ФФФ Воведи и средби / PFF Encounters & Intros
Вовед кон филмот „Тело на вистината“
вонр. проф. д-р Вангел Ноневски
ВАНГЕЛ НОНЕВСКИ, роден во Белград, дипломирал, магистрирал и докторирал на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Досега има издадено две авторски книги: Музички бриколаж (2003) и Грамофонот како метаинструмент (2014); и приредено еден зборник. Неговите интереси и активности се од областите на културата и студиите на ремиксот (од Дишан до Grandmaster Flash); естетиката и интердисциплинарните студии на интерактивните уметности; модерната уметност и нејзиниот однос кон семиологијата (од Бенјамин до Дерида); теоријата на современата архитектура и јавниот простор; и сè она што влегува во пукнатините меѓу нив… Во периодот од 2012 до 2018 предавал на Универзитетот „Евро-Балкан“ во Скопје и „Американ колеџ“ во Скопје. Моментално работи како професор на Институтот за филозофија, при Филозофскиот факултет во Скопје.
YORDAN KOSTOV QUINTET
Отворање на 11. Филозофски филмски фестивал (27/05/2021)
YORDAN KOSTOV QUINTET
Џез концерт за Отворањето на 11. Филозофски филмски фестивал
27 мај (четврток), 20.00 – Летно кино „Мирно лето“
Yordan Kostov Quintet, во кој освен авторот, партиципираат и Андреа Мирческа, Филип Букршлиев, Дамјан Грујо и Драган Теодосиев, е маркантна и сонично флуентна екипа на млади, но беспрекорно талентирани музичари. Нивната соработка е мошне плодна и се протега на неколку изданија и сценски настапи. Нивната музика освојува на прва, понекогаш на втора… постоа следи разоружување, боца Martini Rosso и фабулозен провод. Сјајни ликови и квалитетни музичари, кои благо речено го заслужуваат вашето потполно внимание.
Повеќе информации за Јордан Костов на сајтот: https://yordankostov.com/
„Уметничката философија на Андреј Тарковски“
– Проф. д-р Игор Евлампиев (Русија)
ИГОР И. ЕВЛАМПИЕВ е професор на Катедрата за Руска философија и култура во Философскиот институт на Државниот универзитет во Санкт Петербург. Неговите истражувачки интереси вклучуваат: историја на филозофијата и филозофијата на културата, особено филозофијата на филмот. Неговите монографии (на руски јазик) се: Божественото и човечкото во филозофијата на Иван Илин (1998), Историја на руската метафизика во XIX и XX век (2000 година; 2. изд. – 2020); Уметничката философија на Андреј Тарковски (2001; 2. изд. – 2012); Историја на руската философија (2002; 2. изд. – 2014), Философијата на човекот во творештвото на Ф. Достоевски (2012); Политичка философија на Б. Н. Чичерин (2013); Руската философија во европски контекст (2017), Анри Бергсон: философијата на ерата којашто доаѓа (2020) и други. Ретроспективата Тарковски во рамките на 11. Филозофски филмски фестивал, беше организирана во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Kинотеката на С. Македонија, Амбасадата на Италија и Амбасадата на Шведска во Скопје.
Вовед кон филмот ХАОТИЧНАТА АНА
проф. д-р Маја Мухиќ
МАЈА МУХИЌ докторира филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје; има одбрането магистерска теза од областа на социјалната антропологија на Универзитетот во Кембриџ. Таа, исто така, поседува магистратура по родови студии и култура на Централниот европски универзитет во Будимпешта, Унгарија. Во 2004 година Мухиќ како стипендист на Амриканскиот државен департмент добива двомесечен студиски престој на Универзитетот Санта Барбара во Калифорнија, САД. Како резултат на нејзините истражувања таму, Мухиќ се појавува како коавтор на Енциклопедијата на глобална религија (2011). Проф. Мухиќ предава на Центарот за јазици на Факултетот за јазици, култури и комуникација при Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово од 2003 година. Нејзините потесни интереси ги вклучуваат: колонијализмот и човекови права, мултикултурализмот, интеркултурните компетенции.
BETTY BLUE/37° 2 le matin – The Materiality of Appearance
Prof. John Ó Maoilearca
JOHN Ó MAOILEARCA is a Professor in the Department of Critical and Historical Studies at Kingston University, London. Previously, he lectured in philosophy departments at the University of Sunderland, England, and the University of Dundee, Scotland. He has published eleven books, including (as author) Bergson and Philosophy (2000), Post-Continental Philosophy: An Outline (2006), Philosophy and the Moving Image: Refractions of Reality (2010), and All Thoughts Are Equal: Laruelle and Nonhuman Philosophy (2015). His interests are in the areas of Continental Philosophy (Bergson, Deleuze, Henry, Laruelle, Badiou), metaphysics (especially of time and identity), and metaphilosophy. The latter has led him to explore non-standard modes of thinking and philosophical expression, including the diagrammatic thinking, animal representation, as well as film philosophy. Recently his interest is directed towards François Laruelle’s project of non-philosophy. Currently he is working on ordinary modes of mysticism and time-travel.
ФФФ СРЕДБИ
PFF Encounter with dir. Bartosz Gudziecki (WALL / WYCIECZKA)
BARTOSZ GRUDZIECKI was born in Wroclaw in 1982. He moved to Germany with his parents when he was a child. He studied at the University of Television and Film in Munich. In 2005 he was a judge at the „International Film and TV Schools Festival Mediaschool“ in Łódz / Poland. In 2008, he participated at the 6th Berlinale talent campus. His interests are painting and architecture (published in the most important Polish magazines for architecture). From 2009 until today he is a tutor at HFF Munich(Project Supervisor Sceenplay and Directing). WALL is his first feature debut.
PFF Encounter with dir. Illum Jacobi <br>(THE TROUBLE WITH NATURE)
ILLUM JACOBI comes from a background in mountaineering and long expeditions into the Arctic and Amazon. He worked as a high-altitude cameraman before launching his own expeditions to remote mountain ranges concluding in a 2.500 km long traverse of the North Coast of Greenland. Later he studied Cinematography at the Danish Film School and began to make films with scientists and artists studying our relationship to nature. This theme is now continued in the form of fiction with a series of feature projects in development based on his own experiences in the wilderness. His first film “The Trouble With Nature” is made in the restless spirit of the romantic era and shot with just 2 actors in remote regions of the Alps.
ВОВЕДНИ ИЗЛАГАЊА -РЕТРОСПЕКТИВА ТАРКОВСКИ
„Уметничката философија на Андреј Тарковски“
– Проф. д-р Игор Евлампиев (Русија)
ИГОР И. ЕВЛАМПИЕВ е професор на Катедрата за Руска философија и култура во Философскиот институт на Државниот универзитет во Санкт Петербург. Неговите истражувачки интереси вклучуваат: историја на филозофијата и филозофијата на културата, особено филозофијата на филмот. Неговите монографии (на руски јазик) се: Божественото и човечкото во филозофијата на Иван Илин (1998), Историја на руската метафизика во XIX и XX век (2000 година; 2. изд. – 2020); Уметничката философија на Андреј Тарковски (2001; 2. изд. – 2012); Историја на руската философија (2002; 2. изд. – 2014), Философијата на човекот во творештвото на Ф. Достоевски (2012); Политичка философија на Б. Н. Чичерин (2013); Руската философија во европски контекст (2017), Анри Бергсон: философијата на ерата којашто доаѓа (2020) и други. Ретроспективата Тарковски во рамките на 11. Филозофски филмски фестивал, беше организирана во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Kинотеката на С. Македонија, Амбасадата на Италија и Амбасадата на Шведска во Скопје.
Вовед кон филмот ИВАНОВОТО ДЕТСТВО
проф. д-р Игор Евлампиев
ИГОР И. ЕВЛАМПИЕВ е професор на Катедрата за Руска философија и култура во Философскиот институт на Државниот универзитет во Санкт Петербург. Неговите истражувачки интереси вклучуваат: историја на филозофијата и филозофијата на културата, особено филозофијата на филмот. Неговите монографии (на руски јазик) се: Божественото и човечкото во филозофијата на Иван Илин (1998), Историја на руската метафизика во XIX и XX век (2000 година; 2. изд. – 2020); Уметничката философија на Андреј Тарковски (2001; 2. изд. – 2012); Историја на руската философија (2002; 2. изд. – 2014), Философијата на човекот во творештвото на Ф. Достоевски (2012); Политичка философија на Б. Н. Чичерин (2013); Руската философија во европски контекст (2017), Анри Бергсон: философијата на ерата којашто доаѓа (2020) и други.
Ретроспективата Тарковски во рамките на 11. Филозофски филмски фестивал, беше организирана во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Kинотеката на С. Македонија, Амбасадата на Италија и Амбасадата на Шведска во Скопје.
Вовед кон филмот АНДРЕЈ РУБЉОВ
проф. д-р Атанас Чупоски – ФФФ 2021
АТАНАС ЧУПОСКИ е писател и режисер, доктор на филолошки науки. Вработен е како филмолог-советник во Кинотека на Македонија, сценарист и режисер е на седум документарни и еден кусометражен игран филм. Автор е на дваесетина ТВ-емисии во продукција на МРТ и стотина радиоемисии во продукција на Канал 103 и Радио Равел. Автор е на четири книги и над стотина книжевни и филмолошки студии, есеи, песни, раскази и публицистички текстови. Професор е по Историја на филм и Теорија на филм на Универзитетот Еуропа Прима. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и Друштвото за компаративна книжевност на Македонија.
Ретроспективата Тарковски во рамките на 11. Филозофски филмски фестивал, беше организирана во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Kинотеката на С. Македонија, Амбасадата на Италија и Амбасадата на Шведска во Скопје.
Вовед кон филмот СОЛАРИС
проф. м-р Кирил Трајчев
КИРИЛ ТРАЈЧЕВ е професор на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“. Неколку години предавал и на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учесник е на повеќе алтернативни и непрофесионални филмски и театарски фестивали. Учествувал и во реализацијата на кратки филмови и театарски проекти. Има објавувано текстови во повеќе списанија и зборници. Земал учество и на повеќе научни собири и конференции. Реализирал повеќе работилници за филозофија и филм.
Ретроспективата Тарковски во рамките на 11. Филозофски филмски фестивал, беше организирана во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Kинотеката на С. Македонија, Амбасадата на Италија и Амбасадата на Шведска во Скопје.
Вовед кон филмот ОГЛЕДАЛО
проф. д-р Славица Србиновска
СЛАВИЦА СРБИНОВСКА е редовен професор по теорија и методологија на книжевноста и компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Таа објавува и преведува студии од областа на теоријата на литературата и компаративната книжевност (М. Бал, Џ. Принс и др.). Главни студии: Феминизам и род (2010) Книжевност, филм, популарна култура (2011), Книжевност и филозофија (2012) Филозофијата на гледната точка (2020) итн. Професор Србиновска соработувала на проекти од областа на теоријата на фикцијата (вклучувајќи ја областа посветена на адаптацијата на романот/книжевноста во филм, на драмата во театарот) и културолошките студии со Универзитетот во Амстердам, Европскиот институт за родови студии во Фиренца, Универзитетот Нова Сорбона (Париз III) и други универзитети.