реж. Атака51 / Ataka51, RU, DE, 12’
Во старо советско студио, еден оркестар поставува врз музика стихови од Пушкиновата „Гозба во време на чума“. За време на изведбата, застрашувачки феномен ја менува реалноста: ѕидовите треперат, светлата се гасат, инструментите се деформираат. Стихијата кулминира во апокалиптична симфонија и морбиден мизансценски тресок. Инспириран од расказ на Кортасар (Casa Tomada, 1946), „Химна на чумата“ е моќна политичка алегорија за невидливите сили на контрола и репресија што владеат со луѓето.