22-28 Мај 2025, Скопје
македонски јазик English
  • Дома
  • За нас
  • Програма
  • Вести
  • Архива
  • Повици
  • ЕСЕИ
  • Соработници
  • Галерија
  • Видеа
  • Инфо
  • Контакт

2023-05-26 01:48:00

4216

4216

Во темнината на времето (In the Darkness of Time, 2002)

Во темнината на времето (In the Darkness of Time, 2002)

  • <
    >
    Во темнината на времето (In the Darkness of Time, 2002)

    Во темнината на времето (In the Darkness of Time, 2002)

    Жан-Лик Годар / Jean-Luc Godard, FR, 10’

    2023: ФОКУС ГОДАР ревијално во рамки на првата вечер од ОСК

    „Во темнината на времето“ (Dans le noir du temps) на Годар е дел од колективниот филмски проект „Десет минути постар: виолончело“ (Ten Minutes Older: The Cello )  во кој заедно со група истакнати филмски автори креираат единствен колаж на различни визуелни рефлексии за суштината на времето на крајот на милениумот. Со реконстекстуализација и ремикс на слики од некои од неговите најпознати филмови, експерименталната форма на Годар кулминира во една мрачна евокација на историското време и реквием на сето она што сега е осудено да исчезне: младоста, сеќавањето, љубовта, филмот. 



    Визуелно жесток и шокантен во претставувањето на ексцесите на XX век, овој десетминутен филмско-филозофски трактат на Годар провоцира длабоко промислување на човековата времена егзистенција и дестилира моќна човечка емоција која останува да пламти во темнината на времето.

Филозофскиот Филмски Фестивал е единствениот филмски фестивал во Македонија и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм-философијата. Од една страна, Фестивалот се обидува да ја промовира идејата за филмот како медиум којшто може да испровоцира филозофска размисла и/или да илустрира филозофски концепти и идеи, на овој начин обраќајќи ѝ се на генералната публика, но и на младите во Македонија поттикнувајќи го развивањето на креативната и критичка мисла. Од друга страна, се обидува да поттикне естетички анализи и истражувања на филмскиот јазик како форма sui generis и да ги охрабри младите режисери и филмски работници во Македонија на рефлексија врз клучните филозофски прашања и концепти со цел градење, развивање и негување на своите автентични филмски светогледи.

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

www.philosophicalfilmfestival.mk
e-mail: contact@philosophicalfilmfestival.mk
fb: Филозофски филмски фестивал
ig: philosophical.film.festival
t: pff_mk

ФИЛОЗОФСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА

Бул. Гоце Делчев бр.9А Центар, 1000 Скопје
website: wwww.fdm.mk
e-mail: macedonian.philosophy@gmail.com
fb: Philosophical Society of Macedonia

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Copyright 2025. All rights reserved