ДНЕВНА ПРОГРАМА, 12. ФФФ
ФФФ@МСУ
14 мај (сабота), 12.00
Музеј на современата уметност Скопје
ФФФ@МСУ: ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ
(Generación: Buñuel, Lorca, Dalí, 2018), Х. Еспада / J. Espada и A. Монтон / Albert Montón, (ES/MX), 75’
Вовед со проф. д-р Иван Џепароски
бесплатна проекција, ограничен капацитет
Во соработка со
Луис Буњуел, Салвадор Дали и Федерико Гарсија Лорка – млади и бистри, интелигентни и весели. Имаа проект за модернизација на земјата, визија за промена којашто секогаш беше придружена со насмевка, шега и генијалност. Но, тие ја претрпеа и трагедијата на војната којашто ги обележа и нив и целата нивна генерација. Некои беа убиени, како Лорка. Други беа принудени да отидат во егзил, како Буњуел. А некои, како Дали, мораа повторно да се реосмислат преку карикатура, понекогаш брилијантна, понекогаш срамна, за да преживеат.
Во 1967 година, издавачката куќа Агилар побара од Макс Ауб (Max Aub) да ја напише биографијата на колегата од мексиканската генерација и егзил: филмскиот режисер Луис Буњуел. Кога Ауб умира на 22 јули 1972, на своето биро остава 5.000 страници напишани на машина, резултат на незавршен проект кој ја надмина типичната биографија и ја одразуваше синтезата на цела генерација шпански уметници чиишто животи беа обележани од три војни и прогонство кое траеше повеќе од 30 години. Овој хетероген сет на материјали ја одразуваше модерната концепција на Ауб за наративниот жанр: лик конструиран од мозаик од различни визии и разнородни материјали.
Документарниот филм на Алберт Монтон и Хавиер Еспада токму ја раскажува приказната за незавршената биографија на Ауб, посветена не само на Буњуел, туку и на целата Генерација ‘27 со златната тројка Буњуел-Лорка-Дали како стожер на шпанската култура од 20-тиот век.
РЕТРОСПЕКТИВА БУЊУЕЛ
бесплатни проекции
Во соработка со
19 мај (четврток) – 21.00
Летно кино „Мирно лето“
излагање на м-р Ернесто Хередеро дел Кампо / Ernesto Heredero del Campo (Шпанија)
„Буњуел и шпанската култура (Buñuel and the Spanish culture)“
АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (Un chien andalou / Un perro andaluz / An Аndalusian Dog, 1929), FR, 21’
реж. Луис Буњуел / Luis Buñuel
Манифестно остварување на филмскиот надреализам и врвен пример на севкупната француска авангарда од 1920-ите, првиот филм на Луис Буњуел е класик на немиот филм, реализиран во соработка со сликарот Салвадор Дали. Провокативниот филм, чија премиера предизвикала јавен скандал, е инспириран од соништата на авторите и, според зборовите на Буњуел, кореспондира со психоаналитичките теории на Сигмунд Фројд и со естетиката на тогаш актуелното надреалистичко движење кое се интересира за несвесеното, за она што е надвор од контролата на умот, моралноста или естетиката. Заради симболичноста и временско-просторната слобода, филмот се толкува како следење на природата и алогичноста на сонот, меѓутоа може да се толкува и како кореспондентен на книжевната струја на романот на текот на свеста.
ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (Las Hurdes: Tierra sin pan / Land without Bread, 1932), ES, 27’
реж. Луис Буњуел / Luis Buñuel
Патописна репортажа со нарација во оф-тон, инспирирана од етнографската студија на францускиот антрополог Морис Лежандр, за планинскиот регион во Шпанија – Лас Урдес (Las Hurdes), чиишто жители се толку изолирани и сиромашни, што не знаат што е леб. Основен извор на егзистенција им е посвојување сирачиња за кои добиваат паричен надомест од Шпанската влада.
СИМОН ПУСТИНИКОТ (Simon del desierto/Simon of the Desert, 1965), ME, 43’
реж. Луис Буњуел / Luis Buñuel
Среднометражен филм со фантастични елементи, реализиран во Мексико во 1965 г., откако Буњуел е принуден повторно да се врати во егзил во оваа земја по скандалот што го предизвикува во Шпанија со ВИРИДИЈАНА (Viridiana, 1961). Сценариото е работено по расказ на Буњуел инспириран од житието на преподобен Симеон Столпник Дивногорец, христијански светител кој живеел во Сирија во VI век. Во ова нагласено контемплативно дело, Буњуел, на нему својствен начин, ги спротивставува испоништвото, молитвеноста и чудотворството на главниот лик кој се подвизува качен на столб, со неверието, лицемерието и користољубието, како на народот, така и на преставниците на официјалната црква. Согласно житието на светецот, и овде главниот лик е подложен на сатански искушенија, со тоа што во завршната сцена ѓаволот го носи во ноќен клуб во Њујорк, во XX век.
Првично било планирано филмот, кој е награден од жирито во Венеција, да биде долгометражен омнибус, со учество на Федерико Фелини и Џулс Дасен, но само Буњуел го реализирал својот дел.
20 мај (петок), 21.00, Летно кино „Мирно лето“
ВИРИДИЈАНА (Viridianа, 1961), ES/МЕ, 90’
реж. Луис Буњуел / Luis Buñuel
излагање на Стојан Синадинов
„Виридијана: Невиност без заштита“
Прв филм на Буњуел снимен во Шпанија по долготрајното, дваесетинештогодишно прогонство. Иако владата на десничарскиот генерал Франко ги одобрува средствата за снимање, подоцна се обидува да ги заплени и уништи сите копии, а филмот е забранет во Шпанија сѐ до смртта на Франко во 1977 година. И покрај тоа што официјален Ватикан филмот го прогласува за навреда на христијанството, тој во 1961 г. е награден со „Златна палма“ во Кан.
Филмот, инспириран од романот „Алма“ на Бенито Перез Галдос, е приказна за младата Виридијана која се обидува практично да ги примени католичките религиозни норми, но, откако не успева во тоа, разочарана, ги прифаќа правилата на општествениот конформизам и стапува во своевиден љубовен триаголник. Филмот ја деконструира нефункционалноста на религиозните практики во современото општество, но и моралната деградација, лицемерието и духовната празнина што владеат во него. Низ моќна визуелна нарација, која ги иронизира делата на Гоја и Да Винчи, во филмот, кој од критиката е перцепиран како ремек-дело, се присутни сите елементи на надреалистичката поетика на Буњуел: слободни асоцијации, повеќезначни симболи и сновиденија.
21 мај (сабота), 21.00, Кинотекa
АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (El Ángel extreminador/The Exterminating Angel, 1962), ME, 93’
реж. Луис Буњуел / реж. Луис Буњуел / Luis Buñuel
излагање на Luis Martin Arias / Луис Мартин Ариас (Шпанија)
„Философска анализа на филмот Ангелот истребувач“
Покрај „Виридијана“ (1961) и подоцна „Симон Пустиникот“ (1965), „Ангелот истребувач“ е третиот филм на Буњуел со мексиканската актерка Силвија Пинал во главната ролја и заедно со овие два филма прави своевидна трилогија критички насочена кон општествените авторитети: богатата граѓанска класа и католичката црква. Со едноставен стил, со зачестена употреба на средни планови и со мали движења на камерата, Буњуел, низ зачестените повторувања претставени преку повеќекратните влегувања во иста соба и повторните запознавања на протагонистите, како и ироничните реплики и неповрзаните дијалози, ги исмејува ритуалите на високото општество, а истовремено гo анлизира и низ призмата на ирационалното, востановено преку фантастичниот елемент на неможноста протагонистите да ја поминат невидливата физичка бариера и да излезат од богаташката куќа во која се повикани на вечера.
Самиот режисер го опишал филмот како вознемирувачка рефлексија за животот на совремниот човек, а филмот е прво дело во опусот на режисерот во кое фантастиката е сосема во функција на развојот на фабулата. Дел од критиката филмот го толкува и како метафора за режимот на генералот Франко во Шпанија, при што на видело излегува сета немоќ и злоба на изолираната владејачка класа. Филмот ја добива наградата на критиката „Фипресци“ на фестивалот во Кан во 1962 г.
23 мај (понеделник), 21.00, Кинотека
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (Le journal d’une femme de chambre/ Il diario di una cameriera/ Diary of a Chambermaid, 1964), FR/IT, 97’
реж. Луис Буњуел / Luis Buñuel
излагање на Златко Ѓелески
„Поглед низ клучалката во перверзиите на буржоазијата: Од дневникот на Мирбо до атипичниот реализам на Буњуел“
Криминалистички филм, прв во низата филмови во кои Буњуел до крајот на кариерата соработува со продуцентот Серж Силберман и сценаристот Жан-Клод Кариер, а работен e според истоимениот роман на францускиот писател Октав Мирбо. Критиката го смета за едно од најреалистичните остварувања на режисерот, во кое отсуствуваат надреалистичните и фантастичните елементи од претходните, но и од следните филмови. Централен лик во приказната е атрактивната Селестин, која ја игра француската актерка Жана Моро, која од Париз доаѓа да работи како слугинка во замок на богат брачен пар во внатрешноста и таму се запознава со низа впечатливи ликови. Повторно сатиричен и критички настроен кон богатата граѓанска класа и кон екстремните политички ставови, Буњуел во филмот ги проблематизира и корупцијата, насилството, сексуалните опсесии и перверзии, како и чинот на силување и убиство.
25 мај (среда), 21.00, Кинотека
УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (Belle de jour, 1967), FR/IT, 101’
реж. Луис Буњуел / Luis Buñuel
излагање на Даријан Пејовски
„Убавицата на денот: Надреализам во конвенционално филмско раскажување“
Ремек-дело со надреалистичка поетика, кое ја брише границата меѓу замисленото и стварноста, повторно реализирано во соработка со сценаристот Жан-Клод Кариер. Филмот е направен според истоимениот роман на Жозеф Кесел и ја раскажува приказната за младата парижанка што води двоен живот, Северин, а која извонредно ја толкува Катрин Денев. Имено, таа е невработена сопруга на лекар, но кога тој е отсутен поради работата, таа, незадоволна од стерилниот граѓански живот, при што доживува визии проникнати со садистички еротизам, бара утеха во светот на фантазијата на борделот и станува проститутка, а во неа опсесивно се вљубува еден од посетителите – криминалецот Марсел. Буњуел филмот го оформува преку нераскинливата меѓусебна поврзаност на сцените на сонот и јавето, преку мешање на раскажувачките нивоа без конвенционални сигнали, што гледачите, но и протагонистката, постојано ги упатува на нужноста, а истовремено и неможноста на разликувањето на имагинарното од реалното. Филмот е награден со „Златен лав“ во Венеција.
26 мај (четврток), 21.00, Кинотекa
ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (Le charme discret de la bourgeoisie/ Тhe discreet Charm of the Bourgeoise, 1972), FR/IT/ES, 101’
реж. Луис Буњуел / Luis Buñuel
излагање на Мариглен Демири
„Буржоазијата, демократијата и народот“
Уште едно ремек-дело на Буњуел со надреалистичка поетика, реализирано во соработка со сценаристот Жан-Клод Кариер и наградено со „Оскар“ за најдобар филм на странски јазик и „БАФТА“ за најдобро сценарио. Филмот претежно е визуелизација на кошмарните соништа на протагонистите, неколкумина пријатели кои постојано неуспешно се обидуваат да се сретнат на заедничка вечера. Беспрекорниот изглед и однесувањето на ликовите коишто ги претставуваат основите на буржоаскиот поредок, во контрапункт со сцените што ги прикажуваат нивните кошмарни соништа, незадоволените желби и потиснатите нагони, се претвора во клаустрофобично резиме на општествените ритуали, при што единствен излез преостанува енергичната прошетка по патот што не води никаде.
Филмот мајсторски поврзува многу централни интереси од опусот на Буњуел, од амбивалентноста на идентитетот и незабележливото преминување на раскажувачките нивоа до неразделната испреплетеност на стварноста и фантазијата, како и неизбежната суптилна критика на општествените авторитети: богатата граѓанска класа, католичката црква и војската. Клучната сцена во која протагонистите одненадеж ќе се најдат на сцена, принудени да изведат дел од драмскиот текст „Дон Хуан Тенорио“ на Хозе Зориља, врамена со сон во рамките на сонот, во прв план го доведува повеќекратното играње улоги како основен начин на постоење во општеството, а гледачите постојано ги наведува на преиспитување на сопствениот перцепциски и идеолошки конформизам.
По објавата за номинациите за „Оскар“, Буњуел предизвикал скандал со шеговитата изјава дека сигурно ќе го добие затоа што ги платил побараните 25000 долари. Филмот е награден, Буњуел не присуствувал на свечената церемонија, а во својата автобиографија ја повторил поранешната изјава: „Американците имаат недостатоци, но се луѓе од збор“.
27 мај (петок), 21.00, Кинотекa
ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (Cet obscur objet du desir/ Ese oscuro objeto del deseo/ That Obscure Object of Desire, 1977), FR/ES, 102’
реж. Луис Буњуел / Luis Buñuel
излагање на Јасна Котеска
„Тој мрачен предмет на желбите: Психоаналитички поглед врз светот на Буњуел“
Последниот филм на Буњуел, реализиран според романот на Пјер Луи, во соработка со сценаристот Жан-Клод Кариер и продуцентот Серж Силберман, раскажан во форма на ретроспекција, повторно е дело што дистрибуира значења на повеќе нивоа. Така, врската меѓу двата главни лика – богатиот средовечен Французин Матје, кого извонредно го интерпретира Фернандо Реј, и младата собарка, сиромашната Шпанка Кончита, има класни карактеристики затоа што тој е богат буржуј, а таа девојка од народот, и ним соодветни психолошки карактеристики претставени преку садомазохистичката врска во која Матје никако не може да оствари задоволување на своите сексуални и романтични страсти кон девојката што постојано го предизвикува. Истовремено, во конфронтација се и моралната и половата поставеност на ликовите – Матје настапува од позиција на машка и богаташка привилегираност, додека Кончита постојано се одмаздува. Тие некомпатибилности ги симболизираат атентатите на анархистите, а разликите меѓу поранешниот и денешниот свет ги нагласуваат многу функционални ретроспекции, како и иронискиот поглед на авторот.
Во филмот речиси целосно отсуствува музика, а куриозитет е тоа што ликот на Кончита го толкуваат две актерки, Анхела Молина и Карол Буке, откако Марија Шнајдер го напушта снимањето, но тоа само уште повеќе ја засилува филмската нарација. Филмот бил номиниран за „Оскар“ за странски филм, но не го добил, иако бил извонредно прифатен од филмските критичари.
ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА
20-27 мај
Cinesquare VoD платформа
ДЕТЕТО ФАНТОМ (Phantom Boy, 2015), анимиран филм за деца (10+)
Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол (FR/BE), 84’
*синхронизиран на македонски јазик
Онлајн проекција за деца и родители, достапна од сите краеви на Македонија, со можност за учество и на фил(м)ософска работилница со д-р Мартин Поповски на 27- ми мај. Види синопсис и опис на работилницата подолу. Пријавување: tinyurl.com/Filmosofija
Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=2Pfi0Ffg64k
Линк за пристап до филмот во периодот 20-27 мај 2022: https://cinesquare.net/#/movie/1454
(по регистрацијата на Cinesquare, внесете го овој код при купувањето на филмот за да го погледнете бесплатно преку ФФФ, ограничен број на прегледи: MGR79).
25 мај (среда), 12.00, Кинотекa
ДЕТЕТО ФАНТОМ (Phantom Boy, 2015), анимиран филм за деца (10+)
настан од затворен тип
Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол (FR/BE), 84’
*синхронизиран на македонски јазик
проследено со дискусија модерирана од д-р Мартин Поповски
Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, може да стане невидлив и да поминува низ ѕидови. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф.
Трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=2Pfi0Ffg64k
26 мај (четврток), 18-19.00, Zoom платформа
ПРЕДАВАЊЕ СО ПРОФ. Д-Р ТОМАС ВАРТЕНБЕРГ (US)
Отворено предавање од областа на философијата со деца, со фокус на методологијата на проф. д-р Вартенберг, еден од пионерите во светот во оваа област, како и неговата работа на философијата со деца преку филмот (http://whatsthebigideaprogram.com).
https://us06web.zoom.us/j/87890108336?pwd=a01LQWNubzJzb0Y3aG5NZkw2NFBLdz09
Meeting ID: 878 9010 8336
Passcode: pff22
20-21.00, Zoom платформа
РАБОТИЛНИЦА СО ПРОФ. Д-Р ТОМАС ВАРТЕНБЕРГ (US)
Работилницата е наменета за наставници и друг образовен кадар, студенти, но и родители заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата уште од најрана возраст, на линија на препораките на УНЕСКО. На Работилницата ќе можат да присуствуваат најмногу 15 учесници.
Работилницата ќе се одвива на англиски јазик.
Пријавување: tinyurl.com/pwc-pff22
27 мај (петок)
13:30-14:30, Zoom платформа
ПРАКТИЧНА ДЕМОНСТРАЦИЈА СО ПРОФ. Д-Р ТОМАС ВАРТЕНБЕРГ (US)
Практична демонстрација со ученици од 7-8 годишна возраст од
Американското училиште НОВА (настан од затворен настан)
Философирањето може да биде забавно! По кратка дискусија за тоа што е филозофијата, проф. Вартенберг ќе им ја прочита на учениците прекрасната приказна „Змејови и џинови“ (Dragons and Giants) на Арнолд Ловел (Arnold Lovel), во која се прикажани двата лика – ликот на Обичната и на Краставата жаба.. Потоа, ќе биде дискутирана природата на храброста со фокус на тврдењето на Краставата жаба дека храбрите луѓе никогаш не се плашат.
18.00, Zoom платформа
РАБОТИЛНИЦА ФИЛ(М)ОСОФИЈА СО ДЕЦА со д-р Мартин Поповски
Работилница за деца од 10-12 години по гледањето на филмот
ДЕТЕТО ФАНТОМ на платформата Cinesquare
Услов за учество на работилницата е претходно гледање на анимираниот филм ДЕТЕТО ФАНТОМ, достапен бесплатно онлајн од 20-27 мај преку VoD платформата на Cinesquare
Линк за пристап до филмот во периодот 20-27 мај 2022: https://cinesquare.net/#/movie/1454
(по регистрацијата на Cinesquare, внесете го овој код при купувањето на филмот за да го погледнете бесплатно преку ФФФ, ограничен број на прегледи: MGR79).
Кога гледањето на еден филм нѐ остава зачудени, кога прашањата кои тој ни ги отвора нѐ тераат да бараме длабоки одговори од кои потоа произлегуваат уште повеќе прашања, и кога чувствуваме незадржлив порив сето тоа да го споделиме со некој друг, тогаш се раѓа философијата. Но, тоа не се случува само кај возрасните. Поривот за филозофска рефлексија по гледањето на одредени филмови е уште поизразен кај децата. Оттука, во оваа работилница за деца од 10 до 12 годишна возраст наречена „Фил(м)ософија со деца“, инспирирани од анимираниот филм ДЕТЕТО ФАНТОМ, низ мисловни експерименти и заедничко филозофско истражување децата ќе се обидат да дадат одговори на некои од најголемите филозофски прашања за суштината на добрината и смислата на поимот „душа“.
ГЛАВНА ПРОГРАМА
01 јуни (среда), 20.30
Летно кино „Мирно лето“
Музички перформанс и Свечено oтворање на 12. ФФФ
БРАНКО ФОЛТИН
БРАНИСЛАВ НИКОЛОВ е музички перформер, автор и пејач во групата Фолтин. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Со Љубов“, “Cash & Marry” и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За својата работа досега е повеќепати наградуван. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).
ДОДЕКА ТРАЕ ВОЈНАТА (While at War, 2019) реж. Алехандро Аменабар / Alejandro Amenábar, ЕS/AR, 107’
Во соработка со
вовед и излагање: проф. д-р Алисиа Вилар Ескудеро (Alicia Villar Escudero) / проф. д-р Серхио Фернандез (Sergio Fernández), Шпанија
Историска драма базирана на вистински настани што се случуваат во првите месеци од Шпанската граѓанска војна, во летото 1936 година, кога националистите излегуваат на улиците на Саламанка за да се спротивстават на новата левичарска влада. Мигел де Унамуно, филозоф, писател и ректор на Универзитетот во Саламанка јавно ја поддржува воената интервенција на генералот Франко верувајќи дека тоа ќе му стави крај на хаосот во Шпанија. Откако еден по еден неговите колеги се обвинувани и затворани, Унамуно верува дека може да го употреби своето влијание за да помогне во ослободувањето на колегите. Иако е мудар и искусен, тој доцна сфаќа дека неговата земја влегува во фашистичкото мочуриште од коешто нема да може да излезе следните неколку децении.
Иако историска драма, ДОДЕКА ТРАЕ ВОЈНАТА е филм кој предупредува и за опасноста на актуелните политички конфликти во многу западни држави во кои сè погласни стануваат силите коишто поддржуваат диктаторски, дискриминаторски, па и фашистички политики, а интелигенцијата со својата неутралност се обидува да не си ја загрози зоната на комфорот.
Филмот беше прикажан на Меѓународните филмски фестивали во Торонто, Сан Себастијан, Стокхолм, Токио, Солун и Москва и доби неколку награди Гоја.
02 јуни (четврток), 12.00
Универзитет „Еуропа Прима“
Презентација на истражување на м-р Васил Михајлов од областа на естетиката на филмот:
„Филмска објектологија (Моќта на невидливото)“
ВАСИЛ МИХАЈЛОВ (Васил Михаил) по завршувањето на студиите во 2001 година ја започнува својата кариера како актер. Набргу почнува да режира, а подоцна и да пишува драмски текстови и сценарија. Паралелно со уметничката кариера интезивно се занимава и со културен менаџмент, продукција и неформално театарско и филмско образование. Во 2020 година магистрира на смерот за филмска и телевизиска режија. Автор е на неколку публикувани критички осврти. Како театарски и филмски уметник е претставен на сите континенти, а некои од неговите режирани претстави и напишани сценарија се носители на меѓународни награди и признанија. Во изминатите четири години живееше во Лондон, а сега е на релација помеѓу живеалиштето во Скопје и работното место во театарот „Антон Панов“ во Струмица.
18.30
Кинотека
ЗАКЛЕТВАTA НА ХАСАН (Commitmenт Hasan, 2021)
Семих Капланоглу / Semih Kaplanoğlu, TR, 147′
Кога Хасан ќе ја прими веста дека на неговиот имот наследен од татко му треба да се постави електричен столб, станува загрижен за својата животна иднина.
Морална приказна која го осуетува лицемерието на семејствата на селските земјоделци и која покажува како гордоста може да надвладее над лицето на понижувањето. Претстоечкиот аџилак на Хасан, всушност е пригода за согледување на грешките од минатото и можност за патување до покајанието, пред сè, преку барањето прошка од сите оние на коишто им згрешил, а особено земањето благослов од човекот пред кого тој чувствува најголема вина – неговиот брат.
Филмот на Капланоглу беше прикажан во селекцијата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал 2021, потоа на фестивалите во Чикаго и Карлови Вари, а добива и Награда за најдобар странски филм во Сао Паоло од филмските критичари.
21.00
Летно кино „Мирно лето“
БЕЗГЛАСЕН (Voice of Silence / 소리도 없이, 2020) реж. Хонг Ви-џонг/ Hong Eui-jeong, KR, 99’
излагање: м-р Снежана Младеновска Анѓелков
„Многугласие во Безгласен“
Тае-ин, млад човек кој не зборува, и Чанг-бок, постар религиозен човек, работат како „чистачи“ за криминална организација во некој рурален дел од Јужна Кореја. Иако се дискретни и солидно ги завршуваат задачите, тие воопшто не се убијци, ниту пак насилници. Еден ден добиваат нарачка од надредените да се погрижат за киднапираната 11-годишна девојка, која треба да биде ослободена по два дена. Но, работите се усложнуваат и немиот Тае-ин ќе биде принуден да се грижи за киднапираната девојка подолго од планираните два дена.
Овој трилер со многу примеси на црна комедија е еден од поистакнатите нови филмови од се’ поатрактивната корејска кинематографија. Сценариото за овој дебитантски долгометражен филм за режисерката Хонг Ви-џонг беше избрано како еден од најдобрите 12 проекти на венециското биенале Колаж-Синема, а влезе и во најтесен избор за сценаристичката лабораторија во Санденс.
Беше прикажан на неколку меѓународни филмски фестивали, меѓу кои и оние во Глазгов, Фрибург и Брисел. На доделувањето на азиските филмски награди во 2021 година овој филм доби награди за најдобар актер и нов режисер, а актерот Јоо Ах-ин и режисерката Хонг Ви-џонг добија уште по десетина награди од истакнати корејски и азиски фестивали и филмски здруженија.
03 јуни (петок)
17.00
Кинотекa
ПО ЉУБОВТА (After Love, 2020)
реж. Алем Кан / Aleem Khan, UK, 90′
Што би направиле ако останете сами и откриете дека партнерот со кој живеете ви е само делумно познат, а неговиот влог е само ситен дел од вашата комплетна и предадена жртва?
ПО ЉУБОВТА нè води на трогателно патување низ загубата, тагата и потрагата по идентитетот. Тајните, лагите, жртвите и измамите кои се провлекуваат низ животот на една двојка одекнувааат како ехо на љубовта во овој дебитантски филм на Алим Кан.
Филмот ја тематизира љубовта меѓу другото и како ултимативен чин на неверство и измама и се обидува да ја демистифицира прикажувајки ја (и) како должност. Од една страна на овој љубовен заплет е (веќе покојниот сопруг) Ахмед кој водел двоен живот и имал паралелна врска со друга жена, а од другата е Мери која целосно му била предадена и нему и на заедничкиот живот во брачната заедница..
Филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во селекцијата „Недела на критиката“ во 2020, а бил прикажан и на филмските фестивсли во Телуриде, Торонто и BFI Лондонскиот филмски фестивал. Јоана Сканлан (Joanna Scanlan) ја добива Наградата за најдобра актерка на филмските фестивали во Солун, Даблин и на БАФТА наградите 2022.
18.30
Кинотекa
ПРЕТПОСЛЕДНИОТ (The Penultimate, 2020)
реж. Јонас Керуп Хјорт / Jonas Kærup Hjort, DK/NO, 120′
Сместен во мрачна дистописка и клаустрофобична атмосфера, овој филм со елементи на драма на апсурдот се наоѓа на линијата меѓу делата на Франц Кафка и Луис Керол. Дезориентацијата, збунетоста и изгубеноста на антихеројот од филмот во непознатиот и чуден свет се само дел од клучните елементи на долгометражниот филмски првенец на Јонас Керуп Хјорт. Преку специфичен хумор и алегорија, и притоа користејки минималистичка сценографија, данскиот режисер ни нуди едно гротескно патување во еден простор (објект) кој наликува на лавиринт.
Во самиот филм е непознато како времето тече. Но смртта е симбол на времето. Затоа смртта е толку далеку колку што е и близу. Филмот нè упатува на фактот дека никогаш целосно не сме сами, а истовремено и на човековата потреба за трансенденција во самиот животен лавиринт.
Филмот бил премиерно прикажан во долгометражната селекција на дебитантки филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин.
21:00
Летно кино „Мирно лето“
МЛИНОТ И КРСТОТ (The Mill and The Cross / Mlyn i Krzyz, 2011) реж. Лех Мајевски / Leh Majewski, PL/SE, 96’
излагање: проф. д-р Владимир Мартиновски
„Едно платно – илјада приказни: меѓу ликовното дело и подвижните слики во филмот Млинот и крстот од Лех Мајевски”
Филмот прикажува дел од ликовите претставени во делото „Искачување на Голгота“ (“The Procession to Calvary”), создадено во 1564 година од фламанскиот сликар Питер Бројгел Постариот. Во оваа „оживеана слика“ темата за страдањето на Христос е соочена со историските настани во Фландрија во 1564 година, кога се случуваат големи религиозни насилства од страна на шпанските католици врз протестантите.
Филмот има исклучителна визуелизација, со иновативни визуелни решенија, потпишани лично од режисерот Лех Мајевски, кој е истовремено и директор на фотографијата.
Со Рутгер Хауер, Шарлот Ремплинг и Мајкл Јорк во главните улоги, филмот премиерно беше прикажан на Санденс во 2011 година, а покрај многуте гостувања на светските фестивали и награди, добитник е на награда за најдобар филм на Европскиот филмски фестивал во Севиља.
04 јуни (сабота)
16.30
Кинотекa
ЗАКЛЕТВАTA НА ХАСАН (Commitmenт Hasan / Bağlilik Hasan)
реж. Семих Капланоглу / Semih Kaplanoğlu, TR, 147′
Кога Хасан ќе ја прими веста дека на неговиот имот наследен од татко му треба да се постави електричен столб, станува загрижен за својата животна иднина.
Морална приказна која го осуетува лицемерието на семејствата на селските земјоделци и која покажува како гордоста може да надвладее над лицето на понижувањето. Претстоечкиот аџилак на Хасан, всушност е пригода за согледување на грешките од минатото и можност за патување до покајанието, пред сè, преку барањето прошка од сите оние на коишто им згрешил, а особено земањето благослов од човекот пред кого тој чувствува најголема вина – неговиот брат.
Филмот на Капланоглу беше прикажан во селекцијата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал 2021, потоа на фестивалите во Чикаго и Карлови Вари, а добива и Награда за најдобар странски филм во Сао Паоло од филмските критичари.
19.00
Кинотекa
КОСТА БРАВА, ЛИБАН (Costa Brava, Lebanon, 2021)
реж. Мунија Акл / Mounia Akl, DK/FR/LB/NO/QA/ES/SE, 106′
Дебитантскиот филм на либанската режисерка Мунија Акл, КОСТА БРАВА, ЛИБАН, со Надин Лaбаки (Хаос/ Caperrnaum, 2018) во една од главните улоги, ги истражува проблемите на заштитата на животната средина низ призмата на едно либанско семејство. Семејството се населува во дом изолиран од урбаниот метеж во главниот град Бејрут, сакајќи да создаде една мала утописка заедница. Меѓутоа долго посакуваниот мир се чини нема да трае долго…
Филмот на Акл претставува елегантна политичка алегорија и парабола за личната слобода и компромисите со животот во заедницата, но истовремено тој претставува и суптилна критика на отсуството на колективна морална одговорност пред несомерливите опасности од уништувањето на животната средина.
КОСТА БРАВА, ЛИБАН премиерно беше прикажан во селекцијата „Хоризонти“ на Венецискиот филмски фестивал 2021, а потоа патуваше и на фестивалите во Торонто, Чикаго, Сиднеј и ја доби наградата за Најдобар филм според публиката на BFI Лондонскиот филмски фестивал.
21.00
Летно кино „Мирно лето“
ФРАНКЕНШТАЈН (Frankenstein, 1931)
реж. Џејмс Вејл/ James Whale, US, 70’
излагање: м-р Тијана Петковска
„It’s alive!”: Хорор, човек и хоророт на човекот“
Филмската класика од 1931 година, ФРАНКЕНШТАЈН на режисерот Џејмс Вејл, е еден од првите позначајни научно-фантастични филмови. Тој е адаптација на драмата напишана од Пеги Веблинг во 1927 година, која, пак, е направена врз основа на романот „Франкенштајн, Модерниот Прометеј“ на Мери Шели од 1818 година, кој раскажува за опседнат научник што собира делови од лешовите со намера да состави ново живо суштество. Ова суштество има потреба од нежност и приврзаност, но од најголем дел од луѓето добива само суровост и одбивност.
Незаборавната интерпретација на Борис Карлоф, во ликот на чудовиштето создадено од опседнатиот научник Хенри Франкенштајн, како и извонредната маска создадена од еден од врвните уметници на филмската шминка Џек Пирс, влијаеле овој филм да постигне голем комерцијален успех, предизвикувајќи бројни продолженија и нови верзии, како и огромно влијание врз популарната култура. Иако неколку сцени од оригиналната верзија се цензурирани, а во многу држави долго време овој филм бил забранет за прикажување, сепак неговата вредност и влијание се признаени со неговото вбројување во многу важни листи на најдобри филмови на сите времиња, вклучително и во изборот на Американскиот филмски институт и на Њујорк тајмс.
Во 1991 година, Конгесната библиотека на САД го избра овој филм за заштита во Националниот филмски регистар, како „културно, историски и естетски значајно дело“.
06 јуни (понеделник)
17.30
Кинотекa
СРЕДНОШКОЛСКА ВИДЕО ЛЕКТИРА – ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
19.00
Кинотекa
ПО ЉУБОВТА (After Love, 2020)
реж. Алем Кан /Aleem Khan, UK, 90′
Што би направиле ако останете сами и откриете дека партнерот со кој живеете ви е само делумно познат, а неговиот влог е само ситен дел од вашата комплетна и предадена жртва?
ПО ЉУБОВТА нè води на трогателно патување низ загубата, тагата и потрагата по идентитетот. Тајните, лагите, жртвите и измамите кои се провлекуваат низ животот на една двојка одекнувааат како ехо на љубовта во овој дебитантски филм на Алим Кан.
Филмот ја тематизира љубовта меѓу другото и како ултимативен чин на неверство и измама и се обидува да ја демистифицира прикажувајки ја (и) како должност. Од една страна на овој љубовен заплет е (веќе покојниот сопруг) Ахмед кој водел двоен живот и имал паралелна врска со друга жена, а од другата е Мери која целосно му била предадена и нему и на заедничкиот живот во брачната заедница..
Филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во селекцијата „Недела на критиката“ во 2020, а бил прикажан и на филмските фестивсли во Телуриде, Торонто и BFI Лондонскиот филмски фестивал. Јоана Сканлан (Joanna Scanlan) ја добива Наградата за најдобра актерка на филмските фестивали во Солун, Даблин и на БАФТА наградите 2022.
21:00
Летно кино „Мирно лето“
ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА НА КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ – ВЕЧЕР 1 (122’)
бесплатна проекција
СИДЕРАЛ (Sideral, 2021), Карлос Сегундо / Carlos Segundo, BR/FR, 15′
БРАНКА (Branka, 2021), Акош К. Ковач / Ákos K. Kovács, HU, 20’
ДИВ, ДИВ ВЕСЛОС (Wild Wild Vesløs, 2021), Есбен Персон / Esben Persson, DK, 15′
НОЌНА ПОСЕТА (Nachtbesuch, 2020), Јоана Фогт / Joana Vogdt, DE, 14’
СВЕДОК (Witness, 2020), Али Асгари / Ali Asgari (2020), FR/IR, 15’
НИЗ МАГЛАТА (Through the Haze, 2020), Диого Салгадо / Diogo Salgado, PT, 14’
ТИВКИОТ ЧОВЕК (L’homme silencieux / A quiet man), Нима Карти / Nyima Cartier (2021), FR, 14’
СЕВЕРЕН ПОЛ (North Pole, 2021), Марија Апчевска / Marija Apchevska, MK/RS, 15’
07 јуни (вторник)
18.30
Кинотекa
КЛАРА СОЛА (Clara Sola, 2021)
реж. Натали Алварез Месен / Nathalie Álvarez Mesén, SE/CR/BЕ/DE, 106′
Главната хероина Клара е вклештена во вкрстен оган помеѓу патерналистичкото однесување на семејството и инхибицијата на природните страсти и нагони. Обвиен во едно дискретно руво на магичниот реализам, филмот на Натали Алварез Месен ни пренесува една интимна приказна за духовното будење и експлозијата на скриената и поттиснувана женска сексуалност на дистанцираната и помалку необична Клара.
Провокативна филмска медитација за дискрепанцата меѓу конзервативноста на фолклорната традиција и религиозните стеги и ограничувања од една страна, и откривањето на интимната природа на жената ситуирана во едно секојдневие со крајно ограничувачки услови.
КЛАРА СОЛА премиерно беше прикажан во програмата „Кензен“ на Канскиот филмски фестивал во 2021 година, беше дел од селекциите и на BFI Лондонскиот филмски фестивал и Солунскиот филмски фестивал (Специјална награда од жирито) и е добитник на Наградата за најдобар игран филм и Најдобра актерка (Венди Чинчила Араја / Wendy Chinchilla Araya) на меѓународниот фестивал во Сао Паоло.
21.00
Летно кино „Мирно лето“
ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА НА КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ – ВЕЧЕР 2 (122’)
бесплатна проекција
ТРУБИ НА НЕБОТО (Trumpets in the Sky, 2021), Ракан Мајаси / Rakan Mayasi, LB, 15’
КУКЛА (Dummy, 2020), Лауринас Бареиса / Laurynas Bareisa, LT, 12’
ТРАМВАЈ (Tramway, 2021), Бартош Рец / Bartosz Reetz, PL, 22’
ЏОНИ (25, МАШКО), ВО РАДИУС ОД 3 КМ, САКА ДА ПЛИВА (Joni (25, Male), 3km away, likes to swim, 2021), Луис Шуберт / Luis Schubert, DE, 12’
ВАРША (Warsha, 2020), Донија Бадир / Dania Bdeir, FR/LB, 16’
ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД ПАТРИЈАРХАТОТ (The Last Day of Patriarchy, 2021), Олмо Омерцу / Olmo Omerzu, CZ, 16’
НЕ МИ СЕ ДОПАЃА 17 ЧАСОТ (I don’t like 5 pm, 2020), Франциско Дијас / Francisco Dias, PT, 9’
АДРИЈАН И НАТАЛИ (Hadrien Еt Nathalie / Hadrien & Nathalie, 2021), Филиберт Го / Philibert Gau, FR, 20’
08 јуни (среда)
18.30
Кинотекa
ПРЕТПОСЛЕДНИОТ (The Penultimate, 2020) реж. Јонас Керуп Хјорт / Jonas Kærup Hjort, DK/NO, 120′
Сместен во мрачна дистописка и клаустрофобична атмосфера, овој филм со елементи на драма на апсурдот се наоѓа на линијата меѓу делата на Франц Кафка и Луис Керол. Дезориентацијата, збунетоста и изгубеноста на антихеројот од филмот во непознатиот и чуден свет се само дел од клучните елементи на долгометражниот филмски првенец на Јонас Керуп Хјорт. Преку специфичен хумор и алегорија, и притоа користејки минималистичка сценографија, данскиот режисер ни нуди едно гротескно патување во еден простор (објект) кој наликува на лавиринт.
Во самиот филм е непознато како времето тече. Но смртта е симбол на времето. Затоа смртта е толку далеку колку што е и близу. Филмот нè упатува на фактот дека никогаш целосно не сме сами, а истовремено и на човековата потреба за трансенденција во самиот животен лавиринт.
Филмот бил премиерно прикажан во долгометражната селекција на дебитантки филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин.
21.00
Летно кино „Мирно лето“
ХИРОШИМА, ЉУБОВ МОЈА (Hiroshima, mon amour, 1959)
Алан Рене/Alain Resnais, FR/JP, 90’
излагање: д-р Кица Колбе:
„Љубовта и паметењето на траумата од војните“
Француска актерка и јапонски архитект се вљубуваат за време на снимањето на антивоен филм во Хирошима. Нивната интензивна љубовна врска во поствоената Хирошима се прекршува низ нивните сеќавања за љубовта и страдањето. Мажот, кој ги загубил членовите на семејството за време на бомбардирањето на градот, и жената, која го загубила својот љубовник од младоста, германски војник, разговараат за личните и националните трауми предизвикани од големата војна.
Во овој прв игран филм за режисерот Алан Рене се чувствува неговиот маестрален документаристички стил, а филмот е почитуван и поради иновативната употреба на кратките флешбекови кои како да претставуваат искри од сеќавањата.
Филмот беше прикажан на Канскиот Фестивал во 1959 година, каде доби ФИПРЕСЦИ награда, ја доби и Наградата на Обединетите Нации на доделувањето на БАФТА наградите во 1961 година, а писателката Маргерит Дирас за овој филм беше номинирана за Оскар во 1961 година за најдобро сценарио.
22.30
Мартини
Музички перформанс
АНДРИЈА ХАЏИЌ / ANDRIJA HADŽIĆ (FUNKIER), Србија
Funkier е колаборативна иницијатива со резиденција во Србија и, дел од годината, во Луксембург и Холандија, а која започнува како баскер уличен проект во Италија во 2018. Срцето на Funkier е Андрија Хаџиќ (кахон и вокали) кој во меѓувреме започнува да ги преминува националните граници и да свири во клубови во други земји. Приклучувајќи се на фестивали и соработки со многу други професионални музичари, проектот стекнува искуство низ цела Европа. Мисијата на Funkier е да ги спаси старите класични мелодии од закопување во тишината, секогаш интерпретирајќи ги со одредена доза на Funk & Soul. Funkier е вклучен и во кантавторската работа која ги поврзува сите влијанија на Андрија, мешајќи ги со неговиот сопствен музички стил.
09 јуни (четврток)
20.30
Доделување на награди и затворање на Фестивалот
Летно кино „Мирно лето“
НЕШТО КОРИСНО (Something Useful / İşe yarar bir şey, 2017) реж. Пелин Есмер/ Pelin Esmer, TR/FR/NL/DE, 107’
ФФФ дијалози:
Пелин Есмер и проф. д-р Сердар Озтурк (Serdar Öztürk)
Лејла, адвокатка и поетеса, оди на средба со пријателите од средното училиште по долгогодишно игнорирање на поканите за вакви дружби. Во возот кон Измир Лејла ја запознава Канан, млада студентка по медицина, која сонува да стане актерка, и покрај поинаквите желби на нејзиното семејство. Нивното познанство ќе ги одведе во интересно патешествие за важноста на сопствениот избор, за радоста и грижата во поврзувањето со нова личност во животот, за важноста на уметноста во тешките моменти од животот.
Филмот доби награда за најдобро сценарио на Фестивалот Црни Ноќи (Black Nights) во Талин во 2017 година и многу награди за најдобар филм, режија, камера, актерки на меѓународните и националните фестивали во Турција.