Онлајн концерт: Ема Попивода со Acoustic Electronics

ydk

31/05 НЕДЕЛА 20h00           

[ФФФ ЗАТВОРАЊЕ]

Онлајн концерт во соработка со Град Скопје

 

ЕМА ПОПИВОДА е пијанистка со богата интернационална кариера и амбасадор на македонската култура во светот. За време на своите студии, таа има привилегија да учи со реномирани пијано педагози, меѓу кои: Стела Слејанска, Акилес дел Вињ, Вилијам Хауард, Борис Романов, Арбо Валдма, Рита Кинка.

Концертната кариера на Ема Попивода е богата и разновидна. Нејзиниот репертоар вклучува изведби на дела од класичниот репертоар, но и дела од современи автори, македонски композитори и нови иновативни музички стилови во кои и самата се јавува како креатор и изведувач. Попивода е основач и уметничи селектор на Фестивалот за современа музика Модоарс, во чии рамки настапувале врвни уметници домашната сцена и светот. Исто така, таа е и професор по пијано на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Повеќе за Ема Попивода на: https://emapopivoda.com

ruykfo

……………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..

ACOUSTIC ELECTRONICS е оригинален музички перформанс во кој најпознатите електронски хитови се обработени и се изведуваат на пијано, а во некои верзии и со придружба на контрабас и тапан. На репертоарот се авторски композиции на теми од електронските хитови кои се обработени во „класичен стил“ и се изведуваат на акустични инструменти. Електронските песни од различен временски период се подредени во еден вид историјат на електронската музиказапочнувајќи од Kraftwerk, New Order, Bronski beat, Frankie Knuckles, Orbital, па сé до David Morales, Moby, Future sound of London, DЈ Rolando, Fatima Yamaha…Концертот „Акустик електроникс“ премиерно беше изведен во Скопје, а понатаму со голем успех доживеа промоција во Австрија, САД, Хрватска и Црна Гора.

fgkjdtk

……………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..