OФФ: Проекција и разговор со Мeриам Тафакори
Меријам Тафакори е визуелна уметница и филмска режисерка родена во Иран. Нејзините дела комбинираат поезија, редимејд-материјали и рефлексивна документаристика. Користи филмски колаж, стихови и архивски звук и слики за да создаде динамичен дијалог околу теми како што се меморијата, идентитетот, моќта, цензурата, интимноста и отпорот.
Кратки Ирански филмови (66’)
Режисер: Меријам Тафакори

(28.3 / 20:00) ИРАНСКА ЧАНТА

(28.3 / 20:00) ТАНЦОТ НА ПОГЛЕДИТЕ

(28.3 / 20:00) КОДНИ ИМИЊА

(28.3 / 20:00) ОПИЕНО СРЦЕ
-
(28.3 / 20:00) ИРАНСКА ЧАНТА
28.3 (петок) 20:00
МСУ
ИРАНСКА ЧАНТА (Irani Bag, 2020)
реж. Меријам Тафакори / Maryam Tafakory, GB, SG, 6’
Во Иран, пред камера, скромната чанта често се користи како сурогат за човечкиот допир. Користејќи исечоци од филмови снимени меѓу 1990 и 2018, „Иранска чанта“ е видеоесеј на оваа тема, кој на поделен екран, со сугестивна типографија, ја преиспитува невиноста на чантите во постреволуционерната иранска кинематографија. -
(28.3 / 20:00) ТАНЦОТ НА ПОГЛЕДИТЕ
28.3 (петок) 20:00
МСУ
ТАНЦОТ НА ПОГЛЕДИТЕ (نظربازی / Nazarbazi, 2022)
реж. Меријам Тафакори / Maryam Tafakory, IR, GB, 19’
По исламската револуција од 1979, Иран воведува забрана за прикажувањето допири меѓу мажи и жени пред камера. Режисерите оттогаш прибегнуваат кон кинематографски трикови, особено игри на погледи, за да изразат тензија. „Назарбази“ колажира такви моменти во провокативна поема за љубовта и желбата од другата страна на превезот и цензурата. -
(28.3 / 20:00) КОДНИ ИМИЊА
28.3 (петок) 20:00
МСУ
КОДНИ ИМИЊА (Code Names, 2022)
реж. Меријам Тафакори / Maryam Tafakory, IR, GB, 14’
Филмски колаж, во кој документарноста, архивскиот и редимејд-материјалот е испреплетен со политиката на подреденоста, за да ги истражи, уште еднаш, препознатливите аспекти на постреволуционерната иранска кинематографија, растргната меѓу инертноста на традицијата од една страна и копнежот по уметничка слобода од друга. -
(28.3 / 20:00) ОПИЕНО СРЦЕ
28.3 (петок) 20:00
МСУ
ОПИЕНО СРЦЕ (Mast-Del, 2023)
реж. Меријам Тафакори / Maryam Tafakory, IR, GB, 17’
Две жени лежат во кревет. Додека ветрот удира во прозорецот, едната се присетува на навидум обичен состанок со дечко во раната младост. Раскажаната сцена е претрауматична за да се пренесе преку слики. Контрапозитивни снимки се наслојуваат една врз друга, а врз нив се тркалаат зборовите, за да пополнат некои пукнатини во сеќавањето, некои бришења, некои ограничености на претставувањето и себството...