Гости 14. ФФФ
ИВАН МИЛЕНКОВИЌ | Излагање: Што е слобода?
СЛОБОДАНКА МАРКОВСКА | Воведно излагање
СТИВЕН ФРИДМАН
Излагање: The Gold Rush: Chaplin, Tautology, and the Dignity of Humor
-
ИВАН МИЛЕНКОВИЌ | Излагање: Што е слобода?
ИВАН МИЛЕНКОВИЌ е филозоф по образование, преведувач по вокација, критичар по темперамент. Студира право и филозофија на Универзитетот во Белград, а докторира на Факултетот за политички науки во Белград со теза за поимот „сувереност“. Се занимава со современата политичка и современата француска филозофија.
Ги има објавено книгите: „Филозофски фрагменти“ (2011), „Пофалба на неслогата: Макијавели против макијавелизмот“ (2018), „Глас и писмо: Дијалектиката на темнината на Амир Бркa“ (2023). Во домашната, регионалната и меѓународната периодика има објавено повеќе од 40 научни трудови, дваесетина огледи и околу 250 осврти, прикази и рецензии. Сам, или во соработка со други колеги, има приредено 5 зборници на текстови. Од француски јазик има преведено 12 студии (меѓу останатите, дела од Жил Делез, Жак Дерида, Жак Рансиер, Мишел Фуко итн.). Има одржано бројни предавања во Србија, во регионот и во Франција.
До 2021 година Миленковиќ е уредник на филозофската библиотека на издавачката куќа „Федон“. Член е на Здружението на книжевни преведувачи на Србија. Работи во Третата програма на Радио Белград. -
СЛОБОДАНКА МАРКОВСКА | Воведно излагање
СЛОБОДАНКА МАРКОВСКА е родена во Битола, каде што завршува основно и средно образование. Дипломира, магистрира (теза: „Антрополошката мисла на Ерих Фром“) и докторира (теза: „Жената во Библијата: антрополошки импликации“) на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Била иницијаторка и координаторка на тимот за подготовка на елаборат за студиска програма пo родови студии, и од основањето на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет во 2007 год., па сѐ до 2013 година, ја извршува функцијата раководителка. Од 2016 година е пензионирана универзитетска професорка.
Марковска има објавено голем број научни и стручни трудови, предговори и поговори на книги, преводи, прикази. Авторка е на книгата „Човекот и надежта“ (Скопје: Метафорум, 1994), а коуредничка на првата антрополошка хрестоматија кај нас, „Антропологија - зборник текстови“ (Скопје: Догер, 1999). Раководителка е на проектот за издавање на македонски јазик на светски реномираната петтомна едиција „Историја на жените на Западот“ (уред. Мишел Перо и Жорж Диби). Во нејзиниот творечки опус се вбројуваат и шест преведени дела од англиски јазик од областа на хуманистиката.
Марковска учествува на бројни домашни и меѓународни научни собири, симпозиуми, летни школи итн. Во 1997 год. реализира студиски престој на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. -
СТИВЕН ФРИДМАН
Излагање: The Gold Rush: Chaplin, Tautology, and the Dignity of HumorСТИВЕН ФРИДМАН е филозоф (Харвард) со богата научна академска кариера. „Њујоркер“ го прогласи за „полимат“ поради неговиот придонес во различни области како: филозофијата, молекуларната биологија, медицината, визуелната уметност, поезијата, драматургијата и перформансот. Во рамките на еден грант од Националниот институт за рак, тој истражува во подрачјето на медицината и молекуларната биологија на УКЛА, каде што неговиот придонес се движи во распон од развивање методи за разјаснување на структурата на вирусите, па сѐ до зачнување паметна хемотерапија против ракот.
Како ликовен уметник, Фридман е претставен во галеријата „Роберт Берман“ во Лос Анџелес (од 1999 година). Музејот на модерна уметност од Сан Франциско ја окарактеризира неговата уметност како „нов режим на визуелно претставување“. Неговиот опус вклучува над 200 филозофски дела, шест збирки лирска поезија, драмата „Страста на умот“ (1980), филозофската наративна поема „Книгите на Џошуа“ (2008) итн. Премиерно претставен пред њујоршката публика, неговиот автобиографски филозофски перформанс „Бикот на Фаларис: Решавајќи ја загатката на чудесниот, голем свет“ (Phalaris's Bull: Solving the Riddle of the Great Big World) има доживеано многубројни изведби во САД, Европа и Азија, а веќе неколку и во Македонија (меѓу другото, минатата година беше прикажан на 63. Охридско лето).