Официјална селекција на краткометражни филмови
Ноќта на сите нешта (The Night of All Things, 2016)

Зуењето на бумбарот (The Buzzing of a Bumblebee, 2015)
Пролетна поплава (Spring Flood, 2015)

Шини (Rails, 2016)

Случајот (The Case, 2015)

Пред крајот (Before the End, 2016)

Етикета (Label, 2017)

Водопад (Waterfall, 2017)
Денот на шегата (April Fool’s Day, 2016)

Дом (The Chamber, 2016)

Среде пустина (In the Middle of Desert, 2015)
Софија (Zsofika, 2014)

Проклетство (Damnation, 2015)
Лимбо (Limbo, 2016)
-
Ноќта на сите нешта (The Night of All Things, 2016)
02.04 (недела), 20.00 ч.
Игран филм, Шпанија, 18 мин., колор
Режија и сценарио: Пилар Паломеро (Pilar Palomero)
Јоана е седумгодишно девојче коешто живее близу едно мало село каде живее дедо ѝ, сопственик на антикварница. Додека мајка ѝ се бори со болеста којашто долго време ја држи врзана за кревет, Јоана ги минува деновите со дедо ѝ во антикварницата. Гледајки ги старите предмети што се осудени на заборав, Јоана сфаќа дека и мајка ѝ, и сѐ што има и чувствува еден ден ќе стане само сеќавање. -
Зуењето на бумбарот (The Buzzing of a Bumblebee, 2015)
02.04 (недела), 20.00 ч.
Игран филм, Русија, 28 мин., колор
Режија и сценарио: Владимир Белдиан (Vladimir Beldian)
Стара жена е во претсмртна постела во дом за нега на стари лица и нејзините три последни желби се да јаде пудинг (1) додека слуша мал хор (2) и… бумбарот да зуи надвор од прозорецот (3). Старицата секако е свесна дека некои од тие желби се тешко остварливи. Луѓето околу неа се мошне различни – и секој од нив има своја сопствена врска со смртта. -
Пролетна поплава (Spring Flood, 2015)
02.04 (недела), 20.00 ч.
Игран филм, Белгија, 27 мин., колор
Режија: Џенис Адриансен (Jeannice Adriaaansens)
Хелен, постара жена, се труди да ја пополни празнината во својот живот. По смртта на нејзиниот единствен син, таа и нејзиниот сопруг се оддалечуваат и Хелен не може да најде светли точки во светот околу себе. Случајната средба со 17-годишниот Арне ќе смени сè. И Арне има празнина која треба да ја пополни, иако можеби не е свесен за тоа. Нивната кратка средба носи неочекувана спонтаност и отвара простор за чувства што го менуваат нивниот поглед кон светот и нивната ситуација. Или можеби сепак не? -
Шини (Rails, 2016)
02.04 (недела), 20.00 ч.
Игран филм, Италија, 20 мин., колор
Режија и сценарио: Самјуел Алфани (Samuele Alfani)
Што се случува кога поради недостиг на комуникација кај една двојка се создаваат табуа? Кој е X факторот што ги руши овие табуа? Во еден апартман ја вкусувате врската меѓу Елена и Камила, врска во која двете се соочуваат со тешкотиите произлезени од овие табуа. Кон крајот, со пристигнувањето на еден гостин на мошне значајната вечера, доаѓа до најнепосакуваната ситуација. -
Случајот (The Case, 2015)
02.04 (недела), 20.00 ч.
Игран филм, Македонија, 10 мин., црно-бел
Режија и сценарио: Ивица Димитријевиќ
„Случајот“ е краток ноар филм во којшто го следиме човекот во мантил во неговите подвизи. Талкајќи низ градскиот метеж и чекајќи да се стемни за да може да појде во акција, човекот во мантил се наоѓа во непријатна ситуација… Воден од својата решителност да ја заврши започнатата мисија, тој станува клучот за решението. Никогаш не се знае што носи следниот миг. Секое зошто носи некое затоа. -
Пред крајот (Before the End, 2016)
02.04 (недела), 20.00 ч.
Игран филм, САД., 6 мин., црно-бел
Режија и сценарио: Џим Филипс (Jim Phillips)
„Пред крајот“ е драма која се случува на еден многу специфичен ден – 3. ноември 1954 год. – во Токио, Јапонија. Филмофилите ќе го препознават овој датум како денот кога се одвива дејството во маестралниот филм „Годзила“ на Иширо Хонда. Филмот ги прикажува стравот, уништувањето и насилството во градот Токио од кои не може секој да избега. Ова е приказна за жена којашто е немоќна да стане од кревет и не може да избега. Ова е приказна за нејзиниот сопруг кој, знаејки дека не можат да избегаат заедно, решава да остане со неа. И најважно, ова е приказна за последните моменти на еден пар којшто останува без секаква надеж за спас од претстојната несреќа. -
Етикета (Label, 2017)
02.04 (недела), 20.00 ч.
Игран филм, Иран, 13 мин., црно-бел
Режија и сценарио: Амир Лашкари (Amir Lashkari)
Границата меѓу животот и смртта е краток момент… -
Водопад (Waterfall, 2017)
04.04 (вторник), 20.00 ч.
Игран филм, Бразил, 11 мин., колор
Режија и сценарио: Педро Карчерери (Pedro Carcereri)
Каде што живее Марија, водопадот е единственото место со кое и е потребно збогување. -
Денот на шегата (April Fool’s Day, 2016)
04.04 (вторник), 20.00 ч.
Игран филм, Грција, 17 мин., колор
Режија и сценарио: Апостолис Илиопулос (Apostolis Iliopoulos)
Животот на еден антиквар се менува кога тој се обидува да го најде писателот на еден неиздаден роман што го наоѓа во ѓубре. -
Дом (The Chamber, 2016)
04.04 (вторник), 20.00 ч.
Игран филм, Македонија, 21 мин., црно-бел
Режија и сценарио: Давид Дољаница (David Doljanica)
Поранешен монах на стари години се враќа во манастирот во којшто живеел кога бил млад, обидувајки се да се наврати на своите први искуства со верата и да пронајде некаков внатрешен мир. -
Среде пустина (In the Middle of Desert, 2015)
04.04 (вторник), 20.00 ч.
Игран филм, Јужна Кореа, 19 мин., колор
Режија и сценарио: Чеј Хан-јунг (Chae Han-young)
В зори еден човек доаѓа да закопа нешто на место каде што наскоро ќе се гради. Наидува на стражар којшто го замолува да го најде Јонг-ил чијашто мајка упорно го бара во пустината. Судбините на двата лика се претплетуват на начин на кој се пребродува бездната што ги разделува. Филмот со својата неконкретност ја доловува приказната на едно запустено место коешто е тивко од (гласната) тага што ја носи во себе. -
Софија (Zsofika, 2014)
04.04 (вторник), 20.00 ч.
Игран филм, Канада, 14 мин., колор
Режија: Максим-Клод Лекуе (Maxime-Claude L'Écuyer)
Еден човек се враќа дома по живот поминат во војување. Во напуштената куќа во којашто некогаш бил среќен, тој се труди да се поврзе со она што го загубил. Каењето го исполнува неговиот живот, додека неговото неисполнето ветување му ги прогонува спомените. -
Проклетство (Damnation, 2015)
04.04 (вторник), 20.00 ч.
Игран филм, Шпанија, 7 мин., црно-бел
Режија и сценарио: Марк Надал (Marc Nadal)
Базиран на вистинска приказна, филмот следи едно иселување во 2014 година. Таа година имало 189 иселувања на ден или две иселувања секои 15 минути. Ова иселување се случило во пет часот попладне. -
Лимбо (Limbo, 2016)
04.04 (вторник), 20.00 ч.
Игран филм, Грција, 29 мин., колор
Режија и сценарио: Константина Коѕамани (Konstantina Kotzamani)
Леопардот ќе легне до козата. Волците ќе живеат со јагнињата. А младото момче ќе ги води. 12+1 дете и труп на кит исфрлени на брегот…