Краткометражна вечер 1 и средба со Милчо Манчевски (22/05)

Краткометражна вечер 1 и средба со Милчо Манчевски (22/05)

22/05 ПЕТОК Краткометражна вечер 1 и средба со Милчо Манчевски (Milcho Manchevski) 19h00, филмови / 21h30, средба со Манчевски www.cinesquare.net/pff Zoom линк: https://zoom.us/j/91678007392 Избор на филмови од Официјалната селекција на краткометражни филмови (селектор: д-р Дејан Здравков) и ревијално прикажување на краткиот експериментален филм „Четврток“ на Милчо Манчевски. По ревијалната проекција на филмот, и првата вечер на краткометражни филмови доколку сакате да ни се придружите #voistovreme (ако не на исто место :)), ќе се сретенеме во…

Read More

ФФФ CROWDFUNDING АКЦИЈА (4-18 мај)

ФФФ CROWDFUNDING АКЦИЈА (4-18 мај)

[🤚🖐 CROWDFUNDING АКЦИЈА ] ➡️ 14 денови да ни помогнеш Зошто онлајн фестивал и зошто #solidarnakulturnaakcija? https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/10181   Голем број на културни манифестации низ целиот свет се адаптираа на кризните околности поткрепувајќи го животот преку културата во домашна изолација и давајќи му една перспектива за светот потоа. Повеќе филмски фестивали, во исклучително краток временски период, успеаја да пронајдат или да креираат алтернативни форми и решенија да ги споделат своите програми во виртуелните кино сали овозможувајќи, и за време…

Read More

ФФФ пролетни онлајн миграции (21-31 мај)

ФФФ пролетни онлајн миграции (21-31 мај)

#ideisvetovi Кој е првиот филм на кој ти текнува сега, а кој буквално ти го променил светот? 🙃 ИДЕИ. СВЕТОВИ, ова е максимата на годинешното 10. и роденденско издание на Филозофскиот Филмски Феситвал и неговата солидарна културна акција ФФФ ПРОЛЕТНИ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ од 21-31 мај. Во еден „храбар нов свет“, потребни се и креативни и алтернативни модели за одвивање на културата. ФФФ ПРОЛЕТНИТЕ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ во соработка со нашите стари пријатели Кинотека на Северна Македонија и нашите нови пријатели Cinesquare,…

Read More

Специјални проекции на победничките филмови

Специјални проекции на победничките филмови

9. Филозофски Филмски Фестивал (ФФФ) трета година по ред традиционално ќе заврши со Специјалните проекции на филмовите добитници на „Златен був“ од жирито и публиката во селекцијата на долгометражни филмови. Настаните ќе се одржат во вечерва и утре (10-11 јуни), во Кинотеката на С. Македонија со почеток во 21 часот. Вечерва (10 јуни, понеделник) ќе биде прикажан добитникот на „Златен був“ од жирито, турскиот филм КРАДЦИ НА ГУЛАБИ. Жирито во состав: Милчо Манчевски (светски признат…

Read More

Ретроспектива Вим Вендерс во продолжение на 9. ФФФ

Ретроспектива Вим Вендерс во продолжение на 9. ФФФ

По завршувањето на Главната програма, 9. Филозофски Филмски Фестивал минатата недела (20-23 мај) по петти пат го реализира ФФФ Караванот, односно пренесе дел од фестивалскиот дух и атмосфера во четири градови низ земјата: Штип, Свети Николе, Прилеп и Битола. Публиката во овие градови имаше можност да погледне два од победничките филмови во компетитивната селекција (Штип), како и дел од Ревијалната програма филм-философија, односно филмови проследени со излагања и отворена дискусија со гостите (Свети Николе, Прилеп,…

Read More

Добитници на „Златен був“: Крадци на гулаби“ и 8’19”

Добитници на „Златен був“: Крадци на гулаби“ и 8’19”

Вчера вечерта, во Кинотеката на С. Македонија на свечен начин со прогласување на добитниците на „Златен був“ заврши 9. Филозофски Филмски Фестивал. Во конкуренција на селекција на долгометражни филмови жирито што го сочинуваа познатиот македонски режисер – Милчо Манчевски, професорот по филмски студии од Универзитетот во Единбург и стручњак во областа на филм-философијата – Дејвид Сорфа и професорот по филозофија и научен истражувач – Бошко Караџов, „Златниот був“ му го додели на КРАДЦИ НА ГУЛАБИ…

Read More

Прогласување на добитниците на „Златен був“ и „Заливот Слек“ за крај на 9. ФФФ

Прогласување на добитниците на „Златен був“ и „Заливот Слек“ за крај на 9. ФФФ

Денес, со прогласувањето на добитниците на наградите „Златен був“ свечено ќе биде спуштена завесата на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Фестивалот доделува „Златен був“ од публиката и стручните жирија во конкуренција на долгометражни и краткометражни филмови. Во селекцијата за долгометражни филмови жирито во состав: Милчо Манчевски, Дејвид Сорфа и Бошко Караџов ќе го прогласи победникот помеѓу грузискиот НАМЕ на Заза Калваши, литванско/латвиско/хрватската копродукција ДИШЕЊЕ ВО МЕРМЕР на Гиедре Беинориуте, австрискиот ГРАДИНА на Питер Шрајнер, бугарскиот омнибус…

Read More

„Деца на човештвото“ и „Стикс“ на седмиот ден на 9. ФФФ

„Деца на човештвото“ и „Стикс“ на седмиот ден на 9. ФФФ

ОСВРТ КОН ШЕСТИОТ И НАЈАВА НА СЕДМИОТ ДЕН НА 9. ФФФ   Вчера вечерта со прикажување на 10 филмови од различни земји од светот заврши компетитивната програма на краткометражните филмови на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Меѓу нив присутната публика можеше да види и два македонски филма – КОГА НÈ НЕМА, на Стефан Палитов и ПОЧЕТОКОТ, на Агим Абдула. Во Официјалната селекција за наградите „Златен був“ од публиката и жирито (д-р Габриела Калчи Новати, м-р Наум…

Read More

„Крадци на гулаби“ и втората вечер краткометражни филмови

„Крадци на гулаби“ и втората вечер краткометражни филмови

ОСВРТ КОН ПЕТТИОТ И НАЈАВА НА ШЕСТИОТ ДЕН НА 9. ФФФ Понеделникот го означи и почетокот на компетитивната селекција на краткометражни филмови на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Во конкуренција за „Златен був“ од публиката и жирито (Наум Трајановски, Габриела Калчи Новати и Иво Бару) се наоѓаат вкупно 19 филмови. Првата вечер беа прикажани девет (9) филмови од осум (8) земји: Непал, Шпанија, Русија, Португалија, Узбекистан, Германија, Јужна Кореја и два филма од Белгија. Вечерта на краткометражни…

Read More
1 2 3 4