* ДНЕВНА ПРОГРАМА *

11. Филозофски филмски фестивал

©Börres Weiffenbach_INDI FILM

18 мај (вторник), 20h00

Музеј на современата уметност Скопје (open-air)
ФФФ doc.: ТЕЛО НА ВИСТИНАТА (Body of Truth, 2019)
реж. Евелин Шелс/ Evelyn Schels (DE/CH), 95’
вовед со вонр. проф. д-р Вангел Ноневски

бесплаттна проекција, ограничен капацитет

                                                                                                                                   Соработка со  

Во свет кој се карактеризира со длабока несигурност и чувство на криза, четири уметници ги редефенираат границите на современата уметност користејќи ги своите тела како главен мeдиум за нивните уметнички дела. Легендарните Марина Абрамовиќ (Marina Abramović), Сигалит Ландау (Sigalit Landau), Катерина Зивердинг (Katharina Sieverding) и Ширин Нешат (Shirin Neshat) трансформирајќи ги во уметност личните животни искуства на војни, насилство и опресија во земјите од коишто доаѓаат, создаваат провокативни и радикални дела коишто покренуваат низа прашања од политичко и општествено значење. Во нивната уметност, главен и најинтимен медиум со којшто се изразуваат се нивните тела.

Тие заедно ги претставуваат најголемите конфликти на нашето време: Ширин Нешат од Иран, во егзил, ги истражува разликите во рамките на исламското општество; Марина Абрамовиќ, ќерка на партизани од Црна Гора, повторно ги поставува прашањата за насилството, болката и тагата, како што ги искусува индиректно преку југословенските војни; германката Катарина Зивердинг го испитува проблемот со фашистичките структури, од ерата на Нацизмот па сѐ до Пегида, а израелската уметница Сигалит Ландау создава мотивирана од секојдневниот страв од терор во нејзината непосредна животна околина.

ТЕЛО НА ВИСТИНАТА е документарен филм којшто, преку уметноста на овие четири исклучителни жени уметници, нè предизвикува да развиеме нови перспективи и свесност, продлабочувајќи го нашето разбирање за проблемите на времето во коешто живееме. Дали историјата се повторува? Дали насилството и алчноста за моќ се во основата на човечката природа? Дали можеме подобро да го разбереме нашиот комплексен свет токму преку уметноста?

22 – 29 мај: Oнлајн проекција за деца и родители*  (8+)
македонска премиера
ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ (Le voyage du prince / The Prince’s Voyage, 2019)
режија: Жан-Франсоа Лагиони и Ксавиер Пикар / Jean-François Laguionie & Xavier Picard
анимиран филм за деца (FR/LU), 77′, колор

Линк за филмот: https://cinesquare.net/#/movie/2639/_the_princes_voyage_R2G 

Лорен, стариот принц на мајмуните, се буди на непознат брег на земјата Никус, на кој се насукал по бродска несреќа. Него го пронаоѓа дванаесетгодишниот Том, а неговите родители му обезбедуваат засолниште. Родителите на Том се научници во егзил: биле протерани од нивната поранешна заедница бидејќи верувале дека постојат и други мајмунски цивилизации. Принцот прво ќе биде подложен на научни испитувања, а потоа заедно со Том, ќе шетаат низ главниот град и блиската џунгла, каде што ќе откријат непознат и волшебен свет. Но, принцот ќе ги запознае и ригидните правила кои важат во тој необичен свет за него…

ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ е ново долгометражно остварување на водечките француски аниматори Жан-Франсоа Лагиони и Ксавиер Пикар, кои користат ликови од фантазијата за да раскажат приказна за предизвиците на светот во кој живееме. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ беше конкурент за награда на Европскиот фестивал на фантастичниот филм во Стрaзбур, Франција (Strasbourg European Fantastic Film Festival) и на други фестивали на анимирани филмови и претставува филозофска приказна за целото семејство по која ќе следува Работилницата „фил(м)ософија со деца“ во рамките на едукативната програма на ФФФ.

* филмот ќе биде достапен во текот на сите осум денови на платформата Cinesquare и можете да го погледнете со вашите деца во кое било време од својот дом (линкот наскоро ќе биде споделен, откако ќе го „порачате“ филмот, тој се поместува во вашата кошничка и морате да го изгледате во текот на 72 часа – проекцијата е бесплатна, но капацитетот на онлајн кино салата е ограничен).

   Соработка со     

25 мај (вторник), 09h00 – 18h00
онлајн
Меѓународна конференција „Филозофија и филм“
ко-организирана од Филозофскиот филмски фестивал и Филозофското друштво на Македонија,
Филозофскиот факултет при УКИМ и Факултетот за драмски уметности

Повеќе информации и целосната програма на Конференцијата со апстракти од излагањата ТУКА.

Zoom линк за следење на Конференцијата во живо: https://zoom.us/j/97935375281?pwd=NWlOZWhsdEtwVE1MUjkxQ1QwWHBTZz09
Passcode: pff2021

FIRST SESSION
moderator: Jasna Koteska

09h00
Conference Opening
Ana DISHLIESKA MITOVA (Director of PFF)
Jasmina POPOVSKA (Institute of Philosophy, Faculty of Philosophy – Skopje)
Mimi TANEVSKA SRBINOVSKA (Dean of the Faculty of Dramatic Arts – Skopje)

09:15
Film Philosophy as a Problem
Keynote speaker: Hrvoje TURKOVIĆ (HR)

09:55
The Question of Transcendentalism and Cinema
Darko ŠTRAJN (SI)

10:15
Film as Philosophy and Thought Experiments
Diana NEIVA (PT)

10:35
What Makes a Dream Sequence Philosophically Relevant?
Damir SMILJANIĆ (RS)

10:55
Continuity Errors and the Indivisibility of Change:
On Cinematic Time Travel
John Ó MAOILEARCA (UK)

11:15  DISCUSSION

11:30 Coffee Break

SECOND SESSION
moderator: Vangel Nonevski

11:45
Cinephilosophy: A New Way Of Doing Philosophy
Keynote speaker: Serdar ÖZTÜRK (TR)

12:25
Cinematic Iconography of Movement as a Model for Understanding Ontology
of Graphic Literature and Comic book Art
Boshko KARADZOV (MK)

12:45
The Essayistic as A Method
Stanisław LIGUZIŃSKI (PL/NL)

13:05
Medieval Literary and Visual Themes in European Cinematography:
Modes of Appearance
Slava YANAKIEVA (BG)

13:25
The Sublime, the Terrible and the Ugly: An Exploration of Cosmic Horror
in Film and Literature

Tijana PETKOVSKA (MK)

13:45 DISCUSSION

14:o0 Lunch Break

THIRD SESSION
moderator: Ana Dimishkovska

15:00
The Film is not Round: Milcho Manchevski’s Before the Rain (1994)
Keynote speaker: Dominique CHATEAU (FR)

15:40
Luc Besson’s The Fifth Element and the Notion of Quintessence
Georgios ARABATZIS & Evangelos D. PROTOPAPADAKIS (GR)

16:00
FemFilmosophy and Social Reproduction Theory
In/After the Times of Crisis

Senka ANASTASOVA (MK/US)

16:20
Film Making in the Subjunctive: Fantasy in the Films of Nacer Khemir
Niall KENNEDY (UK/IE)

16:40
The Environmental Ethics of Honeyland
Sasho KOKALANOV (MK)

17:00   GENERAL DISCUSSION

27 мај (четврток)
Свечено oтворање на 11. Филозофски филмски фестивал со музички перформанс

20h00
Летно кино „Мирно лето“  (Кинотека)

Мини-концерт
YORDAN KOSTOV QUINTET
Yordan Kostov Quintet, во кој освен авторот, партиципираат и Андреа Мирческа, Филип Букршлиев, Дамјан Грујо и Драган Теодосиев, е маркантна и сонично флуентна екипа на млади, но беспрекорно талентирани музичари. Нивната соработка е мошне плодна и се протега на неколку изданија и сценски настапи. Нивната музика освојува на прва, понекогаш на втора… постоа следи разоружување, боца Martini Rosso и фабулозен провод. Сјајни ликови и квалитетни музичари, кои благо речено го заслужуваат вашето потполно внимание.

ТОЛПАТА / THE CROWD (1928)
реж. Кинг Видор / King Vidor (US), 98’
онлајн излагање на проф. д-р Доминик Шато, Франција (15’)

 Соработка со 

„Толпата ќе се смее со вас секогаш… но ќе плаче со вас само еден кус ден.“ Ремек делото на Кинг Видор од 1928-та се вбојува меѓу најдобрите филмови од крајот на ерата на немиот филм, но и еден од општествено најрелевантните филмови коишто кога било се направени. Тажната, но полна надеж сага за Џон и Мери Симс ја прикажува суровата борба на еден млад пар од средната класа да успее во модерниот живот на големите градови. Џон Симс е идеалист кој се преселува во големиот град надевајќи се дека ќе си го исполни младешките соништа и ќе оствари нешто вредно, големо и значајно од својот живот. Но, наместо тоа, безличната егзистенција во големата метропола и суровата реалност на секојдневниот живот се закануваат на секој чекор да го проголтаат, да го претворат во само бројка меѓу толпата…

Премиерно прикажан во 1928 година, ТОЛПАТА на Првите доделувања на Американската филмска академија во 1929 год. е номиниран за Оскар за најдобар филм, а Кинг Видор за најдобар режисер, освојувајќи ги толпите со неговата топла и хуманистичка приказна која нуди прецизна слика на суровите, безлични аспекти на урбаната егзистенција. Со извонредната фотогафија на Хенри Шарп (Henry Sharp) и саундтракот на Карл Дејвис (Carl Davis) од реставираната верзија во 1981 година, ТОЛПАТА е неодминлив филмски класик за секој еден од нас.

28 мај (петок)

17h00
Кинотекa
ВДИШИ-ИЗДИШИ / INHALE-EXHALE (2019)
реж. Дито Ѕинѕадзе / Dito Tsintsadze, (GE/RU/SE/EE) 90’

Ирина, 43, се враќа дома од затвор за кривично дело коешто не го сторила. Обединувањето со семејството не е онака како што го замислува. За да започне нов живот и да се врати во општеството, Ирина треба прво да ја поврати довербата на најблиските.

Таа се запишува на курс по јога и преку вежбите вдиши – издиши треба да се пронајде себеси. Сето ова звучи како можност за исполнување на посакувањата и нејзино бавно, но сигурно враќање во кругот на заедницата. Но, кога алиенирана од своето семејство ќе пронајде утеха кај геј синот на една од нејзините пријателки од затворот, се чини дека и во една навидум добронамерна заедница, демнеат тивки опасности и недоразбирања… 

Hollywood Reporter ќе рече: „Не постојат многу филмови кои целосно се нурнуваат во темните длабочини на човечките релации со храброста со која тоа го прави филмот на Дито Цинцадзе“. Со исклучителен сензибилитет и маестрална префинетост грузискиот режисер ни ги опишува убиствените предрасуди на провинцискиот град упатени секому кој отстапува од воспоставените норми. Дали Ирина воопшто сака да се вклопи во една таква заедница?

28 мај (петок)

19h00
Кинотекa
АТЛАНТИДА / ATLANTIS (2019)
реж. Валентин Васјанович/ Valentin Vasyanovych (UA), 108’

Источна Украина, 2025. Пустина несоодветна за животот на човекот. Водата е скапоцено добро кое е носено со камиони. Се гради Ѕид на границата…   

Филмот за кого Variety ќе рече „Уверливо парче на поетски чист филм“, добитник на награди на бројни филмски фестивали меѓу кои и Најдобар филм во програмата „Хоризонти“ на Венецискиот филмски фестивал, е дискретна постапокалиптична приказна која го следи животот на Сергеј, поранешен војник, во една алтернативна историја на Украина кога се завршува една војна. Поствоената состојба во овој случај не носи радост и задоволство, бидејки тоа што е останато е полошо и од самата војна, особено кога е во прашање малиот, обичен човек. Сергеј не успева да се прилагоди на новата стварност, но тој ја среќава Катја на една мисија посветена на ископувањето на воените трупови. Заедно, тие се обидуваат да се вратат во некој вид нормален живот во којшто, исто така, би им било допуштено да љубат.

28 мај (петок)

21h00
Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
ФФФ doc. : КЕИФ / KEIF (2019)
реж. Блаже Дулев (MK), 94’

Излагање Македонска музичка епистема
проф. д-р Ристо Солунчев, (сценарист на документарниот филм „Кеиф“)

Македонската чалгија е вкоренета во музичкиот код на многу генерации. Оваа музика претставува основа и структура за многу современи музички форми и, исто така, претставува карактеристичен феномен што го спојува фолклорот со наследството на музичката традиција на Истанбул, т.е. со византиската црковна музика и со класичната отоманска воеднo, кореспондирајќи со осмогласието и макамскиот систем.

Филмот ги следи историјата и почетоците на чалгијата од Цариград (Истанбул) до Македонија во текот на еден век. Ја следи историјата на старите македонски музички групи (тајфи), но, исто така, и турската класична музика, преку академски професори од Турција. Во филмот се користат стари архивски снимки од изведбите на бардовите на овој вид музика, и се следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и секако, нејзиното појавување во денешниот контекст, преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн.

29 мај (сабота)
19.00
онлајн работилница (возрасна категорија на деца: 10-12)
Работилница фил(м)ософија за деца „ПАТЕШСЕТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“ и практична демонстација за наставници од основното образование, студенти и млади истражувачи
– д-р Мартин Поповски
Zoom платформа, max. 10+10 учесници

времетраење: 45 мин.

18.00
онлајн работилница за деца (возрасна категорија на деца: 10-12)
Работилница фил(м)ософија за деца „ПАТЕШСЕТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“
– д-р Мартин Поповски
Zoom платформа, max. 10 учесници (дополнителна група, доколку се пријават доволен број учесници, max. 10 учесници), времетраење 45 мин.

Соработка со     

Линк за пријавување на вашето дете (учеството во работилницата е бесплатно)https://tinyurl.com/52e6khww

Услов за учество на работилницата е претходно гледање на анимираниот филм „ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“, достапен онлајн од 22-ри до 29-ти мај во рамките на Филозофскиот филмски фестивал (ќе ви биде испратен линк). Работилницата е наменета за деца (возрасна категорија: 10-12 години).

Работилницата има за цел, низ филозофска промисла инспирирана од филмската уметност, да ги негува и развива детската вчудовиденост, љубопитноста, критичкото и творечко мислење и имагинацијата, врз база на принципот „не постои погрешен одговор“, без притоа детето да биде наведувано или да му бидат наметнувани гледишта и ставови кои самото низ својот критички апарат ги нема промислено. Овие цели се на линија со препораките на УНЕСКО која во светски рамки ја промовира филозофијата со деца како основа за интеркултурен дијалог и општествена трансформација.

Работилницата „Фил(м)ософија со деца“ ќе ја раководи д-р Мартин Поповски кој е доктор на науки од областа на филозофијата на науката, магистер од областа на методиката на наставата по филозофија и реализатор на часови по филозофија со деца во „Училница“ (платформа за едукација на деца и млади).

29 мај (сабота)

17h00
Кинотекa
ЅИД / WALL / WYCIECZKA (2019)
реж. Бартош Груџиецки / Bartosz Grudziecki (PL/DE), 106’
онлајн интервју со режисерот

Ана која доаѓа од мирниот живот во едно мало, провинциско гратче, се запознава со Јоана и Анджеј, богата двојка од Варшава и им помага да ги пронајдат урнатините на некоја стара црква по кои тие упорно трагаат. Ана станува нивен водич и постепено се зближува со новите пријатели. Но невиното другарување наскоро се претвора во вознемирувачка игра и сиромашната девојка се покажува дека е „подобра“ Јоана и од самата Јоана, инстинктивно преземајќи ја улогата и станувајќи нејзина егзистенцијална закана.

ЅИД, номиниран за највисоката награда на Софискиот филмски фестивал во 2019 год. е трилер за богатите и сиромашните, како и за самоуништувачката потрага по слободата.

29 мај (сабота)

19h00
Кинотекa
АВИВА / AVIVA (2019)
реж. Боаз Јакин / Boaz Yakin, кореограф: Боби Џин Смит / Bobbi Jene Smith(US/FR), 119’

Најновиот филм на израелско-американскиот режисер Боаз Јакин (Boaz Yakin) ни нуди една возбудлива мешавина на мета-филм, перформанс и драма.

Авива доаѓа од Париз, а Идн е од Њујорк. По долги е-маил преписки, конечно се среќаваат и се заљубуваат. Но животот им е полн борби, бидејќи во младите љубовници постојат завојувани страни на маскулинистичките и феминистички енергии кои се борат за примарност. Преку сексуалноста и танцот се поместуваат родовите граници и се отвора една родова енигма којашто го преобразува односот што го имаме едните кон другите, но и односот кон самите себе (како андрогини суштества). 

Вклучувајќи егзалтирачки танцови сцени и двајца протагонисти играни од четворица различни актери, АВИВА го дофаќа оној незаприлив, немирен и флудиен момент во времето – токму сега – каде машко-женската динамика е демистифицирана и соголена како никогаш досега. За филмот Rollingstone едноставно ќе рече: „Сексуално исцеление, танц по танц.“

29 мај (сабота)

21h00
Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
Ретроспектива Тарковски* (во најава) – Студентски  филмови
онлајн вовед Уметничката филозофија на Андреј Тарковски (Художественная философия Андрея Тарковского)
проф. д-р Игор Евлампиев, Русија

бесплатна проекција

                                                                                                                                                         Соработка со     

УБИЈЦИ / THE KILLERS / УБИЙЦЫ (1956, RU, 19’)

Двајца мажи прават опсада на едeн бар, во потрагата по трет човек кој мора да го убијат. 

Десет години по култниот УБИЈЦИТЕ на Роберт Сиодмак (Robert Siodmak) во 1946, Андреј Тарковски како студент по режија на престижната ВГИК во Москва им предлага на своите соученици Марика Беику (Marika Beiku) и Александар Гордон (Aleksandr Gordon) да направат адаптaција на истоимениот класик на Ернест Хемингвeј од 1927 година. Собраните дела на Хемингвеј за првпат излегуваат во СССР и ВГИК првпат одобрува адаптација на странско дело. Тој и Беику ќе ги режираат првата и третата сцена од филмот, а младиот Тарковски се појавува и во епизодна улога потсвирнувајќи го џез класикот ‘Lullaby of Birdland’.

НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊЕ ДЕНЕС / THERE WILL BE NO LEAVE TODAY / СЕГОДНЯ УВОЛЬНЕНИЯ НЕ БУДЕТ (1959, RU, 47’)

НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊЕ ДЕНЕС е вториот филм на Андреј Тарковски од неговите студентски денови, трилер, повторно корежиран заедно со Александар Гордон, а базиран на вистински поствоен инцидент. Тарковски, како студент, барајќи го својот стил, а под влијание на многу американски и француски трилери, раскажува за група војници кои се обидуваат да пренесат сензитивна пратка со оружје во „експлозивна област“ со мини останати од Втората светска војна. Приказната е сместена во мал советски град од којшто жителите се евакуирани, а војниците влегуваат во опасна мисија да го спасат градот.

ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА / THE STEAMROLLER AND THE VIOLIN / КАТОК И СКРИПКА (1960, RU, 46’)

Седумгодишниот Саша вежба на виолината секој ден за да ги задоволи амбициите на неговата мајка. Веќе повлечен како резултат на дневнaтa рутинa со музиката, нешто за што честопати е потсмеван од другите деца во маалото, Саша брзо ја враќа самодовербата кога случајно ќе се сретне со Сергеј и ќе се спријателат. Сергеј работи на парно тркало во нивниот раскошен московски кварт. Додека Сергеј му раскажува на Саша приказни и случки од војната, Саша му свири на виолина на новиот пријател…

ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА е во сценарио на Андреј Кончаловски и Андреј Тарковски, а директор на фотографија е Вадим Јусов (Vadim Yusov) кој исто така ќе работи со Тарковски на ИВАНОВОТО ДЕТСТВО и АНДРЕЈ РУБЉОВ. Филмот е дипломски филм на Тарковски на ВГИК, снимен во Мосфилм студиото, за којшто Тарковски добива највисока оценка.

30 мај (недела)
17h00

Кинотекa
АВИВА / AVIVA (2019)
реж. Боаз Јакин / Boaz Yakin, кореограф: Боби Џин Смит / Bobbi Jene Smith(US/FR), 119’

Најновиот филм на израелско-американскиот режисер Боаз Јакин (Boaz Yakin) ни нуди една возбудлива мешавина на мета-филм, перформанс и драма.

Авива доаѓа од Париз, а Идн е од Њујорк. По долги е-маил преписки, конечно се среќаваат и се заљубуваат. Но животот им е полн борби, бидејќи во младите љубовници постојат завојувани страни на маскулинистичките и феминистички енергии кои се борат за примарност. Преку сексуалноста и танцот се поместуваат родовите граници и се отвора една родова енигма којашто го преобразува односот што го имаме едните кон другите, но и односот кон самите себе (како андрогини суштества).

Вклучувајќи егзалтирачки танцови сцени и двајца протагонисти играни од четворица различни актери, АВИВА го дофаќа оној незаприлив, немирен и флудиен момент во времето – токму сега – каде машко-женската динамика е демистифицирана и соголена како никогаш досега. За филмот Rollingstone едноставно ќе рече: „Сексуално исцеление, танц по танц.“

30 мај (недела)

19h00
Кинотекa
ПРОБЛЕМОТ СО ПРИРОДАТА / THE TROUBLE WITH NATURE (2020) ОСД
реж. Илум Јакоби / Illum Jacobi, (DK), 94’
онлајн интервју со режисерот

Во 1769 година, во време кога неговата естетичка расправа „Филозофско истражување за потеклото на нашите идеи за возвишеното и убавото“ треба да се реиздаде, Берк ги напушта Лондон, лихварите и средовечната криза и тргнува на патување по француските Алпи за да го „види возвишеното со свои очи“. Тој е решен да го надополни својот естетички светоглед со ново непосредно искуство со што би ги ставил на тест своите тези од естетиката…

„Проблемот со природата“ е филм за амбициите и егото на филозофот кој се наоѓа исправен пред предизвикот поврзан со естетичкиот концепт што тој самиот го создал. Смелиот алпинист специјализиран за арктички експедиции, режисерот Илум Јакоби, ја пренесува својата љубов, почит и посветеност кон природата во неговото извонредно филмско деби „Проблемот со природата“. Овој „роуд“ филм сместен во XVIII век  изобилува со елегантен и сатиричен хумор и импресивни и раскошни пејзажи, директно вперувајќи го нашиот (човечки) поглед кон не-догледот на природата којашто истовремено и застрашува и восхитува.

30 мај (недела)

21h00

Официјална селекција на краткометражни филмовиДен 1** (140’)
Летно кино „Мирно лето“ – бесплатна проекција

Краткометражни филмови  со натпреварувачки карактер од Канада, Киргистан, Мексико, Шведска, Македонија, Данска, Велика Британија и Словенија

1. ТУКА (Tu, 2020)
реж. Сузан Фризен / Suzanne Friesen (CA), 10’, црно-бел, ХД

2. ЛУЛАШКАТА (The Swing / Selkinchek, 2019)
реж. Самара Сагинбаева / Samara Sagynbaeva (KG), 20’, колор, ХД

3. ГРЛОТО НА ЃАВОЛОТ (The Devil’s Throat, 2020)
реж. Габриела Гарсија Ривас / Gabriela García Rivas (MX), 13’, колор, ХД

4. КВЕЧЕРИНА (Nightfall / Retour À La Nuit, 2020)
реж. Анаис Лебер и Филиберт Го / Anaïs Le Berre & Philibert Gau (FR), 13’, колор, ХД

5. САЃИ ВРЗ СНЕГОТ (Thaw, 2020)
реж. Сиге Видмарк / Sigge Widmark (SE), 20’, колор, ХД

6. ПРАШЛИВИ ЦВЕЌИЊА (Dust Flowers, 2021)
реж. Мирослав Илиќ / Miroslav Ilikj (MK), 17’, колор, ХД

7. IN MEDIAS RUSH (2020)
реж. Есбен Персон / Esben Persson (DK), 15’, колор, ХД

8. ТЕЛОТО И ИМЕТО (The Body and The Name, 2020)
реж. Кристина Рулоф / Christina Ruloff (UK), 13’, црно-бел, ХД

9. НЕНАДЕЈНА СВЕТЛИНА (Sudden Light, 2019)
реж. Софи Литман / Sophie Littman ( UK), 15’, колор, ХД

10. БИК (Bik, 2019)
реж. Бојан Лабовиќ / Bojan Labovic (SI), 12’, колор, ХД

31 мај (понеделник)
18h00

Кинотекa, бесплатна проекција
Ретроспектива Тарковски* (во најава) – Студентски филмови
онлајн вовед на проф. д-р Игор Евлампиев, Русија
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                Соработка со     

УБИЈЦИ / THE KILLERS / УБИЙЦЫ (1956, USSR, 19’)

Двајца мажи прават опсада на едeн бар, во потрагата по трет човек кој мора да го убијат.

Десет години по култниот УБИЈЦИТЕ на Роберт Сиодмак (Robert Siodmak) во 1946, Андреј Тарковски како студент по режија на престижната ВГИК во Москва им предлага на своите соученици Марика Беику (Marika Beiku) и Александар Гордон (Aleksandr Gordon) да направат адаптaција на истоимениот класик на Ернест Хемингвeј од 1927 година. Собраните дела на Хемингвеј за првпат излегуваат во СССР и ВГИК првпат одобрува адаптација на странско дело. Тој и Беику ќе ги режираат првата и третата сцена од филмот, а младиот Тарковски се појавува и во епизодна улога потсвирнувајќи го џез класикот ‘Lullaby of Birdland’.

НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊЕ ДЕНЕС / THERE WILL BE NO LEAVE TODAY / СЕГОДНЯ УВОЛЬНЕНИЯ НЕ БУДЕТ (1959, USSR, 47’)

НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊЕ ДЕНЕС е вториот филм на Андреј Тарковски од неговите студентски денови, трилер, повторно корежиран заедно со Александар Гордон, а базиран на вистински поствоен инцидент. Тарковски, како студент, барајќи го својот стил, а под влијание на многу американски и француски трилери, раскажува за група војници кои се обидуваат да пренесат сензитивна пратка со оружје во „експлозивна област“ со мини останати од Втората светска војна. Приказната е сместена во мал советски град од којшто жителите се евакуирани, а војниците влегуваат во опасна мисија да го спасат градот.

ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА / THE STEAMROLLER AND THE VIOLIN / КАТОК И СКРИПКА (1960, USSR, 46’)

Седумгодишниот Саша вежба на виолината секој ден за да ги задоволи амбициите на неговата мајка. Веќе повлечен како резултат на дневнaтa рутинa со музиката, нешто за што честопати е потсмеван од другите деца во маалото, Саша брзо ја враќа самодовербата кога случајно ќе се сретне со Сергеј и ќе се спријателат. Сергеј работи на парно тркало во нивниот раскошен московски кварт. Додека Сергеј му раскажува на Саша приказни и случки од војната, Саша му свири на виолина на новиот пријател…

ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА е во сценарио на Андреј Кончаловски и Андреј Тарковски, а директор на фотографија е Вадим Јусов (Vadim Yusov) кој исто така ќе работи со Тарковски на ИВАНОВОТО ДЕТСТВО и АНДРЕЈ РУБЉОВ. Филмот е дипломски филм на Тарковски на ВГИК, снимен во Мосфилм студиото, за којшто Тарковски добива највисока оценка.

31 мај (понеделник)
21h00

Официјална селекција на краткометражни филмовиДен 2** (140’)

Летно кино „Мирно лето“ – бесплатна проекција

Краткометражни филмови со натпреварувачки карактер од
Перу, Грција, Португалија, Норвешка, Франција, Египет, Германија, Македонија, Израел, Иран

1. ТИШИНАТА НА РЕКАТА (The Silence of the River, 2020)
реж. Франческа Канепа / Francesca Canepa (PE), 14’, колор, ХД

2. ПОЛА (Pola, 2020)
реж. Наталија Лампропулу / Natalia Lampropoulou (GR), 10’, колор, ХД

3. УРСУЛА (Usula, 2020)
реж. Едуардо Брито / Eduardo Brito (PT), 6’, колор, ХД

4. РИБА (Fish / Fisk, 2020)
реж. Ингрид Лиаваг / Ingrid Liavaag (NO), 14’, колор, ХД

5. ПИПО И СЛЕПАТА ЉУБОВ (Pipo and Blind Love, 2020)
реж. Иго Легуриерек / Hugo Le Gourrierec (FR), 12’, колор, ХД

6. СТАПИЦАТА (The Trap / Fakh, 2019)
реж. Нада Ријад / Nada Riyadh (EG/DE), 20’, колор, ХД

7. ПЕТ-СЕДУМ-ПЕТ (Five-Seven-Five, 2020)
реж. Амитај Хајун / Amitai Hayun (IL), 14′, колор, ХД

8. ПОСЛЕДНАTA СВЕТЛИНА (Last Light, 2021)
реж. Јован Саркањац / Jovan Sarkanjac (MK), 5’, колор, ХД

9. СОНА (Sona, 2020)
реж. Маријам Махдие / Maryam Mahdiyeh (IR), 15′, колор, ХД

10. ЗАСЕГНАТИТЕ (The Affected, 2020)
реж. Рике Грегерсен (NO), 13′, колор, ХД

11. КАВАЛ (Kaval, 2020)
реж. Саша Станишиќ / Sasha Stanishik (MK), 10’, колор, ХД

1 јуни (вторник)
17.00

Кинотекa
ПРОБЛЕМОТ СО ПРИРОДАТА / THE TROUBLE WITH NATURE (2020)
реж. Илум Јакоби / Illum Jacobi, (DK), 94’

онлајн Интервју со режисерот

Во 1769 година, во време кога неговата естетичка расправа „Филозофско истражување за потеклото на нашите идеи за возвишеното и убавото“ треба да се реиздаде, Берк ги напушта Лондон, лихварите и средовечната криза и тргнува на патување по француските Алпи за да го „види возвишеното со свои очи“. Тој е решен да го надополни својот естетички светоглед со ново непосредно искуство со што би ги ставил на тест своите тези од естетиката…

„Проблемот со природата“ е филм за амбициите и егото на филозофот кој се наоѓа исправен пред предизвикот поврзан со естетичкиот концепт што тој самиот го создал. Смелиот алпинист специјализиран за арктички експедиции, режисерот Илум Јакоби, ја пренесува својата љубов, почит и посветеност кон природата во неговото извонредно филмско деби „Проблемот со природата“. Овој „роуд“ филм сместен во XVIII век  изобилува со елегантен и сатиричен хумор и импресивни и раскошни пејзажи, директно вперувајќи го нашиот (човечки) поглед кон не-догледот на природата којашто истовремено и застрашува и восхитува.

1 јуни (вторник)
19.00

Кинотекa
ЅИД / WALL (2019)
реж. Бартош Груџиецки / Bartosz Grudziecki (PL/DE), 106’
онлајн интервју со режисерот

Ана која доаѓа од мирниот живот во едно мало, провинциско гратче, се запознава со Јоана и Анджеј, богата двојка од Варшава и им помага да ги пронајдат урнатините на некоја стара црква по кои тие упорно трагаат. Ана станува нивен водич и постепено се зближува со новите пријатели. Но невиното другарување наскоро се претвора во вознемирувачка игра и сиромашната девојка се покажува дека е „подобра“ Јоана и од самата Јоана, инстинктивно преземајќи ја улогата и станувајќи нејзина егзистенцијална закана.

ЅИД, номиниран за највисоката награда на Софискиот филмски фестивал во 2019 год. е трилер за богатите и сиромашните, како и за самоуништувачката потрага по слободата.

1 јуни (вторник)
21h00

Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
ЕВА / EVЕ (2011)
реж. Кике Маило / Kike Maíllo (ЕS), 94’
Излагање Ева или што „гледаат“ роботите кога ќе ги затворат очите
проф. д-р Владимир Давчев, Македонија

Алекс Гарел, познат инженер кибернетичар, започнува значајна мисија на Факултетот за роботика во Санта Ирена – креирање на дете-робот. По цели 10 години тој се враќа во неговото родно место и се запознава со Ева – посебно и шармантно мало девојче кое пополека станува дел од животот на Алекс. Тој и Ева ќе започнат неверојатно патување…  

ЕВА е дебитантско филмско остварување на шпанскиот режисер Кике Маило коешто премиерно беше прикажано на Венецискиот филмски фестивал, го отвори легендарниот Сиџес во 2011 год., се закити со Гоја за Најдобар нов режисер (2012) и ја доби Наградата од публиката на Фестивалот на фантастичниот филм во Жерардмер (2012). Во екофутуристичен универзум населен од луѓе, функционални роботи и андроиди, тој комбинира ретро естетика и елегантни визуелни ефекти за на уникатен начин да ги постави прашањата за врската помеѓу човекот и технологијата. Алекс (Даниел Брул, Збогум, Ленин!) сака да создаде робот, толку софистициран, што ќе биде способен „да украде“ нечие срце. Дали ние, луѓето, би можеле да воспоставиме силни емоционални врски со машините – толку совршени и слични на нас – какви што имаме со другите лиѓе? И конечно ЕВА, ни го поставува прашањето: Дали можeме да го програмираме она што го чувствуваме?

2 јуни (среда)
17h00

Кинотекa
АТЛАНТИДА / ATLANTIS (2019) ОСД
реж. Валентин Васјанович/ Valentin Vasyanovych (UA), 108’

Источна Украина, 2025. Пустина несоодветна за животот на човекот. Водата е скапоцено добро кое е носено со камиони. Се гради Ѕид на границата…   

Филмот за кого Variety ќе рече „Уверливо парче на поетски чист филм“, добитник на награди на бројни филмски фестивали меѓу кои и Најдобар филм во програмата „Хоризонти“ на Венецискиот филмски фестивал, е дискретна постапокалиптична приказна која го следи животот на Сергеј, поранешен војник, во една алтернативна историја на Украина кога се завршува една војна. Поствоената состојба во овој случај не носи радост и задоволство, бидејки тоа што е останато е полошо и од самата војна, особено кога е во прашање малиот, обичен човек. Сергеј не успева да се прилагоди на новата стварност, но тој ја среќава Катја на една мисија посветена на ископувањето на воените трупови. Заедно, тие се обидуваат да се вратат во некој вид нормален живот во којшто, исто така, би им било допуштено да љубат.

2 јуни (среда)
19h00

Кинотекa
ВДИШИ – ИЗДИШИ / INHALE-EXHALE (2019)
реж. Дито Ѕинѕадзе / Dito Tsintsadze, (GE/RU/SE/EE) 90’

Ирина, 43, се враќа дома од затвор за кривично дело коешто не го сторила. Обединувањето со семејството не е онака како што го замислува. За да започне нов живот и да се врати во општеството, Ирина треба прво да ја поврати довербата на најблиските.

Таа се запишува на курс по јога и преку вежбите вдиши – издиши треба да се пронајде себеси. Сето ова звучи како можност за исполнување на посакувањата и нејзино бавно, но сигурно враќање во кругот на заедницата. Но, кога алиенирана од своето семејство ќе пронајде утеха кај геј синот на една од нејзините пријателки од затворот, се чини дека и во една навидум добронамерна заедница, демнеат тивки опасности и недоразбирања… 

Hollywood Reporter ќе рече: „Не постојат многу филмови кои целосно се нурнуваат во темните длабочини на човечките релации со храброста со која тоа го прави филмот на Дито Цинцадзе“. Со исклучителен сензибилитет и маестрална префинетост грузискиот режисер ни ги опишува убиствените предрасуди на провинцискиот град упатени секому кој отстапува од воспоставените норми. Дали Ирина воопшто сака да се вклопи во една таква заедница?

2 јуни (среда)
21h00

Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
БЕТИ БЛУ / BETTY BLUE (37° 2 le matin, 1986)
реж. Жан-Жак Бене / Jean-Jacques Beineix (FR), 115’
Онлајн воведно излагање BETTY BLUE/37° 2 le matin – The Reality of the Superficial 
проф. д-р Џон О’Меларка, Велика Британија

                                                                                                                 Соработка со 

Зорг одржува неколку бунгалови на една од плажите на францускиот медитеран и започнува страсна љубовна врска со убавата и дива 19-годишна Бети (волшебната Беатрис Дал). По една страсна кавга, Бети го открива неговиот прв, сè уште необјавен роман, и очајно бара начин да го издаде. Тие заминуваат да живеат на периферијата на Париз каде што таа, убедена во генијалноста на Зорг, деноноќно се обидува да најде издавач, но од сите бидува одбиена. Добрите намери на Бети стануваат сè полуди и не е сигуно дали љубовта на Зорг ќе преовладее гледајќи ја својата љубена како излудува…

Филмот базиран на хит новелата 37°2 изутрина на Филип Џиан (Philippe Djian), номиниран за БАФТА и Оскар за Најдобар филм од странско говорно подрачјe во 1987-та година, претставува летна и топла, еротска драма со медитерантски вибрации, но и епска приказна за љубовната излуденост („l’amour fou”) во која лебди прашањето што сè се прави во името на страста и љубовта.

3 јуни (четврток)
20.30
Доделување на награди и затворање на Фестивалот
Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
ХАОТИЧНАТА АНА / CAÓTICA ANA (2007) РП
реж. Хулио Медем / Julio Medem (ЕS), 118’
Излагање За Ана и мистиката на жената низ визуелната реторика на Хулио Медеm
проф. д-р Маја Мухиќ, Македонија

Ана (Manuela Vellés) е млада и убава 18-годишна девојка којашто живее на Ибица. Со својот слободен дух таа ја преточува страста за животот во уметнички дела. Еден ден, Хустин (Charlotte Rampling) ја поканува Ана да се придружи на комуна од млади уметници во Мадрид, нејзини штитеници. Ова е само почетокот на патувањето, не само физичко, коешто ќе ја понесе Ана да открие континенти, минати животи и далечни митови…
По успешните Љубовниците од Арктичкиот круг (Lovers of the Arctic Circle, 1998) и Секс и Луција (Sex and Lucia, 2001), Хаотичната Ана на шпанскиот режисер Хулио Медем којшто беше за првпат прикажан на Филмскиот фестивал во Торонто е приказна-патување за време на четири години од животот на Ана, од 18 до 22 години. Одбројување, 10, 9, 8, 7… до 0, како во хипноза, преку коешто Ана докажува дека не живее сама и дека нејзиното постоење е продолжение на други животи на млади жени коишто живеат во длабочините на нејзиното несвесно. На позадината од извонредниот, „ворлд мјузик“ инспириран саундтрак на Џоселин Пук (Jocelyn Pook), ова е хаосот на Ана, а Ана е и принцезата и монструмот на оваа феминистичка приказна која се бори против патријахалната тиранија.

——————————————–

10 – 20 јуни
РЕТРОСПЕКТИВА ТАРКОВСКИ

Отворање – 29 мај (со студентските филмови на Тарковски во рамките на Главната програма) и 10-20 јуни во Кинотеката (Скопје) и МСУ Державин (Свети Николе).
Програма организирана во соработка со Амбасадата на Руска федерација во Скопје, Кинотеката на С. Македонија, МСУ Державин, Амбасадата на Шведска и Италијанската амбасада во Скопје.

   Соработка со     

10 јуни (четврток)
20.00

Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
онлајн воведно излагање на проф. д-р Игор Евлампиев (Русија)
ИВАНОВОТО ДЕТСТВО (Ivan’s Childhood /Ива́ново де́тство, 1962)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 95’

ИВАНОВОТО ДЕТСТВО е трагична приказна за изгубеното детство на дванаесетгодишниот сирак Иван, кој ќе се најде на источниот советски фронт за време на Втората светска војна. Иван шпионира и собира информации во корист на Советската армија. Навлегува длабоко во позадината на германските редови, го ризикува сопствениот живот, иако причината за тоа на возрасните и искусни војници не им е секогаш јасна. Се обидуваат да го сместат во интернат, подоцна и во воена школа, но малиот сирак инсистира да остане на фронтот и да се одмазди за смртта на своето семејство.

Иван е мал херој кој чекори со сигурност до своите цели, невидлив за никого, но присутен во мислите на своите повозрасни пријатели, тројцата офицери на Советската армија. Филмот е прв долгометражен филм на А. Тарковски и во 1962 година е добитник на наградата „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.

11 јуни (петок)
16.30

„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
Ретроспектива ТарковскиСтудентски филмови
онлајн воведно излагање на проф. д-р Игор Евлампиев (Русија)
наслов: Уметничната философија на Тарковски (Художественная философия Андрея Тарковского)

УБИЈЦИ / THE KILLERS / УБИЙЦЫ (1956, USSR, 19’)

Двајца мажи прават опсада на едeн бар, во потрагата по трет човек кој мора да го убијат.

Десет години по култниот УБИЈЦИТЕ на Роберт Сиодмак (Robert Siodmak) во 1946, Андреј Тарковски како студент по режија на престижната ВГИК во Москва им предлага на своите соученици Марика Беику (Marika Beiku) и Александар Гордон (Aleksandr Gordon) да направат адаптaција на истоимениот класик на Ернест Хемингвeј од 1927 година. Собраните дела на Хемингвеј за првпат излегуваат во СССР и ВГИК првпат одобрува адаптација на странско дело. Тој и Беику ќе ги режираат првата и третата сцена од филмот, а младиот Тарковски се појавува и во епизодна улога потсвирнувајќи го џез класикот ‘Lullaby of Birdland’.

НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊЕ ДЕНЕС / THERE WILL BE NO LEAVE TODAY / СЕГОДНЯ УВОЛЬНЕНИЯ НЕ БУДЕТ (1959, USSR, 47’)

НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊЕ ДЕНЕС е вториот филм на Андреј Тарковски од неговите студентски денови, трилер, повторно корежиран заедно со Александар Гордон, а базиран на вистински поствоен инцидент. Тарковски, како студент, барајќи го својот стил, а под влијание на многу американски и француски трилери, раскажува за група војници кои се обидуваат да пренесат сензитивна пратка со оружје во „експлозивна област“ со мини останати од Втората светска војна. Приказната е сместена во мал советски град од којшто жителите се евакуирани, а војниците влегуваат во опасна мисија да го спасат градот.

ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА / THE STEAMROLLER AND THE VIOLIN / КАТОК И СКРИПКА (1960, USSR, 46’)

Седумгодишниот Саша вежба на виолината секој ден за да ги задоволи амбициите на неговата мајка. Веќе повлечен како резултат на дневнaтa рутинa со музиката, нешто за што честопати е потсмеван од другите деца во маалото, Саша брзо ја враќа самодовербата кога случајно ќе се сретне со Сергеј и ќе се спријателат. Сергеј работи на парно тркало во нивниот раскошен московски кварт. Додека Сергеј му раскажува на Саша приказни и случки од војната, Саша му свири на виолина на новиот пријател…

ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА е во сценарио на Андреј Кончаловски и Андреј Тарковски, а директор на фотографија е Вадим Јусов (Vadim Yusov) кој исто така ќе работи со Тарковски на ИВАНОВОТО ДЕТСТВО и АНДРЕЈ РУБЉОВ. Филмот е дипломски филм на Тарковски на ВГИК, снимен во Мосфилм студиото, за којшто Тарковски добива највисока оценка.

12 јуни (сабота)
20.00

Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
АНДРЕЈ РУБЉОВ (Andrei Rublev /Андрей Рублёв, 1966)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 183’
излагање на д-р Атанас Чупоски

AНДРЕЈ РУБЉОВ е биографско-историска драма заснована на животот на познатиот руски иконописец од 15 век. Во 15 век руските земји минуваат низ турбулентни времиња, растргнати од татарската инвазија и борбата за превласт помеѓу руските принцови (болјари). Во такво опкружување, Андреј Рубљов, монах и иконописец, се обидува да проникне во суштината на уметноста и на верата, ги разгледува можноста и потребата да твори во услови на репресија и неправда, размислува за улогата на индивидуалецот, заедницата и власта во создавањето на духовна и епска уметност…

Рубљов ја доживува несреќата да биде сведок на еден масакр од страна на Татарите врз недолжното население и врз свештенството, во крајна нужда е приморан и да убие, и тој пораз на човечкиот ум и дух ќе го доживее и како свој пораз. Ри решава да се самоосуди на молк и да престане да комуницира со луѓето. По долга изолација се враќа меѓу луѓето и ќе биде изненаден од талентот на младиот конструктор на џиновската камбана. Во тој период ја насликал својата позната икона „Света Троица”. AНДРЕЈ РУБЉОВ бил долго време забранет од советските власти кои жестоко го обвинувале Тарковски за идеолошка и естетичка субверзивност. Во 1969 г. ја освојува наградата FIPRESCI на филмскиот фестивал во Кан.

12 јуни (сабота)
17.30

„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
онлајн воведно излагање на проф. д-р Игор Евлампиев (Русија)
ИВАНОВОТО ДЕТСТВО (Ivan’s Childhood /Ива́ново де́тство, 1962)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 95’

ИВАНОВОТО ДЕТСТВО е трагична приказна за изгубеното детство на дванаесетгодишниот сирак Иван, кој ќе се најде на источниот советски фронт за време на Втората светска војна. Иван шпионира и собира информации во корист на Советската армија. Навлегува длабоко во позадината на германските редови, го ризикува сопствениот живот, иако причината за тоа на возрасните и искусни војници не им е секогаш јасна. Се обидуваат да го сместат во интернат, подоцна и во воена школа, но малиот сирак инсистира да остане на фронтот и да се одмазди за смртта на своето семејство.

Иван е мал херој кој чекори со сигурност до своите цели, невидлив за никого, но присутен во мислите на своите повозрасни пријатели, тројцата офицери на Советската армија. Филмот е прв долгометражен филм на А. Тарковски и во 1962 година е добитник на наградата „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.

13 јуни (недела)
20.00

Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
онлајн воведно излагање на проф. Кирил Трајчев
СОЛАРИС (Solaris /Солярис, 1972)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 166’

Мисијата Соларис е утврдена база на планетата која пречекува еден вид агенти, но деталите се многу мистични. Научниците се обидуваат да ја разберат тајната на загадочната планета  Соларис, но набргу стануваат жртви на своите имагинации и скриени желби.

Психологот  Крис Келвин (Донатас Банионис) е испратен во вселенската станица по мистериозното исчезнување на еден од трите научници во базата. Келвин има задача да ја испита загадочната смрт на докторот, како и проблемите што ги мачат космонаутите во станицата. Тој го пронаоѓа и останатиот дел од екипата, кои се однесуваат чудно, а останува вчудоневиден кога во станицата ја сретнува и својата сопруга Кари, која е почината пред седум години. Веднаш станува видливо дека Соларис поседува нешто што ги носи потиснатите сеќавања и опсесии на космонаутите од вселенската станица. Келвин се прашува за неговата перцепција на релативноста.

СОЛАРИС е победник на филмскиот фестивал  во Кан од 1972 година, а филмот имаше римејк во режија на Стивен Содерберг во 2002 година.

13 јуни (недела)
15.00

„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
АНДРЕЈ РУБЉОВ (Andrei Rublev /Андрей Рублёв, 1966)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 183’

AНДРЕЈ РУБЉОВ е биографско-историска драма заснована на животот на познатиот руски иконописец од 15 век. Во 15 век руските земји минуваат низ турбулентни времиња, растргнати од татарската инвазија и борбата за превласт помеѓу руските принцови (болјари). Во такво опкружување, Андреј Рубљов, монах и иконописец, се обидува да проникне во суштината на уметноста и на верата, ги разгледува можноста и потребата да твори во услови на репресија и неправда, размислува за улогата на индивидуалецот, заедницата и власта во создавањето на духовна и епска уметност…

Рубљов ја доживува несреќата да биде сведок на еден масакр од страна на Татарите врз недолжното население и врз свештенството, во крајна нужда е приморан и да убие, и тој пораз на човечкиот ум и дух ќе го доживее и како свој пораз. Ри решава да се самоосуди на молк и да престане да комуницира со луѓето. По долга изолација се враќа меѓу луѓето и ќе биде изненаден од талентот на младиот конструктор на џиновската камбана. Во тој период ја насликал својата позната икона „Света Троица”. AНДРЕЈ РУБЉОВ бил долго време забранет од советските власти кои жестоко го обвинувале Тарковски за идеолошка и естетичка субверзивност. Во 1969 г. ја освојува наградата FIPRESCI на филмскиот фестивал во Кан.

14 јуни (понеделник)
20.00

Летно кино „Мирно лето“  (Кинотека)
ОГЛЕДАЛО (Miror / Зеркало, 1975)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 106’

излагање на проф. д-р Славица Србиновска

На прашањето „Реализам на сонот, исто како во Огледало?“, од интервју во 1980-тата година за Носталгија кој во тоа време е во подготовка, Тарковски на новинарот ќе му одговори: Не постои „реализам“ од едната страна, а од другата (во контраст, контрадикција) „сонот“. Ние поминуваме третина од нашите животи спиејќи (што значи, сонувајќи): постои ли таму некаде нешто кое е пореално од сонотт?

Човек на умирање во неговите четириесетти години, се сеќава на минатото. Неговото детство, неговата мајка, војната, личните доживувања и спомени. Полуавтобиографско дело, кое нè води низ соништата и коридорите на сеќавањата и времето на мистериозен и хипонитички начин, ОГЛЕДАЛО на Тарковски е филмска поема за амалгамот од соништа и сеќавања од којшто сме сочинети ние, луѓето, и за нашата човечка состојба, вкотвена во флуидната субјективност на времето. Со неконвенционална структура и нелинеарен наратив, кинематографија која неосетно преминува од боја, во црно-бело и сепија, поезијата на таткото на режисерот – Арсениј Тарковски, како и инцидентната музика и звучни ефекти на Едуард Артемиев во филмот, Тарковски прави мистична синестезија на „текот на свеста“, опиплива како никогаш порано на големиот екран.

ОГЛЕДАЛО чијашто магија, барем еднаш во животот, мора да се искуси на големото платно, се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња.

15 јуни (вторник)
20.00

Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
СТАЛКЕР (Stalker / Сталкер, 1979)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 161’

излагање на м-р Стефан Палитов 

Научнофантастичниот филм СТАЛКЕР е снимен според новелата „Пикник покрај патот“ на браќата Борис и Аркадиј Стругацки. Филмот ги следи тројцата мажи, Научникот (Николај Гринко), Писателот ( Анатолиј Солоницин) и Сталкер (Александар Кајдановски) и нивното патување низ мистериозната и заборавената територија во руската пустина наречена Зона. Во Зоната ништо не е така како што изгледа: таа е налик на вонземско место опкружено со војници и бодликава жица. И покрај убедувањата од жена му да не оди, Сталкер ги води луѓето во Зоната каде што тајните желби стануваат реалност, и покрај тоа што што ризикува казна затвор. Таа ноќ тој носи двајца во Зоната: популарниот писател, кој е циничен, но и се прашува за својата генијалност; и тивкиот научник, кој е позагрижен за својот ранец отколку за патувањето. Пристапот во Зоната мора да биде индиректен. Како се наближуваат поблиску до целта, правилата се чини дека се променети, а Сталкер се соочува со криза.

15 јуни (вторник)
16.00

„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
СОЛАРИС (Solaris /Солярис, 1972)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 166’

излагање на проф. Кирил Трајчев

Мисијата Соларис е утврдена база на планетата која пречекува еден вид агенти, но деталите се многу мистични. Научниците се обидуваат да ја разберат тајната на загадочната планета  Соларис, но набргу стануваат жртви на своите имагинации и скриени желби.

Психологот  Крис Келвин (Донатас Банионис) е испратен во вселенската станица по мистериозното исчезнување на еден од трите научници во базата. Келвин има задача да ја испита загадочната смрт на докторот, како и проблемите што ги мачат космонаутите во станицата. Тој го пронаоѓа и останатиот дел од екипата, кои се однесуваат чудно, а останува вчудоневиден кога во станицата ја сретнува и својата сопруга Кари, која е почината пред седум години. Веднаш станува видливо дека Соларис поседува нешто што ги носи потиснатите сеќавања и опсесии на космонаутите од вселенската станица. Келвин се прашува за неговата перцепција на релативноста.

СОЛАРИС е победник на филмскиот фестивал  во Кан од 1972 година, а филмот имаше римејк во режија на Стивен Содерберг во 2002 година.

16 јуни (среда)
18.00

„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
ОГЛЕДАЛО (Miror / Зеркало, 1975)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 106’

На прашањето „Реализам на сонот, исто како во Огледало?“, од интервју во 1980-тата година за Носталгија кој во тоа време е во подготовка, Тарковски на новинарот ќе му одговори: Не постои „реализам“ од едната страна, а од другата (во контраст, контрадикција) „сонот“. Ние поминуваме третина од нашите животи спиејќи (што значи, сонувајќи): постои ли таму некаде нешто кое е пореално од сонотт?

Човек на умирање во неговите четириесетти години, се сеќава на минатото. Неговото детство, неговата мајка, војната, личните доживувања и спомени. Полуавтобиографско дело, кое нè води низ соништата и коридорите на сеќавањата и времето на мистериозен и хипонитички начин, ОГЛЕДАЛО на Тарковски е филмска поема за амалгамот од соништа и сеќавања од којшто сме сочинети ние, луѓето, и за нашата човечка состојба, вкотвена во флуидната субјективност на времето. Со неконвенционална структура и нелинеарен наратив, кинематографија која неосетно преминува од боја, во црно-бело и сепија, поезијата на таткото на режисерот – Арсениј Тарковски, како и инцидентната музика и звучни ефекти на Едуард Артемиев во филмот, Тарковски прави мистична синестезија на „текот на свеста“, опиплива како никогаш порано на големиот екран.

ОГЛЕДАЛО чијашто магија, барем еднаш во животот, мора да се искуси на големото платно, се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња.

17 јуни (четврток)
20.00

Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
НОСТАЛГИЈА (Nostalghia, 1983)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU/IT), 125’

излагање на Владимир Љ. Ангелов 

                                                                                                                                           Соработка со  

Андреј Горкачов, руски поет, патува во Тоскана, Италија, за да го истражи животот на еден руски композитор од 18-тиот век, Павел Сосновски. Но, уште на почетокот од ова патешествие, Андреј брзо чувствува немир и посакува да се врати во Русија.  

Тарковски вели дека на руски зборот „носталгија“ значи „љубов кон татковината и меланхолија да се биде далеку од дома“. Овој копнеж по домот од каде што се доаѓа е отелотворен токму во Андреј (Олег Јанковски, ОГЛЕДАЛО). 

НОСТАЛГИЈА, поетска визија за егзилот, е првиот од филмовите на Тарковски коишто ги има снимено надвор од Русија, земјата во којашто никогаш повеќе нема да се врати.  Во филмот тој користи долги, соновидни секвенци и минимална приказна, а за филмот напишан во соработка со Тонино Гуера (еден од честите соработници на Антониони), Хоберман ќе рече „НОСТАЛГИЈА не е толку филм, колку што е место во коешто може да се населите за два часа“. 

За филмот Тарковски ја добива наградата Најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал во 1983 година, којашто ја дели заедно со Робер Бресон.

18 јуни (петок)
17.00

„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
СТАЛКЕР (Stalker / Сталкер, 1979)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU), 161’

Научнофантастичниот филм СТАЛКЕР е снимен според новелата „Пикник покрај патот“ на браќата Борис и Аркадиј Стругацки. Филмот ги следи тројцата мажи, Научникот (Николај Гринко), Писателот ( Анатолиј Солоницин) и Сталкер (Александар Кајдановски) и нивното патување низ мистериозната и заборавената територија во руската пустина наречена Зона. Во Зоната ништо не е така како што изгледа: таа е налик на вонземско место опкружено со војници и бодликава жица. И покрај убедувањата од жена му да не оди, Сталкер ги води луѓето во Зоната каде што тајните желби стануваат реалност, и покрај тоа што што ризикува казна затвор. Таа ноќ тој носи двајца во Зоната: популарниот писател, кој е циничен, но и се прашува за својата генијалност; и тивкиот научник, кој е позагрижен за својот ранец отколку за патувањето. Пристапот во Зоната мора да биде индиректен. Како се наближуваат поблиску до целта, правилата се чини дека се променети, а Сталкер се соочува со криза. 

19 јуни (сабота)
20.00

c) Svenska Filminstitutet

Летно кино „Мирно лето“ (Кинотека)
ЖРТВОПРИНЕСУВАЊЕ (Sacrifice / Offret, 1986)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (SE/UK/FR), 142’

излагање на доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ

                                                                                                                                                Соработка со     

Aлександар, новинар, естетичар и пензиониран актер му кажува на „Малиот човек“, неговиот нем син, колку е загрижен за недостатокот од духовност кај современиот човек. Истата вечер, кога го слави својот роденден со семејството и пријателите, тие дознаваат дека на светот му се заканува нуклеарен холокауст – вест којашто ќе го претвори празничното расположение во атмосфера на страв и очај. На прагот на Трета светска војна, Александар бара начин да го врати мирот во светот, но открива дека мора и да понуди нешто за возврат…

ЖРТВОПРИНЕСУВАЊЕ e последното филмско остварување на Тарковски коешто го создава во периодот кога боледува од рак пред крајот на својот живот, а за коешто го добива своето второ Гранд При на Канскиот филмски фестивал по СОЛАРИС. Снимен во скандинавската идила (на шведскиот остров Готланд, близу островот на Бергман), тој рефлектира за распадот на цивилизацијата, како и за вечниот јаз помеѓу тоа какви се работите и тоа какви посакуваме да бидат. Маестралната кинематогафија во филмот е на Свен Никвист (Sven Nykvist), долгогодишниот соработник на Ингмар Бергман. За филмот TIME Magazine ќе рече: „[…] криптичниот стил на Тарковски помага да се создаде возвишена кетедрала“. 

19 јуни (сабота)
17.00

„Киноверзум“, МСУ Державин / Свети Николе
НОСТАЛГИЈА (Nostalghia, 1983)
реж. Андреј Тарковски / Andrei Tarkovsky (RU/IT), 125’

                                                                                                                                                                   Соработка со  

Андреј Горкачов, руски поет, патува во Тоскана, Италија, за да го истражи животот на еден руски композитор од 18-тиот век, Павел Сосновски. Но, уште на почетокот од ова патешествие, Андреј брзо чувствува немир и посакува да се врати во Русија.  

Тарковски вели дека на руски зборот „носталгија“ значи „љубов кон татковината и меланхолија да се биде далеку од дома“. Овој копнеж по домот од каде што се доаѓа е отелотворен токму во Андреј (Олег Јанковски, ОГЛЕДАЛО). 

НОСТАЛГИЈА, поетска визија за егзилот, е првиот од филмовите на Тарковски коишто ги има снимено надвор од Русија, земјата во којашто никогаш повеќе нема да се врати.  Во филмот тој користи долги, соновидни секвенци и минимална приказна, а за филмот напишан во соработка со Тонино Гуера (еден од честите соработници на Антониони), Хоберман ќе рече „НОСТАЛГИЈА не е толку филм, колку што е место во коешто може да се населите за два часа“. 

За филмот Тарковски ја добива наградата Најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал во 1983 година, којашто ја дели заедно со Робер Бресон.

20 јуни (недела)