Гости

ВАНГЕЛ НОНЕВСКИ

ДОМИНИК ШАТО

РИСТО СОЛУНЧЕВ

ИГОР И. ЕВЛАМПИЕВ

ВЛАДИМИР ДАВЧЕВ

ЏОН О’МЕЛАРКА

МАЈА МУХИЌ

ХРВОЈЕ ТУРКОВИЌ

СЕРДАР ОЗТУРК

ИЛУМ ЈАКОБИ

БАРТОШ ГРУЏИЕЦКИ

АТАНАС ЧУПОСКИ

СЛАВИЦА СРБИНОВСКА

СТЕФАН ПАЛИТОВ

ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ

МИЛАН ЃОРЃЕВИЌ

YORDAN KOSTOV QUINTET

Излагачи (Интернационална конференција „Филозофија и Филм“
-
ВАНГЕЛ НОНЕВСКИ
Вангел Ноневски, роден во Белград, дипломирал, магистрирал и докторирал на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Досега има издадено две авторски книги: Музички бриколаж (2003) и Грамофонот како метаинструмент (2014); и приредено еден зборник. Неговите интереси и активности се од областите на културата и студиите на ремиксот (од Дишан до Grandmaster Flash); естетиката и интердисциплинарните студии на интерактивните уметности; модерната уметност и нејзиниот однос кон семиологијата (од Бенјамин до Дерида); теоријата на современата архитектура и јавниот простор; и сè она што влегува во пукнатините меѓу нив... Во периодот од 2012 до 2018 предавал на Универзитетот „Евро-Балкан“ во Скопје и „Американ колеџ“ во Скопје. Моментално работи како професор на Институтот за филозофија, при Филозофскиот факултет во Скопје. -
ДОМИНИК ШАТО
Доминик Шато е емеритус професор на Универзитетот во Париз 1 Пантеон-Сорбона и член на истражувачки тим на Институтот АКТЕ. Студирал филозофија и логика на Сорбона, каде што предавал естетика, филозофија на уметност и филмски студии. Во моментов е предавач на Вишото национално училиште за урбанизам (ENSP) во Версај. Тој е главен уредник на списанието Nouvelle Revue d’Aesthétique. Има објавено голем број на дела, како на пример: Пластичните уметности: археологија на поимот (1999); Филмот и филозофијата (2003); Субјективноста во филмот (2011); Естетизација на уметноста. Современата уметност и филмот (2014); После Чарли: негирање на репрезентативноста (2016); Јапонска естетика. Уметноста и вкусот во модус на лебдење (2019). Пост-филм, заедно со Хозе Муре (2020). Во печат: Кинематографската идеја. -
РИСТО СОЛУНЧЕВ
Ристо Солунчев, роден во Скопје, дипломирал, магистрирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Моментално работи како редовен професор на Институтот по философија и ги предава предметите: Нововековна философија, Германска класична философија, Модерна и Современа философија. Но неговата егзистенција е вибрирачка машина од флукс на музика што ја бара сопствената философска форма, и философија што тежнее да се укине во музиката. Од 1993 до 1996 студира македонска традиционална музика со Пеце Атанасовски и голем број доајени на македонската традиционална музика, а во 1997 со група на ученици на Атанасовски го ко-основа и раководи Оркестарот „Пеце Атанасовски“ до 2003 година. Последните 15 години активно ја изучува Византиската црковна музика и е диригент на Македонскиот византиски хор „Хармосини“. -
ИГОР И. ЕВЛАМПИЕВ
Игор И. Евлампиев е професор на Катедрата за Руска философија и култура во Философскиот институт на Државниот универзитет во Санкт Петербург. Неговите истражувачки интереси вклучуваат: историја на филозофијата и филозофијата на културата, особено филозофијата на филмот. Неговите монографии (на руски јазик) се: Божественото и човечкото во филозофијата на Иван Илин (1998), Историја на руската метафизика во XIX и XX век (2000 година; 2. изд. - 2020); Уметничката философија на Андреј Тарковски (2001; 2. изд. - 2012); Историја на руската философија (2002; 2. изд. - 2014), Философијата на човекот во творештвото на Ф. Достоевски (2012); Политичка философија на Б. Н. Чичерин (2013); Руската философија во европски контекст (2017), Анри Бергсон: философијата на ерата којашто доаѓа (2020) и други. -
ВЛАДИМИР ДАВЧЕВ
Владимир Давчев роден во Скопје, дипломирал, магистрирал („Однос ‘дух-тело’ во модерната аналитичка филозофија“) и докторирал („Свеста и аналитичката филозофија: Анализа на сфаќањето на поимот свест кај Бертранд Расел, Гилберт Рајл и Даниел Денет“) на Филозофскиот факултет во Скопје. Во моментот работи како редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет и е автор е на педесетина објавени трудови. Предава повеќе предмети, од кои би ги издвоиле: Технофеминизам и киберкултура, Родот и сексуалноста, Филозофија на духот (Philosophy of Mind), Критички приод кон мажественоста, Технологијата и родот. Професор д-р Владимир Давчев е еден од основачите на Интердисциплинарниот центар за когнитивна наука (ИЦКН) (Interdisciplinary Center for Cognitive Science (ICCS)) на Филозофскиот факултет во Скопје. -
ЏОН О’МЕЛАРКА
Џон О’Меларка (John O’Maoilearca), професор на Катедрата за критички и историски студии на Универзитетот Кингстон, Лондон. Претходно предавал филозофија на Универзитетот во Сандерленд, Англија и на Универзитетот во Данди, Шкотска. Има објавено единаесет книги, вклучувајќи ги: (како автор) Бергсон и филозофијата (2000), Пост-континенталната филозофија: Преглед (2006), Филозофијата и подвижните слика: Рефракции на реалноста (2010) и Сите мисли се еднакви: Ларел и не-човечката филозофија (2015). Негови потесни области на интерес се: континентална филозофија (Бергсон, Делез, Ларел, Бадју), метафизиката (особено на времето и на идентитетот), мета-филозофијата, филозофската експресија, вклучително и дијаграматско мислење, како и филм-филозофијата. Претходно има предавано филм-филозофија и теорија на споменатите Универзитети во Сандерленд и Данди. Професор Меларка е член на редакцискиот одбор на светски познато научно списание од оваа област Филм-Филозофија. -
МАЈА МУХИЌ
Маја Мухиќ докторира филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје; има одбрането магистерска теза од областа на социјалната антропологија на Универзитетот во Кембриџ. Таа, исто така, поседува магистратура по родови студии и култура на Централниот европски универзитет во Будимпешта, Унгарија. Во 2004 година Мухиќ како стипендист на Амриканскиот државен департмент добива двомесечен студиски престој на Универзитетот Санта Барбара во Калифорнија, САД. Како резултат на нејзините истражувања таму, Мухиќ се појавува како коавтор на Енциклопедијата на глобална религија (2011). Проф. Мухиќ предава на Центарот за јазици на Факултетот за јазици, култури и комуникација при Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово од 2003 година. Нејзините потесни интереси ги вклучуваат: колонијализмот и човекови права, мултикултурализмот, интеркултурните компетенции. -
ХРВОЈЕ ТУРКОВИЌ
Хрвоје Турковиќ роден во Загреб, Хрватска, дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб, а магистрирал на NYU, New York City во Соединетите Американски Држави. Тој е редовен професор, којшто и по пензионирањето, сè уште предава како гостин професор на Академијата за драмски уметности при Универзитет во Загреб и Универзитетот Верн, Загреб. Тој има дипломирано филозофија и социологија на Универзитет во Загреб (М.А.); магистира филмски студии на Њујоршкиот Универзитет, САД; докторира од областа на филологијата на Универзитетот во Загреб. Турковиќ има објавено 17 книги а, исто така, и бројни статии за филм и ТВ. Член е на уредничкиот одбор на академското филмско списание Hrvatski filmski ljetopis. -
СЕРДАР ОЗТУРК
проф. Сердар Озтурк е професор на Катедрата за радио, телевизија и филм на Факултетот за комуникации при Универзитетот Анкара Хаџи Бајрам Вели (AHBV), Турција. Студирајќи низ призмата на интердисциплинарните перспективи, Озтурк има објавено обемни трудови во национални и меѓународни списанија и седум книги за културната историја на Турција, како и историјата, социологијата и филозофијата на филмот. Негови поголеми студии се: Филмот, рецепцијата и политиката за време на раниот републикански период, Дијалектика на комуникацијата во османлискиот период, Изворите на социологијатана комуникацијата во Турција. Книгите Синефилозофија: Патувањето во ‘Соништа’ на Куросава и Вовед во синефилозофија: филозофија сочинета од филмови се однесуваат на врската филм – филозофија. Тој е основач и главен и одговорен уредник на меѓународното списание од оваа област SineFilozofi. -
ИЛУМ ЈАКОБИ
Илум Јакоби има алпинистичка позадина и долги експедиции на Арктикот и Амазон. Тој работел како снимател на големи надморски височини пред да започне свои експедиции во оддалечените планински масиви патувајќи преку долги 2.500 км на Северниот брег на Гренланд. Подоцна студирал кинематографија во Данската филмска школа и започнал да снима филмови со научници и уметници коишто го изучуваат нашиот однос кон природата. Таа тема ја продолжува во форма на фикција со серија долгометражни проекти базирани врз неговите искуства во пустината. Неговиот прв филм ПРОБЛЕМОТ СО ПРИРОДАТА е создаден во склад со немирниот дух на Романтизмот и снимен со само двајца актери во високите предели на Алпите. -
БАРТОШ ГРУЏИЕЦКИ
Бартош Груџиецки е роден во Вроцлав, Полска во 1982 година. Заедно со своите родители емигрирал во Германија уште додека бил дете. Студирал на Универзитетот за телевизија и филм во Минхен. Во 2005-та година тој е во жирито на Интернационалниот филмски и телевизиски училишен фестивал во Лоџ, Полска. Во 2008 година учествувал на 6-тиот Кампус за таленти на Берлиналето. Неговите уметнички интереси се поврзани и со сликањето и архитектурата (има објавено дела во најважните полски списанија за архитектура). Од 2009 година па сѐ до ден денес тој е тутор во ХФФ Минхен (проектен супервизор по сценарио и режија). ЅИД е неговото филмско деби коешто на еден поетски начин токму се зафаќа со проблемот на слободата. -
АТАНАС ЧУПОСКИ
Атанас Чупоски е писател и режисер, доктор на филолошки науки. Вработен е како филмолог-советник во Кинотека на Македонија, сценарист и режисер е на седум документарни и еден кусометражен игран филм. Автор е на дваесетина ТВ-емисии во продукција на МРТ и стотина радиоемисии во продукција на Канал 103 и Радио Равел. Автор е на четири книги и над стотина книжевни и филмолошки студии, есеи, песни, раскази и публицистички текстови. Професор е по Историја на филм и Теорија на филм на Универзитетот Еуропа Прима. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и Друштвото за компаративна книжевност на Македонија. -
СЛАВИЦА СРБИНОВСКА
Славица Србиновска е редовен професор по теорија и методологија на книжевноста и компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Таа објавува и преведува студии од областа на теоријата на литературата и компаративната книжевност (М. Бал, Џ. Принс и др.). Главни студии: Феминизам и род (2010) Книжевност, филм, популарна култура (2011), Книжевност и филозофија (2012) Филозофијата на гледната точка (2020) итн. Професор Србиновска соработувала на проекти од областа на теоријата на фикцијата (вклучувајќи ја областа посветена на адаптацијата на романот/книжевноста во филм, на драмата во театарот) и културолошките студии со Универзитетот во Амстердам, Европскиот институт за родови студии во Фиренца, Универзитетот Нова Сорбона (Париз III) и други универзитети. -
СТЕФАН ПАЛИТОВ
Стефан Палитов е режисер, мултимедијален уметник и истражувач кој се фокусира на раскажување приказни, проширени реалности и уметност & технологија. Неговото академско образование вклучува додипломски студии по Филозофија на универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје и студии по режија на ФАМУ во Прага, Чешка. Mагистерските студии ги завршува во рамките на Еразмус Мундус програмата Media Arts Cultures. Покрај создавањето играни и документарни филмови, Палитов има учествувано на изложби на ВР (виртуелна реалност) и мултимедијални уметнички дела. Дел од позначајните изложби се Ars Electronica и изложби во Копенхаген, Хонг Конг, Нанџинг, Чангша… Како дел од artist-in-residence престоите во Кина (поддржано од УНЕСКО) и во ZKM | Центар за уметности и мултимедија, Карлсруе (Германија), Палитов ја има истражувано историјата и дизајнот на 360-степени, ВР и интерактивните уметнички дела. -
ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ
Владимир Љ. Ангелов по дипломирањето на ФДУ, кратко работи како продуцент во Вардар филм, а од 1995 г. работи во Кинотеката и во 2017 г. е назначен за директор. На почетокот на кариерата работи на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд, a од 2006–2017 е одговорен за реализација на месечната филмска програма, реализирајќи и соработувајќи на голем број проекти како прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија. Од 1997 соработува со списанието КИНОПИС и објавува околу триесеттина текстови. Соработува со повеќе филмски фестивали, и бил член на жирија на Watch Out, Филозофски филмски фестивал, Синедејс. -
МИЛАН ЃОРЃЕВИЌ
Милан Ѓорѓевиќ (Скопје, 1981) е православен свештеник и вонреден професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По завршувањето на додипломските богословски студии во Скопје и магистерските студии по философија во Софија, во 2011 докторира средновековна философија на „Томас Институтот“ при Философскиот факултет на Универзитетот во Келн. Дисертацијата насловена како Nikolas Kabasilas – ein Weg tu einer Synthese der Traditionen е објавена под истиот наслов за издавачката куќа Peeters во 2015 година. Истата година излегува од печат и неговата прва книга на македонски јазик Византија во дијалог, а четири години подоцна и втората И на небо и на земја. Од 2019 год. е и преводот на монографијата Византиска философија на Георги Каприев. Организатор е на научни собири и дискусии од областа на теологијата и философијата. -
YORDAN KOSTOV QUINTET
-
Излагачи (Интернационална конференција „Филозофија и Филм“