ФФФ Караван: Битола

По проекцијата на „Бранот“ и предавањето на проф. д-р Јасна Котеска во Прилеп, ФФФ Караванот на 26 април (среда) се упати кон Битола со проекција, излагање и дискусија со публиката, како и едукативна работилница за средношколците.

Денот беше започнат со  работилницата за средношколците од Државното музичко училиште во Битола на тема „Вовед во филм – Како настанува филмската слика?“ со режисерката Ана Опачиќ. Потоа во вечерните часови ФФФ Караванот во Битола продолжи со проекција на „Небо од ванила (Vanilla Sky)“ на Камерон Кроу, римејк на шпанскиот “Abre los ojos” на Аменабар. За филмот на тема „Фикцијата на киберпанкот како автентично искуство на стварноста“ говореше доц. д-р Вангел Ноневски, а заедно со Дебатно кино „Контра Кадар“ беше отворена и дискусија по проекцијата. Местото и времето на случување беа: Мала сала на Центарот за културата во Битола, 19.00 часот. Фотографиите од ФФФ Караванот во Битола се наоѓаат тука.

Влезот за проекциите во ФФФ Караванот е бесплатен, а поканети се сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на проекциите.