Излезе новиот број на „Филозофска трибина“

Најрадосни, со вас ја споделуваме веста дека на пат е првата публикација од областа на филозофијата и филмот во Македонија – тематот „ФИЛОЗОФИЈА И ФИЛМ“ на списанието Филозофска трибина во издание на Филозофското друштво на Македонија. Особено се радуваме бидејќи конечно пионерските обиди на Филозофскиот Филмски Фестивал си најдоа и пишана форма, и дел од оние убави средби со вас преточени во плодни дискусии на крајот од секоја од проекциите сега можеме да ги најдеме и во пишана форма, заедно со уште неколку истражувања на наши колеги од областа на филозофијата и филмот.

Промоцијата е закажана за 6-ти јули (четврток) со почеток од 20.00 часот во ГЕМ Клубот (над Менада, Стара Чаршија). Промотор ќе биде нашиот ценет проф. д-р Иван Џепароски. Се надеваме дека оваа публикација ќе биде поттик и инспирација за понатамошни истражувања во оваа област и дека и понатаму ќе можеме да приопштуваме на македонски јазик дела од филм-философијата. Тематот е реализиран во соработка со програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка. Се гледаме наредниот четврток на промоцијата! 

 

 

Related Post

Leave a Comment