Започнува ФФФ Караванот во Штип! / PFF 2017 Winning films in Štip, Macedonia

Како и минатите две години, по завршувањето на Главната програма на Филозофскиот Филмски Фестивал во Скопје, во втората половина од месец април Фестивалот заминува со ФФФ Караванот низ неколку градови на Република Македонија за да донесе дел од атмосефарата на Фестивалот и надвор од главниот град. Во 2017 год. на рутата на ФФФ Караванот ќе се најдат четири градови: Штип (19-20 април), Свети Николе (21 април), Прилеп (25 април) и Битола (26 април).

Првата станица на патувачкото кино на 7. Филозофски Филмски Фестивал е Штип со две филмско-философски вечери во соработка со Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. На 19-ти април (среда) и 20-ти април (четврток) со почеток од 20.00 часот на УГД Штип ќе се одржат проекции на победничките филмови од ФФФ 2017, како и студентскиот филм кој беше изработен во рамките на Работилницата за авторски филм во Едукативната програма на Фестивалот. Деталната програма се наоѓа во прилог.

Влезот за сите проекции е бесплатен, а поканети се сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на проекциите.

 

Related Post