Едгар Морен, мислител во Париз

ЕДГАР МОРЕН, МИСЛИТЕЛ ВО ПАРИЗ / EDGAR MORIN, A THINKER IN PARIS (Edgar Morin, un penseur à Paris, 2019)

реж. Момоко Сето / Momoko Seto, Франција, 40′

www.cinesquare.net/pff

 

 

Приказната за Едгар Морен, социолог, филозоф и „планетарен хуманист“ е интимно поврзана со приказната за градот кој силно ја обележа неговата мисла: Париз. Главен град на срцето на Едгар Морен, симбол на отпорот и посветеноста на мислителот, Париз е домаќин на сите големи настани од неговиот интелектуален, политички и љубовен живот. Од Монмартр до Сен Жермен де Пре, од Версајската порта до Маре, Едгар Морен се навраќа на својот живот преку различните соседства во градот, исовременто евоцирајќи ги темелите на неговата „комплексна мисла“.

Мислителот од светски глас, со дела преведени на повеќе од 40 светски јазици, во 1990 година учествува на Струшките вечери на поезијата во Македонија, за прв пат посетувајќи ја земјата на некои од своите претци. Морен во 2009 год. станува член на МАНУ надвор од работниот состав.

 

www: http://eccefilms.fr/Edgar-Morin-un-penseur-a-Paris

Прочитај за Едгар Морен на веб страницата на МАНУ:

http://manu.edu.mk/clenovi_nadvor/%D0%B5%D0%B4%D0%B3%D0%B0%D1%80-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-edgar-morin/