Контрапункт

КОНТРАПУНКТ / COUNTERPOINT (Kontrapunkt, 2019)

реж. Иван Короман / Ivan Koroman, Босна и Херцеговина, 24′

www.cinesquare.net/pff

 

Во мала канцеларија на еден оддел од локалната самоуправа, нема ништо ново под неонските светла. Менаџерот на канцеларијата и неговите вработени се провлекуваат низ секојдневната рутина, сѐ додека еден вработен не реши да го наруши постоечкиот статус кво. Оваа комедија на апсурдот на босанскиот режисер и сценарист Иван Короман беше прикажана на Сараевскиот филмски фестивал 2019 и во рамките на компетитивната секција „Бунтовници со причина“ посветена на филмови кои им пркосат на традиционалните филмски форми на Филмскиот фестивал „Црни ноќи“ (Black Nights) во Талин, Естонија.